Откако падна во вода обидот поразот на предвремените парламентарни избори да се толкува како морална победа (што претставува нонсенс), а Бранко Црвенковски, иако јавно вети дека ќе се повлече доколку и овој пат не го победат Груевски (не само од лидерската позиција, туку од политиката воопшто), е во прилично „небрана“ внатрепартиска позиција.

Прочитај ја целата поента

Лично не верувам дека од „откритието“ на „Нетпрес“ ќе се изроди нов „случај Црвенковски“, особено откако е објавен датумот на предвремените избори и со тоа почна или, поточно, продолжи незаконски предвремената предизборна кампања. Едноставно, тоа од СДСМ односно опозицијата и нејзините медиумски мегафони, предводени од А1 ТВ, веќе се „дефинира“ како уште една измислица на власта, а предизвикана од „ноќната мора“ Црвенковски.

А што е „откритието“?   Кабинетот на екс претседателот Црвенковски платил 530.000 евра за дводневен самит во Охрид. Како да не?!

Прочитај ја целата поента

Белким новинарите на А1 ТВ и весниците „на Велија Рамковски“ конечно ќе се сепнат, ќе се пресметаат и ќе ја зашвршат неколкумесечната кловновијада пред Владата на Македонија, а ќе се посветат на борбата за достоинство на новинарската професија, пред се против манипулациите, шпекулациите, вовлекувањето на новинари во криминални дејанија итн., односно против инструментализација од страна на „големите газди“.

Белким конечно сфаќаат дека беа и се (зло)употреувани за лукративни политички цели, а „во името“ на медиумската слобода, независноста на новинарството, демократијата…

Се разбира, едновремено и да се обидат да се извлечат што помалку извалкани од калта во која длабоко зацапале.

Прочитај ја целата поента

Очекувано, без никакво изненадување. Наводната неколкудневна „драма“ на седницата на Советот на Европа се „одвиваше“ само во главите на некои новинарски медиокритети и трабанти кои „независно“ континуирано информираат од Брисел. Се разбира, секогаш „длабоко загрижени“ за Република Македонија денес и нејзината иднина.

Сите дилеми во „апсолутно спокојство“, својствено на политичките итромани и лицемери, се сведуваа на тоа колку повеќе да му се удоволи на „миленичето“ Грција и како да не се избламира Брисел, конечно да не му паднат сите маски. На штета на Република Македонија? Па, таа не постои! Ако се мисли на FYROM (единствен „заштитник“ на СФР Југославија и на совеста на „меѓународниот фактор“ за нејзиното крваво уништување), в ред. Ама таа треба „да си го реши“ проблемот со името и идентитетот на својот народ затоа што е пред се „билатерален“ (без оглед на тоа што нема и не прави такви проблеми со Грција). Прочитај ја целата поента

Се почесто македонската парламентарна и вонпарламентарна опозиција бара да се седне за маса и да се утврди „национална стратегија“ за решавање на проблемот што го има Грција со името на Република Македонија, „каква што има јужниот сосед“. Настрана фактот дека неговата „црвена линија“ не е „консенсуална стратегија“, особено не поставена- формулирана низ „политички дијалог“ ( една од многуте опозиционерски ступидарии, според последиците еднаква на „антиквизацијата“), а имајќи предвид неразбирливи, пред се сомнителни ставови (како што е „договор по секоја цена“, предизборното ветување за решение за 6 месеци), крајно е време таа- македонската опозиција јасно и гласно, се разбира јавно, да се изјасни:

Која е нејзината „црвена линија“ преку која не би минала, макар земјава да добие уште едно вето односно да не добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ?

Изјаснувањето е нужно, меѓу другото, за да не се губи време и залудно да не се троши енергија. Зашто, доколку е иста со онаа на власта ( добро позната- иденттитетот во сета негова комплексност, особено името на народот и неговиот јазик), тогаш чуму „нов договор“?

Меѓутоа, доколку смета дека може да се отстапи и од нив (да не е тоа „по секоја цена“?), тогаш…никакво договарање! Подобро да замолчи, да се „покрие“ за да не биде не само извикана, туку и исплукана.

Прочитај ја целата поента

Без оглед на притисокот на меѓународниот „фактор“, но и на домашната опозиција и нејзините медиумски трабанти, секој што сериозно и внимателно го следи процесот компромис, интензивиран во последниве неколку години, се согласува со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, дека, ако беше едноставно, досега ќе се најдеше компромисно решение. Процесот со посредство на Метју Нимиц не може да се нарече ниту разговори, ниту преговори, a компромисот во својата суштина е тоа и не може да заврши поинаку освен или со компромисно решение или со негов прекин. (Бидејќи се инсистира на „преговори“, значи прекин на преговорите). Тоа пак- решението, како што точно посочи Иванов, може да биде или разумно или неразумно (некои неразумното  го нарекуваат гнило).

Разумното компромисно решение се донесува со максимална меѓусебна почит и разбирање, со силата на аргументот, а неразумното со наметнување на едната страна (супериорност), нејзина нетолерантност, непочитување (туку омаловажување, па и ништожење), неразбирање, со аргументот на силата  (при што отстапките се незначителни, безначајни, формални).

Прочитај ја целата поента

Прошталните средби на Бранко Црвенковски со најзначајните европски соговорници во Брисел се само вообичаена „завршна форма“ на мандат на еден државник во чија ингеренција, меѓу другото, е претставување, застапување на државата на меѓународната сцена и одбрана на нејзините интереси, дигнитет, интегритет и идентитет. На нив не може да се очекуа друго, освен куса заедничка ретроспектива на постигањата и проблемите односно неостварените цели на меѓусебното заедничко дејствување и потврда на основните заложби и конкретни барања што останува да бидат реализирани во наредниот период, а како пораки до „новите власти“.

Следствено, несериозно и инфантилно е пораките на „главните“ европски соговорници да се оценуваат како „ се посилни“ или „силни“ и оти токму поради нив средбите „ќе останат запаметени“. Да, ќе останат забележани на „соодветно место“ ( и во нашиов „Хрономер“), но дека ќе се запаметат…

Прочитај ја целата поента

Ако не се земе предвид „формата“, последната средба со дипломатскиот кор во земјава Бранко Црвенковски ја имаше не како проштална на претседател на Македонија и Врховен командант на нејзините оружени сили односно на АРМ, туку како прва на „старо- новиот“ лидер на СДСМ и, се разбира, идниот најголем македонски опозиционер.

Критиките кои не пропушти да и ги упати на актуелната македонска власт странските дипломати во земјава ги слушнаа како од човек кој не е се уште дел од неа и оти не сноси никаква одговорност за тоа што, според него, многу нешта од актуелниов миг се „црни“. Особено она што се однесува на динамиката со која земајва ги исполнува условите за својата европска интеграција. Прочитај ја целата поента

Сосема е разбирлива лошата глума на „весело расположение“ на раководството на СДСМ, но не и немањето на претходни подготовки (пред огледало, на имрповизирана сцена…). Затоа што резултатите од првиот круг на претседателските и локалните избори- 2009 -та можеа лесно да се предвидат. Па и дека за оваа партија и македонската опозиција воопшто ќе бидат катастрофални подготовки (пред огледало, на имрповизирана сцена…). Прочитај ја целата поента

Владата на Караманлис и тој лично очигледно ги издава трпението. Се повеќе станува јасно дека Атина ниту барала, ниту бара конструктивно решение на нејзиниот проблем во врска со името на нашата земја, туку нова географска одредница која всушност значи бришење на националниот идентитет на македонскиот народ. Прочитај ја целата поента