Важна победа на и за Република Македонија

Оценката за организацијата на првиот круг од парламентарните и локалните избори, пред се на ОДИХР во прелиминарниот извештај- дека се исполнети повеќето од меѓународните стандарди за демократски избори, е мошне значајна за Република Македонија, но не е и неочекувана. Притоа, да повторам, воопшто не се работи за „испит на зрелоста“, како што ги означија некои…

Старт на предизборната кампања: ништо ново, интересно, инвентивно

Како што се очекуваше и најавуваше, без оглед што гласачите во Макдонија за првпат ќе бидат во „необична“ ситуација- едновремено ќе гласаат и за нов претседател на државата и за градоначалници на своите општини сосе советници, уште на стартот е јасно дека се ќе биде „стандардно“, што значи веќе видено, чуено, со „сигурна и проверена“…

Зошто да не Потпретседател на РМ?

Сосема очекувано, дојде на ред и ова прашање. Можеа да не го очекуваат само оние што го читаат и спроведуваат Рамковниот договор од запирка до точка, а притоа да не смеат да додадат или одземат никаков друг интерпункциски знак. Таквите (дури и од меѓународниот фактор) ги нарекуваат буквалисти. Тие, за жал,  не го разбрале и…

Колку му „дотежи“ на Груевски новиот „скор“ помеѓу ДУИ и ДПА?

Предвремените парламентарни избори генерално поминаа во мирна и демократска атмосфера, иако на некои места се прегласуваше и по 2 пати, оцени Државната изборна комисија.

Здив, па акција

Може ли ова меѓувреме, помеѓу гласањето и прегласувањето на вонредните парламентарни избори, да го означиме како краток здив за сите, освен за ДУИ, партија која по прегласувањето го сврте резултатот од „дуелот“ со ДПА во 6-тата изборна единица во своја корист (вкупно освои повеќе пратенички места)? Како за кого.

Неуспешно спроведено сценарио за нефер и недемократски избори

Уште еднаш се потврдува мојата проценка пред изборите: најавената „касапаана“ од страна на Тачи всушност беше откривање на однапред подготвеното сценарио на опозицијата (а не на победничката коалиција и ДПА), според кое предвремените парламентарни избори треба да пропаднат како нерегуларни односно фалскификат.

Предизборно касапанско сценарио

Веќе нема дилеми дека вонредните парламентарни избори во Македонија ја „инспирираа“ опозицијата (не дел од неа, бидејќи барем на тој план македонските партии се прецизно „диференцирани“) да подготви и вонредно сценарио кое ќе резултира со „уште еден пораз на Македонија на меѓународен план“. Како и се друго во изминатиот „катастрофален“ двегодишен период на владеење на…

Опасен старт на предизборна кампања

Не само што почна пред законски утврдениот старт, со што е направен прекршок од сите „главни“ политички партии- учесници на вонредните парламентарни избори, туку „предвреме“ и заборавија на што се обврзаа со потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори.

Претстои уште една, „вонредна“ победа на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“

Може уште сега да се заклучи или точно да се прогнозира кој ќе победи, а кој ќе биде поразен на вонредните парламентарни избори. По објавувањето на коалициите, при што досега не се случила таква „групировка“ (надвор од двата „табора“ нема макар најмала партија што ќе настапи самостојно). Фракционерскиот дел на НСДП, кој сериозно го загрозува…

Нова преговарачка стратегија со Грција? Не, туку „добрососедска“!

Идејата на претседателот Бранко Црвенковски за нова преговарачка стратегија со Грција, изнесена во Букурешт, а како реакција на ветото за прием на Република Македонија во НАТО, доби поддршка на дел од политичарите и пратениците во македонскиот Парламент (не од сите како што информираа некои медиуми). Пред се на оние од опозицијата, но и на некои…