(21.03.2007)
Воопшто не изненадува, туку напротив, сосема очекуван и логичен е првиот резултат од зачленувањето на Бугарија во Европската унија на економски план (еден од најважните): за првпат во нејзинoто поблиско минато (од смената на системот) во 2006. година нејзиниот извоз е поголем од увозот.

Continue Reading

„Воинот на коњ“ конечно се „смести“ на местото што нему, како македонски крал, му доликува: на плоштадот „Македонија“. Голем, достоинствен, величествен, за восхит и гордеење.

Continue Reading

Некои аналитичари оценија дека станува збор за мошне значајна одлука на Европската комисија од аспект на перспективата на Западниот Балкан, а пред се на Република Македонија, иако станува збор за логичен, последичен, континуиран процес кој доби очекувана завршница.

Continue Reading

Како што е официјално соопштено, денеска изутрина во тајна операција е уапсен Милорад Комадиќ за кого се тврди дека е всушност Ратко Младиќ. Претседателот Борис Тадиќ потврди дека се работи за Младиќ.

Continue Reading

Проблемот на слободата и независноста (читај: објективноста) на медиумите во Македонија не е во определбата да се анализира и коментира, односно зазема позиционерски или опозиционерски став, туку да се искажува јасна партиска припадност и да се  информира еднострано, селективно, значи необјективно, па и невистинито (груба лага).

Continue Reading

„Грчката драма“ е само почеток на серијата од неколку (следната ќе биде за Шпанија, па за Португалија, Бругарија, Романија…?) која во многу нешта ќе биде „посапунска“ и од „најсапунските“ ТВ серии. Имено, „грчката“ веќе се „заплеткува“ („драматизира“)- започна „онадењето“ во „врвовите“:

ЕУ чувствуваше дека Грција ја „легнува“ (се сеќавате на „евробуџетската“ лага- лажното претставување на трошењето на „евроипските пари“?), ама веројатно од „навика“ („старата дама“) тоа не и пречеше се додека не почна да излегува на виделина дека „онадењето“ започнало и во „внатрешните односи“ на Грција (придружени со криминал, корупција, неказнети во врвот на власта и партизираната јавна администрација…), доведувајќи ја во опасност стабилноста и „единството на различностите“ на сите „нивоа“. Continue Reading

По првиот шок од размерите на последиците од земјотресот, огромните жртви (над 100.000) и разурнувања, светот почнува да реагира, иако многу бавно. Особено во спасувањето на затрупаните живи луѓе под урнатите зданија.

Во поновата историја на тектонските движења на Земјините плочи и земјотресите по нивните рабови, земјотресот на (12.01) ќе биде забележан како еден од најсилните-7 степени според Рихтеровата скала. По него се забележани уште 30-тина помали, од кои 10-тина со магнитуда поголема од 5 степени.

Епицентарот бил на 15 километри западно од главниот град на Хаити- Порт-о-Пренс.

Continue Reading

Дали сте забележале дека во нападите врз актуелната Влада („на Груевски“) македонската опозиција и нејзините медиумски трабанти не „гукнуваат“ ниту збор за „опкружувањето“, освен за „спорот“ со Грција? Особено кога се негира или минимизира се што е направено и се прави на економски план, без оглед што „меѓународниот фактор“  постојано дава позитивни оценки (пред се во врска со справувањето со последиците од светската криза)?

„Не дај Боже“ притоа да побарате од неа споредба со некои соседни земји, на пример токму со „кочничарот“ на Македонија за нејзино членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ, Грција. Мислите дека ќе добиете „експерттска анализа“? А зошто да барате? Нема ли таа „опозиционерска обврска“ при оценка на состојбите во земјата да има и споредбен пристап, особено со земјите од регионот?

Continue Reading

Блокадата на Грција во Советот на Европа- Република Македонија да не добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, не е за краткорочна, туку за долгорочна „употреба“.

И годинава, можеби и во наредните неколку, на јужниот сосед воопшто не му е од интерес да го надмине проблемот што си го создаде. Ниту со помош на сојузниците во ЕУ и НАТО, ниту со посредство на ОН, а најмалку, пак, да си дозволи помош од Република Македонија.

Едно поради економската „катаклизма“ што и се случи и допрва ќе и се случува, друго поради внатрешен национален консензус (опасно е во севкупната мошне напната економско-социјална и политичка ситуација да се гази преку „црвената линија“), а трето, можеби најважно, е оти на меѓународен план на Грција и претстојат многу покрупни проблеми  кои веќе не ќе можат да се ставаат „под“ ќилим- улогата на Балканот (како да се биде лидер во неговото европско интегрирање), прикзнавањето на националните малцинства  во земјата и нивните права, кипарското прашање, воопшто односите со Турција…

Continue Reading

Оние што внимателно и во долг период ги следат збиднувањата во Грција, воопшто не се изненадени од вклучувањето на алармот за нејзин спас во последен час. Севкупната, значи не само економската криза (давењето во долгови), е резултат на повеќегодишна катастрофална политика на партијата што „на подолг рок“ е фрлена на „буниште“- конзервативната Нова демократија. За  во „догледно време“ да се врати на политичката сцена, и треба комплетно „прочистување“ кое тешко дека ќе може да го „изведе“ новиот лидер Андонис Самарас,  познат според своите декадентни, деструктивни и националистички ставови и позиции.

Секако дека повеќегодишните внатрешни, пред се економско- социјални проблеми се рефлектираа и на надворешната политика на Грција, а во нејзини рамки и на проблемот што го има со името на Република Македонија (значи не со нејзиното уставно име, туку со „Македонија“). Што не значи дека во процесот на нејзиното „заздравување“ може да се случи позначајна промена. Напротив, многу е пореално негово маргинализирање и одолговлекување поради „концентрација на силите“. Тоа „привремено“ и се случи на самитот на Советот на Европа.

Continue Reading