Предупредување и оправдување

(20.03.2007) Предупредувањето на Шефер дека постои реална закана за ракетен напад на Европа изненади многумина, но во меѓувреме сомнежите се потврдија: дека зад тоа се крие оправдување односно поддршка на планот на САД да изгради систем на ракетна одбрана на европско тло, а на што жестоко реагира Русија.

Македонското земјоделство се повеќе извозно

Ако нешто на опозицијата и беше лоша „карта“ во педизборната кампања, тоа секако беше „удирањето“ по „промашувањата“ на Владата на Груевски во земјоделието.

Русија-Украина: договорена испораката на гас, но и ревизија на билатералните договори

На Европа и олесна. Од вчера има една грижа помалку. И тоа не баш мала, без оглед што Брисел пред три дена на заплашените им упати смирувачка порака- дека европските складишта за гас се целосно полни, а во текот на јануари идната година ќе биде зголемен протокот на гасоводот „Јамал – Европа“. Четвртина од потребите…

Нова гасна криза во Европа?

Реална е опасноста со почетокот на зимата да избувне нова гасна криза каква што се случи на почетокот од јануари годинава. Причина е одново Украина, нејзината неспособност да продолжи со редовна исплата на испорачаниот руски гас, а поради длабоката економска криза. Путин навреме ја предупредува Европа, а таа засега „глуми“ ладнокрвност.

Опозиционерска доследност на Црвенковски

Ако не се земе предвид „формата“, последната средба со дипломатскиот кор во земјава Бранко Црвенковски ја имаше не како проштална на претседател на Македонија и Врховен командант на нејзините оружени сили односно на АРМ, туку како прва на „старо- новиот“ лидер на СДСМ и, се разбира, идниот најголем македонски опозиционер. Критиките кои не пропушти да…

Дефинитивна разрешница на кризата во Грузија

И на политичкиот лаик веќе му е јасно дека Саакашвили не води „гола борба“ за власт, и натаму да остане претседател на Грузија, туку „мора да остане“ поради остварување на пошироки геополитички и геостратешки интереси: држејќи ги во латентна криза руско- грузиските оноси НАТО, односно западните сили предводени од САД да бидат што поблиску до…

Обама ги „размрдува“ светските политичари

Токму како размрдување „Гласот на Русија“ го пренесе реагирањето на светските политичари на повикот за нуклеарно разоружување (обнова на СТАРТ). Меѓутоа, истото може да се однесува и на некои конкретни потези на внатрешно- економски (американски) односно надворешен економско- политички план, како што е укинувањето на дел од ембаргото спрема Куба. Неспорно е дека не само…

Страв од Путин или од „путинизмот“

Руската Државна дума денеска го одобри траењето  на новиот мандат на шефот на државата на 6 години, наместо досегашните 5. За промените на Уставот гласаа 351 пратеник, додека против беа 57- мина. Рускиот Устав ќе ја наведе одредбата дека граѓаните на Русија ќе избираат претседател на рок од 6 години (наместо досегашните 4), врз основа…

Геостратешкиот интерес на Русија и Арктикот

Вознемирувачка- загрижувачка изјава на Дмитриј Медведев за оние што внимателно ги следат и анализираат геостратешките придвижувања, поместувања, преместувања, прераспоредувања итн., а кои со светската економската криза добиваат и се повеќе ќе добиваат на интензитет: Рускиот претседател им наредил на своите службеници да подготват нацрт- закон со кој би се одредиле границите на Арктикот. Притоа не…

Сценарио: финансиска криза, глобална рецесија, геостратешко прегрупирање

Во развиениот бизнис, особено мултинационалниот- меѓународниот, главен „принцип“ на работење и дејствување е: ништо случајно не се случува зашто Господинот Случај не е и не може да биде ниту маргинален, ниту минорен партнер. Следствено, секој најмал потег и секое „моментно“ решение се дел од темелно осмислена среднорочна и долгорочна стратегија. И тоа не самостојна, поединечна-…