Ова е несфатливо:

Централниот одбор на СДСМ утре ќе одлучува кога ќе се објават „компромитирачките материјали за власта“, соопшти портпаролот Петре Шилегов!

Зошто несфатливо? Затоа што од ова соопштение може да се заклучи следново: материјалите не се на Зоран Заев, туку на СДСМ, а за нив (нивно прибирање и поседување) е поднесена кривична пријава против Заев! Или во најмала рака „сопственоста“ е заедничка, па следствено и пријавата би морала да биде „споделена“. Но и ова: еден дел од тие материјали никако, во ниеден момент не би смеел да биде во посед на тој што ги добил или собрал, особено не по обзнаната за тоа. Прочитај ја целата поента

Барањето на СДСМ за техничка влада, која ќе спроведе фер и демократски избори (зашто последните биле крајно нефер, недемокартски, фалсификувани…итн.), е неприфатливо не само затоа што е ултимативно, безалтернативно, туку пред се поради фактот дека тоа би бил политички преседан, сосема непознат во меѓународната практика. Најнапред, нужноста од техничка влада во земјите каде што била формирана се наметнала поради длабока причина, опасност или криза: оружен конфликт, воен удар, политички убиства, економска или должничка криза или, пак, крупни прашања од национален интерес (во „случајот“ со нашава земја на пример проблемот на јужниот сосед со името на нашава земја, членство во ЕУ и во НАТО). Прочитај ја целата поента

(22.03.2007)
Несериозен, па и карикатурален беше настапот (15.03) пред јавноста на екс министерот за култура Благоја Стефановски. Сепак, незаслужено беше одмолчен. (Медиумите само „голо“ информираа.) Ако не поради друго, барем поводно уште еднаш да се (у)каже во што е, каде е проблемот на „незгодната“, најчесто лицемерна позиција на сегашната опозиција: во сопственото (не)чинење кога таа ја практицираше власта.

Тоа поинаку се нарекува: немање ниту морално, ниту какво било друго право да се посочува на работи кои самиот си ги правел. На пример, партизацијата на културата.

Прочитај ја целата поента

Откако падна во вода обидот поразот на предвремените парламентарни избори да се толкува како морална победа (што претставува нонсенс), а Бранко Црвенковски, иако јавно вети дека ќе се повлече доколку и овој пат не го победат Груевски (не само од лидерската позиција, туку од политиката воопшто), е во прилично „небрана“ внатрепартиска позиција.

Прочитај ја целата поента

Која е крајната цел на наводните списоци за притисок за гласање?
Наводни само затоа што и оние на опозициската телевизија А1, за притисок врз вработени во јавната администрација за сигурни гласачи за ВМРО- ДПМНЕ, и оние на оваа партија за СДСМ-овски допрва треба да се проверат, да се истражат. Тие се веќе кај јавниот обвинител
, а соодветна постапка најави и јавниот правобранител.

Крајна цел? Повеќе од јасна: однапред да се обезбеди алиби за сопствениот пораз на претстојните вонредни парламентарни избори. Со други зборови, за оној што ќе изгуби тие „мора да  бидат“ нерегуларни, нефер и недемократски. Па ќе следи барање, веројатно со помош на меѓународниот фактор, тие да се поништат.

Прочитај ја целата поента

Уште еднаш се потврди дека, иако подмладено, раководството на СДСМ  не може да се ослободи од „истрошените“ кадри и да направи порадикален чекор кон „победничка иднина“.

Отсуството на Владо Бучковски од кандидатските листи не може да биде „покритие“ за „опстојувањето“ на Макрадули, Ивановски, Минчев, Иванова, Бендевска…

За Радмила Шеќеринска е се одамна познато и препознат. Таа е сега кандидат за иден премиер кој катастрофално ја изгуби претходната битка. Добива шанса за „реванш“, но со многу негативно „позиционирање“ во однос на „лутиот противник“ Груевски. Мислам на огромните разлики во сите „лидерски“ рејтинг листи)

Се чини дека е веќе јасно оти победата на ВМРО- ДПМНЕ и коалиционите партнери е сигурна, а прашањето е дали таа ќе биде голема или, напротив, дури недоволна. Не за формирање на Влада, туку според  бројот на освоените пратенички места.

Прочитај ја целата поента

Се разбира, му пречи на оној за кого тој бил и е мислена именка. Имено, вистина е дека во сиот изминат период на плурално владеење со Република Македонија (не баш и демократско) ниедна власт својата одговорност и јавност пред граѓаните не ја оправда- потврди со извештај- отчет. Пред се како показ и доказ на сработеното, недоработеното и несработеното. Дури и кога за „грешките“ беше казнета (СДСМ на избори) не „чувствуваше“ потреба од такво нешто- макар „за миг“ да се биде искрен и да се образложи зошто е заслужена (според сопствено признание).

Жестоката реакција на опозиционата СДСМ не е предизвикана поради „фрлените пари“ за печатење на книгата- отчет (лично воопшто не ми изгледа дека е луксузно издание, та да чини „дури“ милион евра!; според моите скромни познавања на печатарските услуги, ќе да е грешка- додадена најмалку една нула), туку токму поради „отчетувањето“, односно резултатите.

Оние што се стручни за политички маркетинг знаат дека токму отчетот е најсигурна и најдобитна предизборна „карта“.

Само напишаното- отпечатеното е лесно проверливо, особено кога се тврди дека е лага. Ако се покаже и докаже дека не е?

Прочитај ја целата поента

Собранието се распушти, утре претседателот Трајко Вељановски ќе го потпише Решението за распишување избори.

Не беше неочекувано, но пратениците како да заборавија дека се собраа последен пат ЗА ДА ГО ВРАТАТ ПРАТЕНИЧКИОТ МАНДАТ добиен од граѓаните на Република Македонија на избори!

Прочитај ја целата поента

Белким новинарите на А1 ТВ и весниците „на Велија Рамковски“ конечно ќе се сепнат, ќе се пресметаат и ќе ја зашвршат неколкумесечната кловновијада пред Владата на Македонија, а ќе се посветат на борбата за достоинство на новинарската професија, пред се против манипулациите, шпекулациите, вовлекувањето на новинари во криминални дејанија итн., односно против инструментализација од страна на „големите газди“.

Белким конечно сфаќаат дека беа и се (зло)употреувани за лукративни политички цели, а „во името“ на медиумската слобода, независноста на новинарството, демократијата…

Се разбира, едновремено и да се обидат да се извлечат што помалку извалкани од калта во која длабоко зацапале.

Прочитај ја целата поента

Не е јасно врз основа на што некои аналитичари и новинари (медиуми) ја подгреваа надежта дека нешто многу важно ќе се случи, а секако најважното- СДСМ да се врати во Собранието и да започне интензивна подготовка за вонредните парламентарни избори. Особено ако се има предвид дека од ултимативните барања како предуслов за тоа едното е „проблематично“, а другото невозможно да се исполни.

Јасна е само веќе разнишаната „пуста“ надеж дека колегите од А1 ТВ и од печатените медиуми „на Велија Рамковски“ ќе „ќарат“ одмрзнување на сметките и „колку- толку“ ќе ја покријат кловновијадата пред Владата на Македонија секоја вечер веќе два и кусур месеца. (Ако се негови, тоа е спротивно на Законот за радиодифузија кој прецизно го дефинира „медиумскиот монопол“.)

Прочитај ја целата поента