Очекувана, а сепак топ вест: уапсен Ратко Младиќ

Како што е официјално соопштено, денеска изутрина во тајна операција е уапсен Милорад Комадиќ за кого се тврди дека е всушност Ратко Младиќ. Претседателот Борис Тадиќ потврди дека се работи за Младиќ.

Македонија и регионот пред се поголеми удари на светската економска криза

Напоредно со пакетот кризни мерки, Владата на Македонија работи и на вториот мошне важен проблем, еден од клучните за моментно, но и среднорочно спротивставување на економската криза која и на земјава и се заканува со рецесија. Таа се уште не е „стасана“, но сериозно, се посилно тропа на врата со

Неопходна заштита на новинарите

Да, крајно е време Владата, министерствата, медиумите и новинарските здруженија да седнат на една маса, да го постават и да почнат да го решаваат проблемот на заштита на македонските новинари при вршењето на нивната задача, но и на физичка и егзистенцијална- од закани, напади, претепувања, неплаќање на трудот, на авторството,

Признание на Косово или негова поделба

Што значи резолуцијата за Косово што ја донесе Европскиот парламент, а со која се повикуваат членките на ЕУ кои не го признале да го сторат тоа? Се разбира, за властите на Косово значи многу, многу и за неговите најголеми поддржувачи (и во земјите на ЕУ), но за „прозваните“ не значи

По Хрватска, Србија ќе стане членка на ЕУ, а можеби двете едновремено

Србија забрзано чекори кон членство во ЕУ. Многу е веројатно дека таа ќе биде следната земја по Хрватска која ќе биде примена, но нема да претставува никакво изненадување ако и двете бидат примени во „пакет“, можеби заедно со Албанија и/или Црна Гора. Србија во ЕУ пред Република Македонија? Па, нормално!

Секоја одлука на Брисел за земјите- аспиранти за членство во ЕУ има заднина

Тврдењето во насловот на овој напис можам да го поткрепам со низа аргументи, со низа конкретни одлуки за кои подоцна се покажало дека се работи за нешто друго. Нема значење тоа што во меѓувреме „другото“ излегло на виделина. За „главите“ во Брисел основно правило е: „Не назад, само напред“. Тоа

Нова иницијатива на Србија во ОН за независноста на Косово

Интересни ставови и најави на српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ во интервју за грчкиот весник „Елефтеротипија“: Белград нема да ја признае независноста на Јужна Осетија и Абхазија, и покрај руската поддршка во однос на прашањето за Косово. Србија ќе побара одлука од Генералното собрание на ОН да се

Време е за апсење на Младиќ и предавање на Хаг

Прилично наивно „звучи“ информацијата на некои белградски медиуми дека Младиќ бил „успешно лоциран“, па следува негово големо односно спектакуларно апсење (тоа сигурно). Досегашното искуство со други обвинети за злосторство против човештвото (Караџиќ и други) вели дека во ниедна држава, па и во светот (помина времето на успешното повеќедецениско криење низ

Србија зачекори кон ЕУ

Како што се очекуваше, според „распоредот“ на силите, српскиот Парламент го ратификува Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија. За ратификацијата гласаа 140-мина пратеници од владејачкото мнозинство и Либерално- демократската партија. Против беа пратениците од Демократската партија на Србија и Нова Србија, додека радикалите не учествуваа во гласањето.

Можно: Србија во ЕУ (сосе Косово) побрзо од другите

Се разбира, не се работи за „трка“ со другите земји во регионот, особено не со оние што од поодамна ја имаат „в џеб“ Спогодбата за стабилизација и асоцијација (Македонија) или во преговарањето се во поодмината фаза, туку за поинакви услови (читај: интереси) што за неа ги има „смислено“ ЕУ. Ако

1 2 3 5