Утврден е денот на предвремените парламентарни избори во Македонија: 05.06.2011.

Одлуката на Никола Груевски воопшто не е неочекувана, но изненадува ставот на лидерот на СДСМ, односно на опозицијата- дека се откажува од сите барања со кои, според многумина експерти и аналитичари,  во изминативе неколку месеци се обидуваше да ги одбегне, а да наметне друго, „вонредно“ решение (политичка криза и техничка влада).

Прочитај ја целата поента

Не е нереална ваквата прогноза само поради постигнатиот „извесен“ напредок на синоќешните- ноќешните разговори на четворицата лидери на (нај)релевантни политички партии кај претседателот на државата, како и закажаната нова средба утре, а не и само поради тоа што СДСМ и Црвенковски лично се се повеќе „во тесно“.

Треба да се имаат предвид и климатските услови. Таман работа граѓаните на Република Македонија вонредно да се потат и препотуваат поради политичари и кандидати за пратеници на кои треба да им се прифатат-  изгласаат нивните лични и семејно- пријателски кариеристички амбиции.

Прочитај ја целата поента

Опозицијата ќе се врати во Парламентот (очекувано), во меѓувреме СДСМ најавува формирање на Влада во сенка, што ќе биде нејзин голем адут на претстојните предвремени парламентарни избори (предвидов); конгреси одржаа ВМРО- ДПМНЕ (со воздржавни и прилично „општи“ пораки) и ЛДП (со мошне забавни „поенти“); „брат Љубе“ и Селмани се шетаат низ селата во Македонија (а „И јас сум А1“ редовно и ревносно ги следат, но не како платен политички маркетинг); се формира „Демократска десница“; квазианалитичарите и прогонозерите „уткаџии“ најавија конечно заминување на Црвенковски од челната позиција на СДСМ (како не им текнвуа дека челната позиција е многу посилна од сенка?!), а албанските опозициони партии бараат нови изборни граници.

Да, најзначајното нешто поврзано со претстојните избори ќе биде средбата во четири очи помеѓу Груевски и Црвенковски, овие денови, а на иницијатива на премиерот. (Црвенковски се пожали дека му била „прочитана“ и „украдена“ идејата за неа- тврди дека го прислушкуваат).

Прочитај ја целата поента

Евентуалноста поместена во заграда на насловот на овој текст е поради очигледното „дриблање“ на СДСМ со поставените услови, а моментно и со Државната изборна комисија (деновиве ќе го видиме „голот“ или „фаулот“).

Се разбира, ги имам предвид и условите што ги постави, од кои самиот знае дека еден, кој се покажува дека му е најважен (одмрзнување на сметките на А1 ТВи печатените медиуми на Велија Рамковски), е неостварлив. Затоа што станува збор за судска одлука  која не може да се преиначи со политичка. Без оглед дали се употребувал и може да се употреби „телефонот“ кој го користел Црвенковски кога бил на власт при слични „деликатни проблеми“ ( според сопствено признание, нему му е познат, а како што изјави- тврди „го знае и Груевски“).

Прочитај ја целата поента

Вонредните парламентарни избори да се одржат, „фронтот“- всушност СДСМ со своите „сателитски“ партии да опстојат на својот став, и тоа без оглед дали по нивното одржување меѓународната заедница (а не „фронтот“) ќе ги оцени како максимално фер и демократски или со „забелешки“.

Притоа, да потенцирам, „фронтот“ да престане да манипулира со тоа дека без нив во македонскиот Парламент ќе нема опозиција. Затоа што ЛДП, чиј рејтинг расте и сигурно наскоро ќе го преземе опоизиционото „кормило“, искажа цврст став дека ќе учествува, а не „откажаа“ и некои други.

Прочитај ја целата поента

На големо се шпекулира дали наскоро ќе има или не вонредни парламентарни избори во Македонија (редовните се догодина). И медиуми и политички аналитичари, но и „засегнати“ политичари различно оценуваат дали се можни или не, дали се нужни со оглед на парламентарната криза- напуштањето на Парламентот од страна на најголемиот дел од опозицијат.

Некои велат дека е неспорно оти станува збор за политичка криза во Македонија, а не само парламентарна, притоа заборавајќи на нејзината суштина: таа е состојба во која темелните институционализирани вредности на политичкиот систем се практично доведени во прашање и во која рутинските одговори на системот се покажуваат како неделотворни и неадекватни (Леонард Биндер); односно тоа е криза на ефикасноста, на политичкиот легитимитет и на политичкиот идентитет.

Прочитај ја целата поента

По бројните неуспешни штрајкови, пред се на земјоделци со што се правеа „удари“ врз еден од најуспешните економски програми (претходно на стечајни работници кои не можеа да прикријат кој им „кумуваше“), опозицијата се реши на последниот чекор (лесно предвидлив) во обид да се урне актуелната владина коалиција.

Еден од мариналните лидери на минорна политичка опозициона партија во својата „поетска вдахновеност“ не се ни обиде тоа да го скрие: изјави дека е дојдено време власта „ако треба“ да да се урне „и во буквална и во пренесена смисла“.

Според позицијата, сценариото е одамна прочитано: да се предизвика парламентарна криза и на тој начин да се изнудат предвремени избори. На кои опозицијата нема да победи, но ќе успее да „обезбеди“ техничка Влада, па после…

Прочитај ја целата поента

Пред да се обидам да одговорам на од ден на ден се поактуелното прашање за предизвиците што се повеќе и се натрупуваат на актуелната македонска Влада, а пред се на премиерот и лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски, укажувам на одамна познатата (докажана) вистина: секој предизвик, независно од големината и тежината, раѓа страв, но многу повеќе желба, енергија, па и храброст за соочување, совладување, „борба до конечна победа. Треба да се биде внимателен особено при пресметувањето на ризикот, имајќи ги предвид пред се времето и просторот во кои тој се јавува или опстојува.

Најголемиот предизвик за денешниот, модерниот политичар (и на секој што има важна улога во едно општество), а од кој најмногу се стравува, е личната одговорност.

Прочитај ја целата поента

Со потпишување на изјава во Собранието, Ѓорге Иванов ја презеде функцијата Претседател. На свечената инаугуративна седница на која, освен премиерот Никола Груевски и владиниот кабинет, претставници на други државни институции, на дипломатскиот кор, на судството, на верските заедници , присуствуваа досегашниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски и првиот на независна Македонија Киро Глигоров, како и претседателите на Хрватска, Србија, Албанија и Црна Гора, Иванов вети дека во наредните пет години совесно и одговорно ќе ја води земјата и ќе биде претседател на сите граѓани. Во кусиот, но мошне експлицитен и прецизен говор, тој уште еднаш ги потенцира главните заложби од политичката агенда што ја промовираше во предизборната кампања- внатрешна стабилност на државата, здрави меѓуетнички односи, економско закрепнување на земјата, влез во ЕУ и НАТО и тесна соработка со сите соседи, особено со Грција. Прочитај ја целата поента

Епидемија на заушки во Република Македонија?! Можно ли е? Во 21-ов век?! А кој ја предизвикал, да се појави по цели 17 години? Кој не ја спречил со она што го прави редовно целиот здравствено нормален свет? Нема кој?! Никој не е одговорен, никој виновен?

Можен Марфиев закон (за мојата рубрика „Јас и Марфи“ во „Паноптикум“) : Кога нема лична- индивидуална одговорност, не може да има ниту колективна. Доколку колективот не е составен од индивидуалци, туку од колективни колективци.

Немало и нема колективна, туку само индивидуална? Не е точно! Секогаш ја имало и ја има кога нема индивидуална. Прочитај ја целата поента