Во корист на сопствената штета

Уште на самиот старт на кампањата „И јас сум А1“, што беше најавено дека ќе трае до крајот на февруари, а ненајавено продолжи и месецов- март, искажав јасен став дека е неприфатлива, немушта, инфантилна, на моменти и кловновска во нејзината реализација. На пример одењето по куќи и собирањето на потписи што, за среќа, брзо беше…

Критизерството не помага за подобар рејтинг

Токму тоа е главниот проблем на македонската актуелна опозиција: се да напаѓа, да „црнее“, особено она што е очевиден успех, постигнување за „обичниот“ човек. А кога ќе се соочи со несоборливи аргументи и факти, едноставно замолчува, премолчува и чека нова (не)прилика да продолжи за истото (па и кога нема врска со „новото“). Што не е…

Има ли македонската опозиција „црвена линија“ при решавање на „спорот“ со Грција?

Се почесто македонската парламентарна и вонпарламентарна опозиција бара да се седне за маса и да се утврди „национална стратегија“ за решавање на проблемот што го има Грција со името на Република Македонија, „каква што има јужниот сосед“. Настрана фактот дека неговата „црвена линија“ не е „консенсуална стратегија“, особено не поставена- формулирана низ „политички дијалог“ (…

Реален и развоен буџет за 2010- та година

Предлог- буџетот за идната година е поголем за 100 милиони евра во однос на годинашниов, и тоа со пораст и на приходите и на расходите. Станува збор за 2, 3 милијарди евра или зголемување за 3,4%. Приходите од даноците ќе се зголемат за 65 милиони евра, а вкупното трошење ќе биде поголемо за 2,8% или…

Наскоро одговор што се „тркала“ во и околу „Сведмилк“

Случајот со „шведската“ млекарница „Сведмилк“ ќе остане забележан во аналите на „Invest in Macedonia“ како најтипичен пример на криминализација односно грабеж на домашно- странска инвестиција од страна на македонски полит- бизнис олигарси,  на манипулација на фармери со катастрофални последици за нив, но и за сточарството воопшто, а секако и на новинарска зависност од највисок степен…

И Македонија во првиот бран на кризата

Сосема „неекспертски“, дури наивни беа проценките и предвидувањата дека Република Македонија ќе биде „заобиколена“ од економската криза, па дури и дека има шанси да „ќари“ од неа. Од ден на ден се покажува дека тоа едноставно не е можно…без одговор или „противудар“ со радикални економски и други мерки (да, и политички). Што засега изостанува. Она…

Светската криза се продлабочува. 2009- та е нејзиниот вистински почеток!

Во еден неодамнешен текст на овој сајт го изнесов својот став оспротивен на многумина светски економски експерти: дека годинава нема да биде „кулминативна“ за светската криза односно економската рецесија, туку тоа ќе биде идната или дури (со голема веројатност) 2011- та. Деновиве в0 некои медиуми и на Интернет имав можност да прочитам изјави на светски…

Медиумска кампања и саморекламирање

Македонската опозиција веќе им здодеа на граѓаните, а веројатно и на себе си, со папагалското „критикување“ на позицијата односно на Владата на Никола Груевски дека троши „огромни средства (пари)“ на “саморекламирање“, притоа мислејќи на континуираните („за се и сешто“) медиумски кампањи. Веројатно и на Владата и на самиот Груевски исто така му е здодеано постојано…

ЕБОР и Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), основана во 1991- ва година, финансира структурни проекти во поранешните социјалистички земји од Централна и Источна Европа, односно ги поддржува во фазата на транзиција кон пазарна економија. Таа е во сопственост на 60 земји и 2 меѓувладини институции (Европската заедница и Европската инвестициона банка), со запишан капитал во вкупен…

Квазилидерство

За квазилидерството „како такво“, посебно во македонското политичко милје, досега сум пишувал на неколку наврати, а, се разбира, и натаму ќе пишувам секогаш кога ќе имам конкретен повод (неисцрпна тема?). Како сега.