Нашиот јужен сосед веќе цела година се соочува со повремени штрајкови, откако Владата на Папандреу поради незапаметената економска и финансиска криза е принудена да воведува остри мерки на штедење.

Денешниот 24- часовен генерален штрајк, со засега 8-мина повредени, сигурно нема да биде последен. Реакциите и отпорот на народот од ден на ден се се поголеми.

Continue Reading

Податоците се алармантни, загриженоста се поголема, а најголема е неизвесноста- подеднакво и на развиените- богатите, и на неразвиените- сиромашните земји.

Почнувајќи од Нова година (всушност од летото 2010), вестите не се за зголемување на цените одвреме- навреме, туку секојдневни. Во светот, а кај нас дури и „секојчасовни“.

Continue Reading

Повторно следиме еднострано, тенденциозно, манипулирачко-шпекулативно информирање за проблемите во врска со пласманот-продажбата на годинашниов род на преспанското јаболко. Се разбира, веќе отрпнавме (на некои сигурно им „лежи“-не треба да ги спомнувам), но секогаш мора да се потсетуваме на неприкосновеното правило (не само правно)- да се слушне и другата страна.

Continue Reading

Следејќи внимателно и објективно (крајно непристрасно односно неутрално) што се случува по одлуката на Уставниот суд на Македонија да го укинe членот 26 од Законот за основно образование, со кој беше овозможено да се организира верско образование за основците, се наметнуваат низа прашања и дилеми од кои, особено по некои коментари на домашни експерти и сугестии- оценки на странски дипломати, две се чинат најважни: дали се работи за точно и прецизно толкување на македонскиот Устав (гарантираната секуларност) и можно ли е тоа да претставува еден од главните проблеми што ги загрозуваат демократските придобивки, граѓанските слободи и права, меѓунационалните- меѓуконфесионалните односи итн.

Continue Reading

Сосема оправдана е жестоката реакција на опозицијата поради тоа што Владата на Македонија односно премиерот Никола Груевски токму во периодот (не во рамките!) на предизборнава кампања за претседателски и локални избори постави камен- темелници на неколку мошне значајни пркекти- зданија. Немаше да се изгуби ништо ако тие беа одложени макар за наредниот ден по нивното завршување.

Од друга страна, пак, не може да се оспори фактот дека тие се дел од нејзините зацртани програмски заложби- конкретните проекти, но и реализација на пакетот за ублажување на ударите од светската економска криза (јавни рботи). Што ќе рече дека станува збор за камен-  темелници и во буквална и во симболична смисла, а не за „лопата маркетинг“ (со посреден ефкт да, но не во однос на претседатеслкиот кандидат на позицијата или кандидатот за градоначалник на Скопје, туку на и онака високиот рејтинг на Владата и личниот на премиерот). Continue Reading

По неколкунеделните протести кои никако не стивнуваат, а камо ли да запрат, јасно е дека убиството на 15- годишниот тинејџер беше само „иницијална каписла“ за социјален бунт на граѓаните во јужниот сосед. Предводен од левичари, студенти и средношколци, по Нова година се очекува во него да се вклучат и работниците организирани од нивните синдикални организации, социјално загрозените, пензионерите… сите оние што во изминатите месеци (почнувајќи од 2007- ма) демонстрираа против актуелната конзервативна Влада на Караманлис. Тоа ќе значи и нејзина неодложна оставка и принудни предвремени парламентарни избори. Continue Reading

ЕВН е постојано незадоволна, реагира, се закаува, македонската Влада предупредува и „се надева“, а граѓаните трпат штети поради чести прекини на струја и масовни исклучувања. За нејзиниот квалитет да не правиме муабет.

Ама сепак ќе мораме. Само ова: да, „европска“ цена на електричната енергија (и при „неевропски“ стандард), ама и „европска“ струја! Дали каде било во Европа (мислам пред се на земјите- членку на ЕУ) ЕВН би можела- би смеела да наплатува „нормална“ цена за „ненормална“ испорачана струја (со несоодветен односно „нестандарден“ напон)?

Continue Reading

(ЉупчоДимитровски, Дневен е-Еснаф, 24.01.2006)

Дали некој може да се сети нашиот премиер да гукнал макар збор за македонскиот спорт, за настапите и резултатите на македонските спортисти на меѓународната сцена? Continue Reading

За разлика од „дежурните критизери“- хроничари и аналитичари, во изминатиот две ипол годишен мандат на Владата на Груевски (претходната и актуелнава- на стартов) максимално поддржував секој нејзин потег, и голем и мал (во однос на ангажираните средства и очекуваните ефекти), без оглед на нивната неизоставна маркетиншка промоција. Помалку од, на пример, она што се правеше и работеше во културата (која како творец ми е посебна „слабост“) затоа што во неа доминира манифестационото над индивидуално творечкото, а со кое, пак, најнепосредно е поврзан непостоечкиот систем на вредности. Не треба да потсетувам дека бедата на духот (провинцијализмот, простаклукот) е во „папочна врска“ (меѓусебно обусловена, напоредна, а не зависна како што учи марксизмот) со материјалната, егзистенцијалната беда и сиромаштија.

Continue Reading

Собранието на Македонија ја избра новата Влада, шеста на ред од осамостојувањето на Република Македонија.

„Старо- новиот“ премиер Никола Груевски изјави дека во наредните 4 години во Република Македонија ќе има политичка стабилност, економски раст и економски развој, инвестиции во образованието, земјоделието и во многу други области.

Continue Reading