Зошто техничка влада?

Неспорно е дека зад барањето техничка влада е всушност делегитимирање на изборните резултати и непочитување на волјата на граѓаните. И сосема нормално, апсолутно неприфатливо за премиерот Никола Груевски односно владејачката партија и нејзината коалиција.

Партизацијата на културата од вчера?

(22.03.2007) Несериозен, па и карикатурален беше настапот (15.03) пред јавноста на екс министерот за култура Благоја Стефановски. Сепак, незаслужено беше одмолчен. (Медиумите само „голо“ информираа.) Ако не поради друго, барем поводно уште еднаш да се (у)каже во што е, каде е проблемот на „незгодната“, најчесто лицемерна позиција на сегашната опозиција: во сопственото (не)чинење кога таа…

„Скандал“ кој не е тоа

Која е крајната цел на наводните списоци за притисок за гласање? Наводни само затоа што и оние на опозициската телевизија А1, за притисок врз вработени во јавната администрација за сигурни гласачи за ВМРО- ДПМНЕ, и оние на оваа партија за СДСМ-овски допрва треба да се проверат, да се истражат. Тие се веќе кај јавниот обвинител,…

Кому му пречи отчетот?

Се разбира, му пречи на оној за кого тој бил и е мислена именка. Имено, вистина е дека во сиот изминат период на плурално владеење со Република Македонија (не баш и демократско) ниедна власт својата одговорност и јавност пред граѓаните не ја оправда- потврди со извештај- отчет. Пред се како показ и доказ на сработеното,…

И официјално: вонредни парламентарни избори во Македонија на 5. јуни

Собранието се распушти, утре претседателот Трајко Вељановски ќе го потпише Решението за распишување избори. Не беше неочекувано, но пратениците како да заборавија дека се собраа последен пат ЗА ДА ГО ВРАТАТ ПРАТЕНИЧКИОТ МАНДАТ добиен од граѓаните на Република Македонија на избори!

Лидерска средба без никакво значење

Не е јасно врз основа на што некои аналитичари и новинари (медиуми) ја подгреваа надежта дека нешто многу важно ќе се случи, а секако најважното- СДСМ да се врати во Собранието и да започне интензивна подготовка за вонредните парламентарни избори. Особено ако се има предвид дека од ултимативните барања како предуслов за тоа едното е…

На македонскиот политички „фронт“ ништо ново

Опозицијата ќе се врати во Парламентот (очекувано), во меѓувреме СДСМ најавува формирање на Влада во сенка, што ќе биде нејзин голем адут на претстојните предвремени парламентарни избори (предвидов); конгреси одржаа ВМРО- ДПМНЕ (со воздржавни и прилично „општи“ пораки) и ЛДП (со мошне забавни „поенти“); „брат Љубе“ и Селмани се шетаат низ селата во Македонија (а…

Го даваат ли победникот на предвремените избори (евентуални) моментните рејтинзи?

Евентуалноста поместена во заграда на насловот на овој текст е поради очигледното „дриблање“ на СДСМ со поставените услови, а моментно и со Државната изборна комисија (деновиве ќе го видиме „голот“ или „фаулот“). Се разбира, ги имам предвид и условите што ги постави, од кои самиот знае дека еден, кој се покажува дека му е најважен…

Ако не е се исто, се е ептен слично

Власта и лично премиерот Никола Груевски „јасно и гласно“ кажаа дека не планираат предвремени парламентарни избори, ама „превејаните“ политичари од македонската политичка опозиција (како Тито Петковски и нему сличните) се „сигурни“ дека ќе има, но не се плашат бидејќи нивните партии се подготвени и ако се организираат „деновиве“. Својата „сигурност“  ја темелат на „засилената активност“…

Неприфатлива симплификација

Право е на секоја опозиција да користи се што е против практиката, против решенија или активности, односно намери на власта за сопствен маркетинг, за добивање на поени и можности за подобро позиционирање пред следни избори, за себепромовирање како „конструктивен коректор“. Тоа не треба само да се признава, туку и да се почитува. Меѓутоа, недозволиво е…