Потребно време за читање: 4 минути

Веќе две- три децении италијанската мафија не е она што беше- најсилната, најорганизираната и највлијателната на светот (врз политиката, економијата итн.). Приматот го презеде албанската, на која не може да и „конкурира“ ниту колумбиската нарко- мафија, особено не во однос на внатрешната организација, хиерархиската поставеност и исплетената полит- бизнис- олигархиска мрежа, во која, се разбира, го води главниот збор (во името на „сеалбанството“). Италијанската стана „регионална“, а е на „добар пат“ да се сведе и на „локална“ (растурена, неповрзана) со оглед на исцрпеноста во постојаната борба со власта односно полицијата- популарните карабињери.

Она што отсекогаш претставувало и претставува најголема опасност за секоја мафија, е судирот на своите интереси (мафијашки зделки) и интересите на граѓаните, посебно нивниот (суб)стандарден живот и личниот и заедничкиот просперитет (на заедницата во која живеат и дејствуваат). Токму тој судир е главната причина за од ден на ден, од година на година се поголемите, потешките порази на италијанската мафија.

Имено, и покрај напорите на власта- на сите досегашни влади, пред се економските мерки што се преземаат, проекти што се реализираат во континуитет, југот на Италија никако да го достигне северот. Посреден, но и непосреден „фактор“ (со, но може и без наводници) е секако мафијата односно организираниот криминал кој годишно му одзема 7,5 милијарди евра!

Според една стуија на центарот “Сенсис“ и фондацијата „БНЦ“, бруто националниот производ по жител од 1981- ва година досега би се изедначил на југот и на северот на земјата, само кога би ја немало мафијата. На југот многу малку се вложува во модернизација и проширување на производството затоа што енормни суми, особено кога се работи за мали и средни претпријатија, се даваат за осигурување на имотот. Причина- сеприсутната мафија која од нив зема рекет, тие настојуваат да се обезбедат од евентуална штета што таа би им ја нанела, па за проширување на производството не им останува ништо. Сопствениците на 700 такви претпријатија, опфатени со испитувањето, трошат вкупно 4,3 милијарди евра за осигурување на својот имот.

Прочитај и за ... >>  По катастрофалниот земјотрес на Хаити

Уште еден загрижувачки, за Италија поразителен податок: организираниот криминал секоја година „одзема“ од државниот трговски систем 20 милијарди евра, а 40% од таа сума, односно 8 милијарди евра одат директно во „џебовите“ на италијанските мафијаши.

Веќе ја „пофаливме“ власта- Владата во борбата против мафијата. Годинава таа е навистина мошне успешна: од неа запленила средства во вредност од над 5 милијарди долари, што е дури 3 пати повеќе отколку во 2007- мата. Сепак, не станува збор за „фрапантна“ сума, бидејќи според една неодамна објавена студија вкупната заработка на сите криминални организации во Италија (Мафијата од Сицилија, Камора во Неапол и Ндрагета од Калабрија) во последниве неколку години изнесувала околу 87 милијарди долари.

Со успесите се пофали министерот за внатрешни работи, Роберто Марони:

„Државата ја отсекува мафијата од нејзините пари“.

Интересен „детал“: запленет е и еден жолт „Ферари“ за кој министерот вели дека полицајците ќе го возат низ краиштата во кои има многу криминал за да покажат дека „победуваат“ во борбата против организираниот криминал.

Постојат и индивидуални битки на познати и помалку познати личности. Една од нив е италијанскиот новинар Роберто Савијано. Последното што го направи: постави сајт со податоци за мафијата и организираниот криминал. Савијано е автор на бестселерот за неаполската мафија „Kaмора“, а на сајтот можат да се најдат бројни написи на стручњаци, но и досиеја за процесот „Спартакус“ и заплената на имотот на мафијашите. Адресата е: OltreGomorra.com. Постојат и речник на мафијашкиот сленг, именик на антимафијашкото здружение „Italia će resiste“ (Италија која дава отпор), како и податоци за разни манифестации организирани во борбата против „октоподот“.

Прочитај и за ... >>  21-ви век: светот во рацете на мафијата*

Здружението „Io sono Saviano“ (Јас сум Савијано) на 20-ти декември организира протести против мафијата и корупцијата во 6 најголеми градови во Италија- Рим, Милано, Палермо, Месина, Калјари и Неапол.

Годинава ќе остане запаметена и според самоубиството на Гаетано Ло Прести, за кого постоеја сомнежи дека е водач на италијанската мафија. Како што соопшти италијанската полиција, тој се обесил во затворската ќелија во затворот Палјарели во Палермо.

Пред една недела полицијата започна опсежна акција против сицилијанската мафија, во чии рамки се упасени повеќе од 90 лица. Целта беше апсење на водачите на клановите и на припадниците на мафијашките семејства на подрачјата на Сицилија и Тоскана, во централна Италија. Водачите на клановите се осомничени дека сакале да ја обноват „Коза ностра“, односно да востановат раководство ке ќе спроведува стратегија на мафијашката мрежа, а која е разбиена по апсењето на нејзиниот последен познат водач Бернардо Провенцана, во 2006- тата година.

Службата на карабињерите во своето соопштение наведе дека зад тој план стои Матео Мeсина Денаро. Тој е еден од водачите на мафијата што се борат за контрола над сицилијанската мафија. Во акцијата против неа учествувале околу 1.200 карабињери, со поддршка од хеликоптери.

Прочитај и за ... >>  Важна победа на и за Република Македонија

Една занимливост што ја објавија италијанските весници при крајот на 2007- ма (ноември):

Во куќата на Салваторе лo Пиколo, главен бос на сицилијанската мафија, е пронајден „Устав на мафијата“, кој на иследувачите им дал единствен поглеd во она што го прави мафијашот совршен. Правилата се шегобијно наечени „10 мафијашки заповеди“:

„Се колнам дека ќе и бидам верен на Коза ностра. Ако ја предадам, нека ми изгори телото“, е една од „заповедите. „Не ги гледајте жените на нашите пријатели“, а се додава дека мафијашите треба да ги почитуваат своите жени и да исклучат од мафијата секого „што се однесува неморално“. Мафијашкиот кодекс и забранува пристап на мафијата на секој што има какви било врски со полицијата и пропишува дека мафијашите никогаш не смеат да бидат кумови на деца на полицајци и обратно. Мафијашите на своите надредени мора да им ја кажуваат вистината и не смеат да крадат од мафијашки семејства. „Имате обврска секогаш да бидете на услуга на Коза ностра, дури и ако вашата жена треба да се породи„. Мажот кого жената го изневерила не е подобен да биде член на мафијата,. што одговара на традиционалното, патријархално италијанско општествено однесување, кое не одобрува понижување на мажот.

Ќе ја следат ли и другите држави Италија како пример на ефикасна борба против мафијата односно организираниот криминал (вклучително и нашата; не мислам на „ситните“ криминалци, туку на „главите“ до кои и оваа и претходните власти никако не успеваат или не сакаат да „стасаат“)? Да, кога ќе им дојде преку глава. И на власта и на народот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here