Потребно време за читање: 5 минути

Бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Хаити надминува 200.000, а некои сметаат дека ќе биде поголем и од 300.000. Заедно со огромните разурнивања на најсиромашната земја на Карибите- првичните проценки се дека само за санирање се потребни над 10 милијарди долари, оваа трагедија ја наредува меѓу една од најголемите, ако не и најголема во поновата историја на човековата цивилизација (се рабзира, не земјаќи ги предвид светските и регионалните односно локалните војни).

Едновремено, растат сомнежите дека земјотресот не е природен, туку намерно предизвикан, односно оти се работи за тајно оружје со огромна разурнувачка моќ. Тие се поттикнати и од премолчувањето на сериозното тврдење на венецуелскиот претседател Хуго Чавез. Дури ги нема и потсмевања и карикирања на кои е тој „вообичаено“ изложен.

Последната официјална проценка за бројот на жртвите е дадена вчера: само во главниот град Порт-о-Пренс досега се откриени најмалку 150.000 загинати. Наведувајќи податоци од државната компанија ЦНЕ, која ги собира телата во областа на главниот град и ги погребува во масовна гробница, министерката за комуникации на Хаити, Мари-Лоранс Жослен Ласег, соопшти дека се уште никој не знае колку тела има под урнатините. Во другите делови на земјата најверојатно загинале повеќе илјади луѓе кои не се регистрирани во официјалните биланси, затоа што ги погребале членови на нивните семејства или останале под урнатините.

Властите на Хаити планираат повеќе од 400.000 луѓе кои останаа без домови да ги сместат во населби кои ќе бидат подигнати во околината на разурнатиот град Порт-о-Пренс. Во план е изградба на импровизирани села во кои жртвите од земјотресот ќе живеат привремено во шатори. Наскоро 100.000 би требало да бидат испратени во првите 10 импровизирани населби. Меѓутоа, тоа не е доволно, зашто во потресот без покрив над главата останале повеќе од 1,5 милиони луѓе.

А Американскиот геофизички институт смета дека опасноста од нови силни вторични потреси во следните 30 дена е значителна. Постои веројатност од 25% дека ќе се случи еден или неколку потреси со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала. Катастрофалниот земјотрес од 12-ти јануари беше со јачина од 7,3 степени, а секој вторичен потрес со јачина од над 5 степени се смета за силен и може да предизвика дополнителни штети.

Прочитај и за ... >>  Валканата дипломатска игра на Атина привршува

Руски научници тврдат дека земјотресот на Хаити е еден од најсилните во последните 100 години. Како доказ ги наведуваат сеизмичките активности на Земјата во последнава деценија. Поради тоа Меѓународниот институт за прогнозирање на земјотреси и математичка геофизика на Руската академија на науките развил единствен модел на предвидување на катастрофи, но за жал тој не е искористен на Хаити. Некои новински агенции ја пренесоа изјавата на дописниот член на Руската академија на науките Александар Соловјев дека методот кој го развиле научниците е прилично прецизен:

„Сеизмичките бранови во секое поле на истражување се посматраат врз основа на 7 индикатори. Во последниве неколку години се остварени 13 од 17 прогнози. 10 земјотреси се случиле според предвидувањата со точност на епицентарот од 1 километар“.

Хаити лежи на процеп на две тектонски плочи, каде што е поголема веројатноста од појава на земјотреси, но не се правени никакви мерења.

Се чини дека прогнозите веќе се остваруваат: синоќа нов земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтер го погоди Хаити, а еден час подоцна удар од 5,1 степен беше почувствуван на островот Гвадалуп. Нема информации за нови жртви или материјални штети, ниту предупредување за опасност од цунами.

Ваквите катастрофи неретко ги следат вистински чуда: 11 дена по земјотресот од „под земја“ е спасен 24-годишниот Визмонд Ескантус. Спасувачите со аплауз го пречекале среќното момче кое се појавило на носилка, но насмевнато и во добра состојба. Успеало да преживее благодарение на кока колата и грицките што ги пронашол.

Една од последните жртви извлечена под урнатините е бебе старо 20 дена- Елизабет Жосен. Таа во времето на земјотресот имала само 11 дена. Барајќи преживеани, француски спасители слушнале детски плач кој допирал од една пукнатина. Елизабет лежела на креветче каде што ја ставила мајката пред потресот. Врз девојчето ништо не се урнало оти нејзиното креветче се нашло во пукнатина. Спасителите ја извлекле и ја однеле в болница каде што ја пречекала мајката Мишлен (22).

Прочитај и за ... >>  Приоритет на ЕУ и ОН: Кипар

Инаку, спасувачките операции и официјално се завршени.

Претставници на 20 држави, на ОН, ММФ и на Меѓународната банка за развој денеска во Монтреал ги разгледаа плановите за координирање на хуманитарната помош за за разурнатиот остров. Усогласени се плановите за долгорочна обнова на земјата и подготовката за донаторската конференција, која најверојатно ќе биде свикана во март.

Во обновата на Хаити се вклучени и холивудските ѕвезди и обичните луѓе – на хуманитарниот телефон „Надеж за Хаити“ собраа 57 милиони долари. Малиот Чарли Симпсон од Лондон, пак, организираше возење на велосипед со кое собра неочекувани 65.000 фунти кои преку УНИЦЕФ ќе им ги испрати на врсниците на островот.

Меѓународните хуманитарни организации ангажирани на Хаити предупредуваат на една појава со се поголеми размери: можно е деца исчезнати од локалните болници да се прошверцувани на „црниот пазар“ на луѓе. Како што објави весникот „Гардијан“, засега не може да се одреди точниот број на деца за кои се тврди дека „ ги нема никаде“ и за кои се стравува дека се киднапирани и прошверцувани некаде надвор од Хаити, но хуманитарните работници зборуваат за дваесетина. Стравувањето на овие агенции за судбината на малолетниците е поттикнато од досегашното искуство со Хаити, каде што и пред земјотресот беше раширена појавата на шверцување и препродавање на деца на западниот пазар. Лондонскиот весник забележува дека таа раширена појава во оваа земја сега би можела да добие нов замав, откако многу тамошни деца по земјотресот се останати сами и без своите родители.

Хуманитарните агенции ги советуваат луѓето во западните држави, кои сакаат да посвојат дете, да не избрзуваат со одлуката затоа што таа може да биде „прерана и опасна“. Голем дел од нив може да не се сираци, туку киднапирани. Некои земји, како САД, Германија и Франција, одлучија да ја скратат процедурата за да го олеснат извлекувањето на децата од трустната зона, но по пријавеното исчезнување на деца од болниците француските власти прекинаа со брзото посвојување.

Прочитај и за ... >>  Масакр во американската воена база „Форт Худ“ во Тексас: 13 жртви на поулавен психијатар

И за обвинувањето и сомнежите:

Пред 3 дена државниот врв на Венецуела, односно претседателот Хуго Чавез ги обвини САД за поседување на оружје за предизвикување на земјотреси, со кое бил инициран катастрофалниот потрес на Хаити. Тоа се уште не е официјално демантирано (не треба ниту да се очекува), но се уште нема и коментари и анализи на „сериозноста“ на обвинувањето. Дотолку повеќе што венецуелската државна телевизија „ВиВа“, која го пренесе соопштението во кое се вели дека потресот бил предизвикан од американско експериментално тестирање на систем на брaнови, цитираше наводен извештај на Северната руска морнарица. Системот можел да предизвика климатски аномалии, како поплави, суши и урагани.

На Интернет страницата на ТВ станицата беше објавено и дека американската програма HAARP, која се занимава со истражувања на атмосферата на Алјаска, а често се користи како предмет на теорија на завера, е виновна за земјотресот од 9-ти јануари во Калифорнија, кој предизвикал големи лизгања на земјиште. Таа програма исто така би можела да биде виновна и за 7,8 степени силниот потрес во Кина кој во мај 2008-та однесе дури 90.000 жртви. Приказната подоцна е оттсранета од веб страницата, но е забележана на „Guglе“.

Наводно, крајна цел на овие експериментални напади е Иран, каде што со серија иницирани потреси би требало да биде соборен исламскиот режим.

Први кои би требало да реагираат на ваквите обвинувања односно тврдења се воените експерти и аналитичари, оние кои се директно или индиркетно инволвирани (стручни се, следат и имаат информации) за развојот на стратегиско оружје, пред се она за масовно уништување на „непријателски цели“, со големи жертви како „колатерална штета“ и огромни разурнувачки размери.

Priča o ovoj temi kasnije je uklonjena sa venecuelanske veb stranice, ali je zabeležena na „Guglu”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here