Потребно време за читање: 2 минути

Слободната интернетска енциклопедија Wikipedia денеска во целиот свет прослави 10 години постоење.

Со желба да се продолжи проектот под назив Nupedia, кој не успеа поради тоа што процесот беше премногу комплициран (текстови можеа да објавуваат само стручњаци од одредени области, а минуваа низ неколку фази на одобрување), Џими Велс ја формира Wikipedia.

Навраќање на почетоците:

Првиот напис беше „Астроном“ и пишуваше само: „Научник чија област на истражување е астрономијата“. Шведска: „Земја во северна Европа. Жителите се викаат Швеѓани. Јазикот што се говори е шведски. Главен град е Стокхолм“. Физика: „Физиката е мошне широка тема“.

Меѓутоа, за еден месец беа напишани илјада написи. Денес со Wikipedia се користат над 400 милиони луѓе секој месец. Таа нуди моментен пристап до информација бесплатно и без реклами.

Во последнава деценија огромната и единствена глобална зеадница на доброволци се собра да создаде повеќе од 17 милиони написи на 270 јазици, унапредувајќи ја целта на слободното знаење за секое лице на планетава.

Прочитај и за ... >>  Протестна манипулација

„Тешко е да се замисли дека минаа 10 години откако првпат ја уредував Wikipedia. Се сеќавам на тој прв ден. Кликнав на „Уреди“ и напишав „Здраво, свету“, и тоа беше почетокот на Wikipedia и на сите работи кои оттогаш се случија. Сакам да им се заблагодарам на сите кои помогнаа“, изјави нејзиниот основач Џими Велс.

Тој рече и оти сака да им се заблагодари на сите кои придонеле за нејзината работа.

„Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои ја уредуваа Wikipedia, кои придонесоа за оваа голема база на знаење. Сакам да му се заблагодарам секому кој ја чита Wikipedia, кој навистина се занимава со идеи и знаење. Тоа е она за што ја направивме: ја направивме за вие да ја читате“.

Зад Wikipedia и останатите Wiki проекти стои Wikimedia Foundation, чиј огранок постои и во Македонија.

Што е Wikipedia? Од нејзината насловна страница:

Изданија на Википедија постојат на повеќе од 200 јазици со заеднички збир од неколку милиони статии. Сите тие го користат истиот основен софтвер, МедијаВики. Сите се сопственост на Фондацијата Викимедија, непрофитна организација од САД која оперира и со други колаборативни проекти на Интернет, вклучувајќи ги Заедничка ризница, Викиизвор, Викиречник, Викивидови, Викивести, Викикниги, Викицитат и Викиуниверзитет.

Прочитај и за ... >>  Светската криза се продлабочува. 2009- та е нејзиниот вистински почеток!

Секое јазично издание на Википедија се раководи самостојно и тоа речиси целосно преку трудот на десетици илјади неплатени волонтери. Фондацијата Викимедија има само мал платен персонал, вклучувајќи неколкумина програмери. Таа купува опрема, го дизајнира и применува софтверот и плаќа за мрежниот сообраќај создаден од нејзините проекти, но ги нема ресурсите за да пишува на овие проекти. Сето пишување и уредување го прават луѓе кои не добиваат пари за нивниот труд, туку само скриено внатрешно задоволство.

Се потенцира дека Wikipedia секогаш ќе биде дело во развивање, а не завршен производ.

Домејнот Wikipedia.org е меѓу најпосетените на Интернет, бидејќи не постои слободна алтернатива за поголемиот дел од информациите на Wikipedia.

Дали нашиов сајт „Паноптикум“ е нешто слично (мнногу помало според обемот)? Не, туку напротив, сосема различно. Само во еден сегмент- едукативниот има допирни точки, и тоа во рубриките „Лична енциклопедија“ и „Едукатор“.

„Паноптикум“ е еден вид персонален едукативно- информативно- забавно- творечки авторски сајт, мошне специфичен, но кој исто така содржи огромен број на написи- во моментов над 1.500!

Прочитај и за ... >>  Се повеќе „европски аграр“ во Македонија

Можеби најважното: за разлика од Wikipedia, „Паноптикум“ не го финансира НИКОЈ (засега нема ниту „трага“ од маркетинг), а го уредува и „суредува“ (администрира) ЕДЕН ЕДИНСТВЕН ЧОВЕК!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here