Потребно време за читање: 4 минути

Најновите вести се повеќе го доведуваат под сомнеж успехот на САД. Најнапред дека фотографијата на убиениот Осама бин Ладен е фотомонтажа-проверено и потврдено. А се јавуваат и тврдења дека тој е жив!

Каква последна- претсмртна видео порака снимил Ладен?

Очекувано одговор на Ал Каеада: први жртви на одмазда

Се чини дека во наредните часови, денови, недели, можеби и месеци (имајќи го предвид „редоследот“) дежурна тема, што ќе рече секојдневна, ќе биде убиството на Осама бин Ладен. Нема да ја замени ниедна друга, освен ако се случи некаква катастрофа- катаклизма (не дај Боже) или, на пример, дојде до „ненадејна средба“ на човечката со друга, непозната, вонземна цивилизација.

Официјално:

Со анализа на ДНК е потврдено дека водачот на терористичката организација Ал Каеда е убиен. Со анализата е утврдено совпаѓање на ДНК, а потоа неговото тело е погребано, изјави официјално лице под услов да остане анонимно.

Како што соопшти вишо разузнавачко лице на конференција за новинари, САД користеле повеќе различни средства за идентификација. Притоа додал дека жена, веројатно сопруга на Бин Ладен, го потврдила неговиот идентитет.

Пакистанската телевизија објави фотографија на убиениот бин Ладен. Погребан е в море оти се сакало по секоја цена да се избегне гробот на Бин Ладен да стане место на аџилак. Притоа, Американците ги почитувале сите верски обврски. Имено, според исламската традиција телото мора да го измијат муслимани и да го погребаат што е можно побрзо, најчесто до следната молитва, иако може да има одложувања под посебни околности.

Фотографијата не мртвиот Осама не ги убеди баш сите дека е тој навистина мртов. Имено, таа има премногу сличности со една која е направена додека бил жив. Автентичноста не ја потврдија американски, а ни пакистански официјални лица. Телевизијата NBC јави дека добила предупредување од две американски официјални лица оти фотографијата е лажирана!

Прочитај и за ... >>  Масакр во американската воена база „Форт Худ“ во Тексас: 13 жртви на поулавен психијатар

Во меѓувреме, француската новинска агенција АФП извршила проверка на веродостојноста со специјален софтвер. Било потврдено дека станува збор за фотомонтажа, на која била искористена брадата и долниот дел од лицето на Бин Ладен.

„Брадата на снимката е матна. Јасно се гледа дека тоа е фотомонтажа“, изјавил главниот уредник на фотографскиот сектор во АФП, Младен Антонов.

Според „Асошиејтед Прес“, Белата куќа сеуште не одлучила дали да објави фотографски докази дека водачот на Ал Каеда е мртов.

Најнова вест:

Амбасадорот на Пакистан во САД, Хусаин Хакани, изјави дека Исламабад ќе преземе целосна истрага за пропустите на неговите разузнавачки служби во потрагата по Осама бин Ладен.

„Очевидно е дека Бин Ладен имал мрежа која го поддржувала. Треба да дознаеме дали таа мрежа се наоѓала во Владата, во пакистанската држава или пакистанското општество“, објасни тој во интервју за Си-Ен-Ен.

Ќе биде извршена целосна истрага за да се утврди зошто пакистанските разузнавачки служби не успеале да го откријат порано.

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари денеска негираше дека пакистанските безбедносни сили го криеле Бин Ладен, истакнувајќи дека соработката со САД придонела да биде лоциран најбараниот терорист во светот.

Тоа е прв официјален одговор од Пакистан на сомневањата кои ги изнесоа одделни американски претставници и други критичари, а кои би можеле дополнително да ги влошат односите помеѓу Исламабад и Вашингтон во критичен момент за војната во Авганистан.

Од друга страна, „Њујорк тајмс“ објави дека официјален Пакистан знаел каде се крие водачот на Ал Каеда!

И уште една очекувана, загрижувачка вест:

Само неколку часа по објавувањето на веста дека Осама бин Ладен е убиен во Пакистан, во земјата во близина на една џамија во Чаршада одекнала експлозија во која загинаа жена и три деца.

Истовремено, во САД безбедносните мерки се подигнати на највисоко ниво.

Светот е внимателен поради можните одмазди на Ал Каеда. Тоа најмногу се забележува на аеродромите во Лос Анџелес и на улиците на Њујорк, што не би требало да зачудува со оглед на тоа дека од Пакистан веќе пристигнаа првите закани од следбеникот на бин Ладен.

Прочитај и за ... >>  Убиството на Бин Ладен и натаму светска топ тема

Американски разузнавачи веруваат дека водачот на Ал Каеда непосредно пред смртта снимил пропагандна порака која наскоро би можела да се појави во јавноста. Не е јасно дали се работи за аудио или видео снимка, но едно неименувано американско официјално лице тврди дека материјалот веќе влегол во „процедура“ за објавување во медиумската мрежа на Ал Каеда. Тој вели дека нема назнаки оти Бин Ладен во моментот на снимање на пораката знаел дека минутите му се изброени.

Советот за безбедност на ОН го поздрави фактот дека Осама бин Ладен веќе нема да биде во можност некому да му наштети и истакнува дека таа вест претставува „суштински напредок“ во борбата против тероризмот.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, изјави дека со убиството на Бин Ладен и е зададен удар на Ал Каеда и на терористичките активности ширум светот.

„Сега треба да сториме се што е во наша моќ во целост да ја онеспособиме Ал Каеда, зашто постои голем ризик од одмаздничка акција“, додаде таа.

Кина е последната голема земја која реагира на смртта на Осама бин Ладен. Оценува дека неговото убиство е „позитивен развој на настаните“ во борбата против тероризмот и повикува на јакнење на соработката во светот во таа борба.

САД ги затворија за јавноста амбасадата и три конзулати во Пакистан откако Осама бин Ладен е убиен во близина на престолнината Исламабад.

Повеќе стотици луѓе вчера излегоа на улиците во југозападниот град Кета, во близина на границата со Авганистан, за да му оддадат почит на бин Ладен и да протестираат против САД.

Прочитај и за ... >>  Невешта замка: едно име за севкупна употреба

Објавено е дека претседателот на САД, Барак Обама, и негови најблиски соработници во Белата куќа во живо го следеле убиството на Осама бин Ладен. На шлемот на еден од специјалците, припадник на единицата „фоки“, била прицврстена камера која го пренесувала текот на акцијата кон Вашингтон.

Инаку, по смртта на бин Ладен се појавија шпекулации за тоа кој ќе стане нов лидер на Ал Каеда. Според мислењето на разузнавачки стручњаци, прв кандидат за наследник е Египтјанинот Ајман ел- Завахри (59) кој беше личен лека на бин Ладен.

Интересно е дека оперативците на ЦИА за Осама бин Ладен користеле шифрувано име „Џеронимо“. Кога водачот на Ал Каеда паднал смртно погоден, официјалната информација од ЦИА за претседателот Обама не била „Бин Ладен е мртов“, туку „Џеронимо е мртов во акцијата“.

Џеронимо (1829. – 1909.) е американски Индијанец, припадник на племето Апачи, кој се борел против Американците и Мексиканците кои сакале да ги прошират своите територии на сметка на земјата на Апачите. По години минати во бегство и борба, умрел како затвореник на САД.

Последна вест:

Синеастите кои ја снимија драмата за борбата против терористи „Катанец за бол“ подготвуваат акционен трилер за потрагата по Осама бин Ладен.

Како што јавија светските агенции, лице блиско на проектот, кое инсистирало да остане анонимно оти нема одобрение да зборува, рекло дека оскаровката Кетрин Бигелоу и сценаристот Марк Бол веќе неколку месеци работат на тоа проектот да биде фокусиран на акција на фаќање на водачот на Ал Каеда.

„Холивуд рипортер“ објави дека Бигелоу сигурно ќе го менува сценаериото со оглед дека американските сили го убија бин Ладен во ноќта помеѓу саботата и неделата во Пакистан, а нејзиниот проект бил заснован на еден поранешен обид на фаќање на водачот на Ал Каеда кој завршил со фијаско.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here