Потребно време за читање: 4 минути

Светот со интерес, а пред се со љубопитство ја проследи пуситнската бура во Австралија, во најголемиот град Сиднеј. Меѓутоа, малкумина коментираат дека последиците од неа не се само моментни, туку допрва ќе следат. Не само за Австралијците.Црвената прашина што ја нанесоа ветришта од правецот на пустината практично го запре животот во Сиднеј (со тешко дишење и опасност од брзо задушување). Бурата започна во подрачјето на градот Брокен Хил, а стаса до 1.160 километри оддалечениот Сиднеј, погодувајќи го и јужниот дел на државата Квинсленд.

Како што јавија светските агенции, видливоста во Сиднеј била толку лоша што меѓународените летови биле пренасочени на други аеродроми, во Мелбурн и Аделјад, а патничките траекти во градското пристаниште не сообраќале неколку часа.

Никој не е повреден, но Брзата помош соопштила дека примила околу 200 повици од луѓе кои имале тешкотии со дишењето. Полицијата ги предупредила возачите да бидат особено внимателни поради лошата видливост од сенасе 50 метри. Тунелот на автопатот М5, кој го поврзува западниот дел на Сиднеј со центарот на градот, бил затворен за сообраќај поради огромните наслаги од црвена прашина. Голем број на пожарни аларми биле активирани што поредизвикало и хаос во противпожарните служби. За среќа, мошне брзо сопствениците на алармите ги исклучиле противпожарните уреди.

На децата и постарите лица им е советувано да останат во домовите, а многумина жители носеле маски на лицата.

Прочитај и за ... >>  Геостратешкиот интерес на Русија и Арктикот

Индексот на загадување на воздухот во Сиденј достигнал 4.164, а се смета дека ниво над 200 е ризично за здравјето.

Прашината ја нанеле силни ветришта од западот на државата, опустошен од суши. Забележано е дека дувале со брзина од 65, а достасувале и до 100 километри на час.

Се работи за најлоша песочна бура што ја погодила Австралија во последните 70 години. Внатрешноста на јужна Австралија ја погодиле 10 мошне сушни години, што со силните западни ветришта предизвикало вака силни бури.

Забележани се и два помали земјотреса и силни дождови во државата Викторија, поради што е предупредено на можност од поплави.

Австралија спаѓа помеѓу земјите кои се најтешко погодени од климатските промени, но и во најголемите светски емитери на јаглероден двооксид кој создава ефект на стаклена градина.

Изјава на Џејн Голдинг, дежурен прогностичар во Федералното биро за метеорологија:

„Вакво нешто се уште не сум видела. Прашината ни ја донесе силен ветер од пустинските делови на Нов Јужен Велс и Јужна Австралија. Сонцето не можело да ги пробие големите облаци од прашина и, прекршувајќи го своите зраци, направило неверојатна црвена боја над Сиднеј“.

Одделни делови на Нов Јужен Велс ги зафатило невреме проследено до силен град и големи парчиња на мраз што ги кршеле прозорците на куќите. Во Квинсленд е забрането палење на огнови на отворен простор поради опасност од избивање на пожари предизвикани одмошне топлото и суво време.

Прочитај и за ... >>  Храната и нафтата

Да потсетам, во март годинава се случи најголема еколошка катастрофа на континентот (оваа со црвената прашина според моментните последиците очигледно не е, а во подолг период допрва ќе се утврдува) : нафта излеана од товарен брод пронајде пат до брегот на континентот и загади подрачје од 64 километри на Квинсленд, во североисточна Австралија.

Премиерот на Австралија Кевин Рад подрачјето на популарната туристичка плажа Саншајн, како и островите Моретон и Бриби, го прогласи за зона на катастрофа. Се работи за танкер од Хонг Конг кој бил зафатен и оштетен од бура, при што испуштил во морето 31 контејнер (620 тони) амониум- нитратно вештачко ѓубре, како и 230 тони нафта. Беше потвдено дека дамката е токсична, канцерогена и опасна за флората и фауната. На островот Моретон веднаш биле активирани работници за чистење и спасување на животни.

Се разбира, песочната бура е нешто сосема различно од излеаната нафта, но имаат заеднички именител: еколошка загаденост односно загадување на климата и природната околина.

Постои ли надеж дека светот, а особено најразвиените земји ќе престанат да глумат загриженост и подготвеност за акција и ќе почнат да дејствуваат конкретно за „оздравување“ на климата што во имзинатите децении токму тие најмногу ја „разболеа“ и продолжуваа да ја „разболуваат“ со несмалено темпо)? Се чини да. Звучи парадокслано, но се проценува дека светски лидер во борбата за намалување на емисијата на штетни гасови би можела да стане- Кина, инаку најголем загадувач на светот. Ив де Боер, секретар на Секретаријатот на ОН за климатски промени, на најголемиот досега светски собир за климатски промени под покровителство на ОН, што се одржа во вторникот (22.09.) со учество на околу 100- мина шефови на држави и влади, го потенцира значењето што кинескиот претседател Ху Џинтао и го придава на оваа тема. Неговиот говор би можел да им даде нов поттик на меѓународните преговори за климатските промени во пресрет на декемвриската „историска“ конференција во Копенхаген, каде што треба да биде усвоена нова спогодба што ќе го замени протоколот од Кјото (завршува во 2012- та година, а освен САД него не го ратификува и Австралија).

Прочитај и за ... >>  Самитот на Г- 20 во Лондон- историски или не

Акциите од Кина посредно би можеле да придонeсат и за решавање на „климатскиот јазел“ во САД, потоа во односите помеѓу Европа и Америка, како и јазот помеѓу индустријализираните земји и земјите во развој во врска со начините на борба против глобалното загадување.

Поттик на преговорите кои западнаа во ќорсокак би била и најавената “инјекција“ на лидерите од Самитот Г20, кон крајот на неделава во Питсбург, каде што треба да биде предложена помош за земјите во развој во борбата против климатското загревање.

Познато е, Кина и САД со по 20- тина проценти се најголеми „производители“ на јаглероден двооксид. Додатни 14% од согорување на енергенти емитира Европската унија, а ја следат Русија и Индија со по 5%.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here