Потребно време за читање: 3 минути

Министерството за култура на Македонија е секако едно од најуспешните во 2009-та, со многу реализирани значајни проекти, со несомнени вредносни димензии и перспективи. А судејќи според најавите за 2010-та, нема сомнение дека ќе се продолжи со исто, ако не и поголемо темпо.

Забележливо е дека дури и опозицијата, за која важи „Владата ништо не прави, не ја бидува и затоа се е катастрофа“, нема забелешки односно молчи пред она што претставува континурана интензивна работа и врвни културни достигнувања.

„Отчетот“ опфаќа потрошени 12 милиони евра за реализација на различни проекти, од кои се издвојуваат гостувањето на Бољшој оркестарот во Скопје, откупот на 44 дела од Никола Мартиновски, јубилејот на ансамблот Танец, концертот за мир во Ватикан, гостувањето на Енио Мориконе на Охридско лето и др. За да не останат во долгови, на крајот на годинава на некои институции им биле скратени програмите.

Од сите нив со временски и просторно пошироко значење се издвојуваат реконструкција на домови на кутурата, уредување на музејски поставки музеи и преведувањето- објавувањето на учебници што се користат на врвни универзитети во САД и Европа (пред 2 дена беа промовирани нови 22).

Прочитај и за ... >>  Треба ли да го прашате народот за да го слушнете?

Во 2008-ма е извршена согледба на состојбите и е утврдено дека центрите за култура во градовите низ Македонија се во очајна состојба.

За реконструкција на 22 домови на културата, уредување на поставките во 11 музеи во градовите во Македонија и инвестирање главно за поправки во националните институции, Министерството за култура годинава потрошило околу 1 милиони и 780 илјади евра. Околу 10 милиони денари се потрошени за уредување на музејските поставки, 38 во центрите, домовите за култура, во националните и во локалните институции, и 52 милиона во националните институции. Или вкупно околу 110 милиони денари. Во Скопје е доградена и дигитализирана НУБ „Св. Климент Охридски“, санирана фасадата на Македонската опера и балет, уредени се депоата на Кинотеката на Македонија, а е инвестирано и во уредување на просториите на Филмскиот фонд и на Ансамблот „Танец“.

Според министерката Елизабета Канчевска- Милевска, сите зафати обезбедиле позитивни услови за непречена работа на уметниците во институциите и бил поттикнат локалниот културен развој.

Прочитај и за ... >>  И официјално: вонредни парламентарни избори во Македонија на 5. јуни

22-те нови стручни книги од проектот за превод на учебници, што се користат на врвни универзитети во САД и во Европа, се од областа на ликовната, музичката, театарската и филмската уметност, археологијата, етнографијата, музеологијата и библиотекарството. Заедно со нив досега се преведени и објавени вкупно 165 книги од 500, колку што се планирани во првата фаза на проектот. Тој треба да заврши во 2010-та, а Владата одлучи да има и втора фаза во која ќе бидат преведени и етапно печатени уште 500 нови книги и 50 изданија од областа на информатиката. Целиот проект треба да заврши на крајот од 2011-та или на почетокот од 2012-та година, со отпечатени 1.050 стручни книги кои се дистрибуираат до универзитетските библиотеки.

Како што потенцира премиерот Груевски на промоцијата на Филозофскиот факултет во Скопје, се работи за учебници кои се врв на научната мисла и се голема придобивка за студентите и идните генерации „кои не само што ќе се стекнат со многу поголеми знаења, туку ќе имаат и огромна самодоверба кога ќе излезат од границите на Македонија- да бидат на исто рамниште со оние кои студирале на врвните универзитети во светот“.

Прочитај и за ... >>  Решено ли е или се уште не

А во 2010-та година? Министерката денеска ги објави приротетите во културата за кои во државниот Буџетот се предвидени 13-тина милиони евра.

Основно:

„Подобрување на една културна клима во Република Македонија и се разбира едно побогато културно живеење, а пред се поддршка на квалитетни проекти кои што ќе дадат прифаќање на една елитна програмска култура и програмска содржина“.

Од објектите што се во изградба, најбрзо ќе биде завршена спомен- куќата на Тоше Проески. Наскоро ќе почне да се гради турски театар, а еден од клучните капитални проекти ќе биде обновувањето на Старата скопска чаршија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here