Потребно време за читање: 4 минути

Деновиве во рамките на „вториот дел“ од предизборната кампања (пред вториот круг на гласање на 5- ти март , особено за локалните избори, ни се случува вистинска ветувачка „бомбардировка“. Пред се од кандидатите за градоначалници на ВМРО- ДПМНЕ и коалцијата „За поодобра Макдонија“ (кои се најмногу присутни во платениот политички маркетинг на телевизиите). Беза оглед што е се „покриено“ со напишана програма која, самите потенцираат, е обврзувачка.

„Најдалеку“ во тоа отиде кандидатот за градоначалник на Скопје Коце Трајановски. Просто жив страв ме фаќа кога ќе помислам дека глатко ќе го победи својот ривал Тито Петковски, кој, пак, со своите ветувања може „вода да му носи“. Знаете зошто? Затоа што не сум сигурен дека ќе заслужувам и натаму да живеам во Скопјево неадаптиран на „светска метропола“. Мислам дека во таква состојба се многумина и од вас.

Ќе биде добро ако се оствари макар половината од се што се ветува, како што еднаш го слушнав премиерот Груевски (мислејќи на ветувањата „на ниво“ на Влада)? А не, така не може! Или се или…

Ај „обратно“ замислете: сум се стокмил некако за живеачка во „светска метропола“, а градначалникот успеал да ја направи таква само „половично“. Што живот ќе биде тоа?

А еве што напишав и објавив токму за предизборните ветувања „како такви“ на 11.04.2006, пред парламентарните избори таа година. Насловот: „Ветувањето за лудиот радување, а за умниот…глупирање!“

Најголемиот проблем што (ќе) го имаат партиите кои ќе учествуваат на годинашниве парламентарни избори очигледно е самиот предизборен настап односно кампањата, конкретно нејзината содржина. Основното е не дали да се оди со ветувања, бидејќи без нив едноставно не се може, туку со колку, какви и до каде. Јасно е дека оној што, на пример, пред гласачите ќе излезе со: „Ние не ветуваме брда и долини, туку дека само ќе работиме за ваше добро , за доброто на Македонија“, нема да помине лесно. Ова особено се однесува на оние што досега токму благодарение на големи ветувања ја освојуваа власта. Има и друга опасност (на која веќе се укажува во однос на досегашните промоции на коалиционите партии во власта- конкретно на ЛДП): популизам, кој најмалку може да им биде својствен на либерално- демократски, социјалдемократски, квазиграѓански партии (лесно може да се докаже дека вистинска граѓанска партија се уште не се појавила на македонската политичка сцена- нејзиното појавување е оневозможено од постојните). Макар што и досегашните големи, а лажни, неостварени ветувања (оние на СДСМ или на ДА) беа популистички, ама никој не се сети да ги крсти така.

Прочитај и за ... >>  Лидерска средба без никакво значење

Како и да е, партиите и во власта и во опозицијата се во најголема дилема досега: без ветувања не се може, но и како со нив? Особено ако се има предвид катастрофално нискиот, мизерен рејтинг и на едните и на другите.

Некои „теоретичари“ веќе инаугурираа „соломонски“ решенија: постојат „реални“ и „нереални“ ветувања, „можни“ и „неможни“, „големи“ и „мали“ и сл; па се обидуваат да воспостават- дефинираат „разлики во нијансите“ помеѓу нив. А всушност отсекогаш се се сведувало и се сведува на две „нешта“: дали на ветувањата може да им се верува, дали ќе им се поверува, без оглед кој ги дава, и што било, што е, особено што ќе биде со гаранциите, одговорноста односно последиците од нивното неостварување (неодминлив во однос на нив е отчетот!). Во врска со второво веќе имаме еден „светол“ пример: откако оцени дека не може да го реализира она што го вети (и тоа со рокови), а поради што однесе „фуриозна“ победа, ДА се повлече од власта.

Прочитај и за ... >>  Грабежот

Досегашниот и сегашниот рејтинг на партиите и нивните лидери најмногу беше и е резултат на ветувањата, поточно лагите и манипулациите. Тоа ќе рече дека нови ветувања од нив едноставно нема да „играат“. Впрочем, ваквото тврдење веќе се докажа со првите големи ветувања од страна на ЛДП: како коалиционен партнер во досегашната Влада, за нов мандат (нова доверба) оваа партија ќе бара (замислете, иако е во власта и се надева дека пак ќе ја добие „ќе бара“!; од кого?; од „големијот брат“?) укинување на данокот на добивка и намалување на ДДВ на 5%. Ветување кое предизвика општа смеа, па дури и од самиот лидер Ристо Пенов. Притоа е интересно што обично при вакви барања „финансискиот“ Никола Поповски реагирал токму со иронија, а овојпат премолче. Веројатно и тој се воздржува да не се изнасмее.

Но, дали ветувањата од новите партии можат да „заиграат“? И тоа тешко, бидејќи, како што е познато, „изгорениот дува и на маштеница“. А „мали“ (веројатно се мисли на скромни) ветувања? Тие, пак, ептен ќе нема кој да ги слушне, а камо ли за нив да се определи при гласањето.

Прочитај и за ... >>  Балканска партиска политика

Се разбира, сите ветувања, како и досега, ќе бидат убаво спакувани во предизборни програми кои „се подготвуваат сериозно“, и тоа на високо „ескпертско“ ниво. (Ај да бидам малку ироничен, па да поставам „неодминливо“ прашање: дали СДСМ и овојпат има ангажирано „200- 300 експерти“, како минатиот пат?) И во тој однос има еден голем проблем: како да му се понуди „експертска“ програма на народ кого некои партии (конкретно СДСМ) веќе си поставија за задача во наредниот период на владеење да го „европеизираат“? (Патем, им се чудам на оние што се „110% сигурни“ дека партијата на Бучковски ќе изгуби; или нешто не им е јасно или се обични „политички дилетантни“ штом ништо не научиле од досегашните избори кои, нели, беа фер и демократски, ама не баш „европски“). Зарем се надеваат дека ќе им ги разберат и прифатат неевропеизирани?

Се надевам дека немате дилема дали треба или не да се согласите со мене: не само во принцип, туку и ептен конкретно, со оглед на состојбиве и ситуацијава, а особено перспективата, предизборните ветувања овојпат и „во најмали детали“ ќе бидат за лудиот радување, а за умниот глупирање. Почнувајќи од денес(ка), водете сметка во која група ќе ве „снимат“.

Бидете сигурни дека е многу поинтересно да се глупирате како умни луѓе. Особено во предизборниот период, при следењето и учеството во предизборната кампања.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here