Потребно време за читање: 4 минути

Уште на самиот старт на кампањата „И јас сум А1“, што беше најавено дека ќе трае до крајот на февруари, а ненајавено продолжи и месецов- март, искажав јасен став дека е неприфатлива, немушта, инфантилна, на моменти и кловновска во нејзината реализација. На пример одењето по куќи и собирањето на потписи што, за среќа, брзо беше напуштено. Во спротивно, можеше лесно да се случи да чукнат на вратата на некој ВМРО-вец, па лесно е да се претпостави на какви непријатности би се нашле „чукачите“.

И притоа потенцирав дека колегите- новинари на А1 ТВ со тоа „одработуваат“ исклучиво во корист на сопствената штета.

Потврда на мојот став „стаса“ деновиве, а реакцијата на „засегнатите“ е нервозна и недостоинствена.

Воопшто не сакам да навлегувам во тоа дали зад личниот протест на Александар Илиевски со платени билборди „против А1“ (според реакцијата на новинарите од оваа ТВ куќа) и собирањето потписи за поддршка стои, како што тврдат, ВМРО (ја смислил тој самиот и ја платил или не), односно дали е таа дел од „смисленото сценарио на власта за уништување на критички настроениот медиум.

(Патем, оној што ја знае разликата помеѓу критика и критизерство, независно односно објективно и пристрасно, во конкретниов случај опозицонерско новинарство, со многу факти и арггументи може да го затврди ставот дека „дотичниот“ медиум воопшто не е критички настроен!).

Тоа е сосема ирелевантно, бидејќи е право на секој граѓанин да го прави она што не е спротивно на законот, како што истото право го користат и колегите- новинари на А1 ТВ. Не стои никој зад нив, па и пред нив?! Недозволиво е, исто така, тој личен протест да се оценува како „негативна кампања“ против А1 ТВ , бидејќи и кампањата за поистоветување со неа е во суштина негативна- класичен пример на злоупотреба на јавното мислење!

Прочитај и за ... >>  Во одбрана на достоинството на новинарската професија

Повторувам нешто што веќе го напипшав: поистоветување со фирма е вообичаено во бизнисот, но на вработените во неа (тоа се вика лојалност)! Од оние што го купуваат производот или ја плаќаат услугата може да се бара единствено потврда на довербата, а која се стекнува исклучиво со квалитетот, односот, потврдената професионалност итн. Ова е во „првата буква“ од уката и науката за бизнисот, каков било да е.

Ќе биде многу интересно ако заканата од А1 ТВ за покренување на обвинение против две кривични дела- клевета и злоупотреба на бренд се реализира, па да се следи самиот судски процес „во живо“. Засега само ја цитирам билбордската порака: „Јас не сум А1 ТВ. Јас плаќам данок!!!“.

Од „нервозата“ на колегите- новинари на А1 ТВ:

Во нивни прилог се тврди дека граѓанинот Илиевски организирал потписи против А1. Не е точно: тој организира потписи за потврда дека не е А1 ТВ и оти плаќа данок! Како што „симболичниот“ слоган на кампањата на А1 ТВ се „објаснува“ како „поддршка“ на „демократијата, слободата…“ во Македонија, што е исто така во најмала мера неточно (толкување) и неприфатливо.

Прито, воопшто не е важно, дури е недозволиво, недостоинствено тој да се омаловажува со „откритието“ дека бил „водоводџија“- вработен магационер во „Водовод“ и син на познат фудбалер; тој на билбордите не се потпишува со својата професија или работно место и со „роднинската врска“; исто така е недостоинтвено да се шпекулира со тоа од кај му се „1.300 евра“ за кампањата бидејќи е тоа негов личен проблем.

Прочитај и за ... >>  Реален и развоен буџет за 2010- та година

Многу „посилен“ удар на неприфатливата, немушта, инфантилна и на моменти ковновска кампања на А1 ТВ направи АБ Телевизијата (со ист статус како и А1 ТВ- трговско радиодифузно друштво, освен со опфатот на дозволата: АБ е локална, а А1 ТВ национална телевизија): до шаторот на А1, АБ подигна исто така шатор во кој ќе останат, како што тврди сопственикот на телевизијата Бојо Андревски, се додека Велија Рамковски не им ги врати долговите. Андревски со беџ на кој пишува „Велија ми должи и мене“ тврди дека не може да си наплати околу 200.000 евра долг, иако има правосилна судска пресуда за наплата. Притоа Андреев се закани декла „ако брзо не ни бидат платени средствата, ние ќе застанеме и пред А1 телевизија“.

Претходно вработените во печатницата „Цетис“, на која и должат фирмите „Синим ДООЕЛ“ и „Време Еч“- издавачи на весниците „Време“ и „Шпиц“ поднесоа и кривична пријава против Велија Рамковски и двајцата управители на фирмите должници. Ги товарат за измама и оштета на доверители, бидејќи го обезвредниле имотот на двете фирми и не можеле да го наплатат долгот.

И повторно нервозната, поточно инфантилната реакција на новинар на А1 ТВ (објавен прилог): „во сценариото на власта за линч врз (белким на-заб.м.) А1 и нејзините новинари денеска се вклучи коалициониот партнер на Груевски, бизнисменот Бојо Андрески“. Ова е „класична“ клевета која лесно може да предизвика покренување на доказна постапка- дека посочениот бизнисмен е „коалиционен партнер на Груевски“! Притоа, бараниот долг е „намален“ на 150.000, а „насобраните не знаеја зошто се дојдени “ (пред обивинителството). Се оди и на лична навреда (исто така ептен „зрела“ за судска постапка), дека „Андрески прифати да биде статист во сценариото на Груевски за пресметка со А1, веројатно во обид да ги спаси своите бизниси“. Па уште и инфантилно „обопштување“ односно прашање, исто така „клеветнички материјал“:

Прочитај и за ... >>  Медиумска лага во „рамки“

„Дали со тоа ја потврдува тезата дека на Универзитетот нема доволно ниту студенти, ниту кадар за да опстои, а и медиумскиот бизнис му е пред колапс“.

Од друга страна, цитираното реагирање- новинарски прилог на индиректен, но и директен начин го негира адвокатот на Рамковски, Мирослав Вуиќ, кој смета дека случајот е опфатен со истрагата „Пајажина“:

„Првпат слушам, но секој има право да поднесе кривична пријава до обвинителството. Сметам дека тој случај со „Цетис“ е во рамките на истрагата која е во тек“.

Што сега? Моја колегијална порака:

„Дечки“ од А1 ТВ, итно кренете си го шаторот од пред Владата на Република Македонија, заокружете ја бројката на ваши „поддржувачи“ на 2 милиона и прекинете ја кампањата со „симболичниот“ слоган „И јас сум А1“. Имате оправдување за пред нив: „Доволно беше, целта е остварена“!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here