Потребно време за читање: 2 минути

Наместо да се поддржи борбата против медиумскиот криминал, кој подразбира не само перење на пари на најразлични „груби“ и „софистицирани“ начини, не само полит- бизнсменска манипулација со јавноста, изигрување на законската регулатива (најнапред на постојниот Закон за радиодифузија, а потоа и на „општите“ за деловно работење на трговските друштва- даночно затајување итн.), наместо вработените во А1 ТВ и весниците од „Перо Наков б.б.“ да водат кампања за поддршка на нивното новинарство како „последна одбрана на демократијата во Македонија, „последен час“ е СИТЕ ЗАЕДНО, вработените во сите електронски и печатени медиуми да започнат РЕШИТЕЛНА БОРБА во одбрана на ДОСТОИНСТВОТО НА НОВИНАРСКАТА ПРОФЕСИЈА. Предводени од „реформираното“ Здружение на новинарите на Македонија. Со максимална секаква поддршка, и морална и материјална, од меѓународната заедница.

Во изминативе 15- тина година „демократизацијата“ на македонскиот медиумски простор, што започна со „слободно“ отворање на огромен број на медиуми, пред се електронски, што ќе рече без никаков критериум, за потоа да се потрошат години и години за негово „регулирање“ (до ден- денес тој се уште се „регулира“; претстои нов Закон за радиодифузија со оценка дека постојниов, како претходниот (првиот) „не чини“), го покажа и, за жал, го покажува своето вистинско грдо лице:
-урнати- урнисани професионални, пред се новинарски норми и стандарди;
-максимална политизација- партизација- инструментализација;
-жестока, „крвава и крволочна“ меѓусебна битка (помеѓу медиумите) за што поголем дел од маркетиншкиот колач.
А пред се и над се уривање- урнисување на достоинството на новинарската професија:
-со минимално, дури срамно плаќање на новинарскиот труд (секако и „придружниот“- техничкиот, организациониот и маркетиншкиот);
-вовлекување во „газдински“ криминал, на пример со исплаќање на цела плата или дел од неа во кеш (одбегнување на плаќање на данок и придонеси);
-неконзистентна, неопитна, па и инфантилна уредувачка политика;
-новинарска еднострасност- пристрасност- необјективност, позиционерско- опозиционерско- партиско „навивање“;
-неморалност и неетичност;
-основно, нецивилизациско непочитување на искуството и знаењето- стручноста (дури до бркање од работа, како „прекуброен“, на новинар со 40- годишно професионално новинарско и уредувачко искуство!);
-елементарна неписменост…

Прочитај и за ... >>  Светот се движи, расте и паѓа

Доколку се имаат предвид уште многу, дури трагични „нешта“ поврзани со македонското новинарство, „излегува“ едно и единствено:

Не реализација на ТВ програма пред Владата на Република Македонија, што е само по себе трагикомично, а особено оти станува збор за судска, а не владина одлука и сериозни сомнежи во големи криминални дејанија со огромни суми на пари (без оглед дали и колку сметаме дека судството е или не е независно), не кампања на поддршка на ЕДЕН медиум со „симболичен слоган“ и навредливо поистоветување со него во „името“ на демократијата, слободата на медиумите и многу друго „ти реков- ми рече“, туку НА ЧЕЛО во одбрана на НОВИНАРСКОТО ДОСТОИНСТВО.

Тоа, пак, пред се значи:
-„НЕ“ какво било, а најнапед „голо егзистенцијалистичко“ омаловажување, унижување, поигрување со новинарскиот труд;
-„НЕ“ на политичарите и политикантите, и од позицијата и од опозицијата, кои се АПСОЛУТНО најмногу виновни за се што се случува на медиумскиот „пазар“; -„НЕ“ на маркетиншките манипулации на газдите на медиумите „папочно врзани“ со маркетиншките агенции (конкретно: со третина, дури и помалку од „рекламче“ ја обезбедуваат платата на новинарот, а се друго за „развој“ и в џеб);
-„НЕ“ на „платена- купена“ уредувачка политика, на „уредникување“ без никакво искуство и знаење, на „имитација на оригиналот“

Прочитај и за ... >>  Возбудено за хаосот

Тврдам дека само со сите тие „НЕ“ сите новинари во Македонија (според некои проценки над 60.000!) ќе се кренат на нозе и со задоволство ќе им го препуштат челното, „барјактарското“ место на вработените во А1 ТВ и во весниците што „излегуваат“ од „Перо Наков б.б.“.

Вака, како што ја тераат „работава“, не само што немаат, туку нема ни да ја добијат поддршка од своите колеги, во другите медиуми. Вака се повеќе ќе го чувствуваат нивниот одијум.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here