Потребно време за читање: 3 минути

Откако падна во вода обидот поразот на предвремените парламентарни избори да се толкува како морална победа (што претставува нонсенс), а Бранко Црвенковски, иако јавно вети дека ќе се повлече доколку и овој пат не го победат Груевски (не само од лидерската позиција, туку од политиката воопшто), е во прилично „небрана“ внатрепартиска позиција.

Се поставува првата, клучна дилема: како да се сочува, да се брани и одбрани стабилноста и како да се продолжи со вистинско опозиционо конструктивно (не само декларативно) дејствување, а кое ќе даде резултати веќе на следните избори.

Одговорот, па и натамошната судбина на лидерот односно „полуобновеното“ раководство на СДСМ, секако ќе се чека на закажаниот Конгрес на 3-ти јули.

Сосема е очекувано тоа што се случува во меѓувреме: расте бројот на незадоволни членови, и тоа не само од цврстата лидерска рака , туку и од севкупното дејствување на политичката сцена. Тоа најнапред се изразува со барање на темелна, отворена, демократска анализа и оценка на изборниот резултат (не со обиди за негово фингирање). Притоа се се почести „старите“ коментари на поранешни раководни луѓе кои одамна раскрстија со неприкосновеноста и незаменливоста на најголемиот губитник Бранко Црвенковски.

Прочитај и за ... >>  Очекуван состав на кабинетот на Иванов

Според некои аналитичари, ако некогаш и некаде молкот (сосе привидниот спокој) многу зборува, тоа се случува сега и во СДСМ. Па „слушаат“ дека на претстојниот Конгрес ќе се гласа за доверба на лидерот и партиските органи, но и гласно (можеби и „кавгаџиски“) ќе се расправа за тоа што се случуваше и се случи, со акцент на она што мора да се прави и создава денес и утре. Всушност, тоа ќе претставува почеток на жестока битка за суштинска демократизација на партијата и нејзино реформирање.

Се шпекулира дека во меѓувреме во СДСМ се создава (спонтано?) „тим на Шеќеринска“ која, наводно, е крајно незадоволна- револтирана од нејзината лидерска „должничка активност“ во 2008-ма за што наводно се бара нејзина одговорност. Овој „тим“ на Конгресот ќе инсистира да се отвори расправа за крајно потребен јасен и прецизен план на активности во наредниот период за подигнување на партискиот рејтинг, а истовремено да се дефинира модел на одговорност за неисполнетите очекувања.

Несомнено е дека во партијата подолго време, а по изборите се поотворено се случува фракционерство кое како краен позитивен резултат може да предизвика комплетна „чистка“ и сосема ново кадровско, организациско и акционо преструктуирање.

Прочитај и за ... >>  Лидерска средба без никакво значење

Поранешни блиски соработници на Црвенковски не разбираат и се почесто гласно прашуваат зошто социјалдемократите прифаќаат да бидат залажувани со тоа дека изгубиле, ама тоа било голема изборна победа (морална победа). На пример, екс- лидерот и поранешен премиер Владо Бучковски во колумна ја отвори темата за чесниот пораз на СДСМ. Не забораваат и на прашањето зошто Црвенковски побрза да бара избори за кои однапред знаеше дека ќе ги изгуби.

А се ближат и нови избори- локалните.

Во меѓувреме СДСМ, а пред се лично Бранко Црвенковски доживува уште една „непријатност“: наводно нов, радикален обид за меѓупартиско пазарање, а единствено со цел да се дојде на власт и покрај јасно изразената волја на граѓаните на Македонија.

Имено, весникот на албански јазик „Љајм“ објави текст во кој се наведува дека СДСМ е подготвен да ја отстапи премиерската позиција само за да дојде на власт! Пазарот- возвратот е ДПА и ДУИ да станат коалицоиони партнери на СДСМ, со што ќе се добие потребното парламентарно мнозинство за состав на Влада. Очекуваната брза реакција- дермантирањето на „обвинетиот“ не го ублажи „потресот“.

Прочитај и за ... >>  Секое јавно обвинување мора да се провери- истражи и јавно да се потврди или отфрли

Весникот цитира неименувани извори од Социјалдемократскиот сојуз кои тврдат дека ако ДУИ и ДПА се согласат да влезат во коалиција со СДСМ, тие ќе имаат право да изберат нов мандатар кој ќе биде Албанец. Според изворот, со избор на Албанец за премиер Македонија ќе докажела дека има волја да ги решава проблемите од етнички карактер и во исто време ќе се прекинело штетното владеење на Груевски кој земјата ја водел кон бездна.

СДСМ демантира, потсетувајќи дека досега повеќепати потенцирал оти во согласност со ставот на Р.М. мандатот за формирање на Влада го добива партијата која на изборите освоила најголем број на пратеници. Во конкретниов случај тоа се Груевски и ДПМНЕ, а тезите дека СДСМ прифаќа Албанец за премиер се груби лаги, шпекулации и невистини.
Албанец за премиер? Зошто да не? Ама би била ли тоа „волја да се решаваат проблемите од етнички карактер“? Со испазарен само поради „штетното владеење“ на Груевски кое, види, чудо, народот го прифаќа, го поддржува, одново го изгласа?! Што би рекол (повторил) Црвенковски: „Тој има право и кога греши“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here