Потребно време за читање: 3 минути

На 09.06.2006. година под горниот наслов во електронскиот дневен весник „Дневен е-Еснаф“ објавив прилог пред почетокот на паламентарните избори во Македонија таа година, а посветен на нужноста односно налогот од „меѓународниот фактор“ за фер и демократски избори. Во него посочувам дека, како и секогаш досега, прекршувањето на Изборниот законик се случува претходно, а се однесува на неофицијалноста“ на предизборната кампања.

Деновиве со формирањето на „институтот“ ДЕМОС, според многумина „трета политичка опција“ која би трбало да го замени „ биполарниот политички амбиент во Македонија“. Потсетувањето на една тогашна неуспешна иницијатива- за формирање на политичка партија ГПМ треба да се „чита“ о тој контекст.

Интересно е што во него го бележам предизборниот „бисер“, односно „случајот“ Бучковски- Бонева кој неодамна доби судски епилог (Бучковски е осуден како виновен).

Звучи нескромно, но е ноторен факт дека помеѓу првите (ако не и прв) укажав на прекршувањето на Изборниот законик, и тоа пред се од владејачкиот СДСМ (и коалицијата што ја предводи), но и од најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ (со коалиционите партнери). Во меѓувреме се јавија и други (и најрелевантните ДИК и Антикорупциската), со нашиот заклучок како нивна предупреда- дека парламентарните избори со тоа (се разбира и со друго), иако датумот на нивното одржување е далеку, веќе можат да се оценат (значи уште сега, однапред) како нефер и недемократски.

Прочитај и за ... >>  Старт на предизборната кампања: ништо ново, интересно, инвентивно

Во меѓувреме прекршувањето продолжува. Последното го бележиме вчера (едно од повеќето деновиве) од страна на кандидатот за пратеник Радмила Шеќеринска, која во името на СДСМ и коалицијата што ја предводи се пофали дека „има тим кој ќе ја доведе Македонија до ЕУ“. Само констатирам: напротив, токму поради интензивната предизборна кампања пред законскиот рок тој тим (и не само тој) уште повеќе ја оддалечи- ја оддалечува Македонија од ЕУ! Треба ли да потсетам на условот (и ветувањето) да се спроведат фер и демократски парламентарни избори?

Патем, „со дебело црвено“ го подвлекувам (не)официјалниот предизборен „бисер“ поврзан со човекот кому во последно време му „излетуваат“ зборови за кои потоа „жали“- Владо Бучковски: носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица Силвана Бонева ќе поднесе кривична пријава против премиерот Владо Бучковски, зашто на емисија на Скај ТВ (се разбира, во рамките на (не)официјалната предизборна кампања- уште еден изборен прекршок) рекол дека таа аплицирала за бугарски пасош. Пријавата ќе биде проследена со барање за оштета до 100.000 евра кои Бонева „сигурно ќе ги добие“, а ќе ги намени „за жртвите на неговата земјоделска политика“.

Прочитај и за ... >>  Засега ништо од „новиот“ СДСМ

Овојпат сакам накусо да потсетам на една вонизборна партиска успешна приказна (без наводници), а која веќе не морам да ја молчам оти првиот- „опасниот“ нејзин дел е завршен. Ја знам во сите детали бидејќи најнепосредно сум „инволвиран“ во неа.

Дали се сеќавате на ГПМ? Можеби првпат слушате? Потсетувам или информирам: во дневниот печат со комерцијални огласи, во континуитет во овој е-весник и на сопствен веб сајт, беше објавена- објавувана иницијативата на една „мала група“ на „нови луѓе“ за формирање на „Граѓанска партија на Македонија” (кратенка ГПМ). До „последен момент“ (рокот за поднесување на кандидатски листи со претходна регистрација како партија) беше неизвесно- несигурно нејзиното официјализирање. Не се официјализира поради „некои пречки“, со што на постојните, особено големите партии многу им олесна (тоа е таа најголема „опасност“ што помина).

Сега објавувам дека нејзиното формирање, односно таа вонизборна успешна приказна продолжува. Одлагањето всушност значеше и значи потврда дека таа не беше- не е за „еднократна употреба“. Идејата е долгорочна и не зависи од едни фалсификувани, нефер и недемократски парламентарни избори. Тоа ќе рече дека прва и последна цел на ГПМ не е освојување на власта по секоја цена, туку нова опција за Македонија, нејзина нова иднина.

Прочитај и за ... >>  Крај на небезбедната храна во Македонија

Значи, одговорот на прашањето на заинтересираните (во не мал број) што се случи со таа иницијатива е дека беше привремено ставена во мирување, а сега и во наредниот период одново се (ре)актуелизира. Едноставно, за еден таков проект не треба брзање. Тој и натаму ќе се развива тајно (како досега), без познатите, стандардите форми на промоција на еден политички субјект. Впрочем, како дел од содржината на таа успешна приказна одвреме- навреме и најавував нејзино „продолжение“- одлагање на реализацијата на таа иницијатива.

Дали „созреало времето“, дали ние како граѓани на Македонија сме подготвени да ја прифатиме не толку како нова, туку пред се и над се како единствено можна, единствено перспективна опција, ќе покаже токму гласањето на 5-ти јули.

Уште еднаш:

Она што се случува и ќе се случи со парламентарните избори- тие веќе се и допрва ќе бидат нефер и недемократски, можеше лесно да се предвиди според расположението (стравот) и активностите спрема иницијативите за збогатување на македонската политичка сцена. Барањето- потребата- нужноста од нова (трета) опција, која само делумно се оствари со нови партии со „старо- нови“ луѓе, беше единствениот гарант за нова политичка страница во книгата за Македонија. Единствено затоа (значи не како пораз) дојде до одлагање на таквата најавена иницијатива!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here