Потребно време за читање: 3 минути

Досега нјаизобилните врнежи од дожд, регистрирани во оваа земја во историјата на следењето на метеоролошките збиднувања, предизвикаа големи поплави на северот на Англиј со катастрофални последици.

Меѓутоа, во изминативе неколку години- минатата, предминатата (лани во септември, а во 2007. на крајот од јули) се случувало истото- поплави со големи последици и жртви (лани во Велс, југозападна и северните предели на Англија).

Агенциите јавија дека жителите во погодените краишта со невремето останаа блокирани во нивните поплавени куќи.

Во инаку живописната Езерска област (Lake District) воени хеликоптери и гумени чамци на цивилната заштита го евакуираат населението. Воени и спасувачки екипи трагаат по загрозени и исчезнати, а еден полицаец, кој во градот Воркингтон им се приклучил на спасителите, загинал кога под него се урнал мост кој бил однесен од поројните води.

„Полицаецот Бил Баркер умре во обид да спаси живот на други лица. Беше храбар човек“, изјави британскиот премиер Гордон Браун, кој вети итно испраќање на помош во погодените подрачја.

Британската метеорошка служба соопшти дека во Англија во изминатите 24 часа паднале најголеми количества на дожд измерени кога било- 314,4 милиметри.

Најтешко е погодено гратчето Кокермаут (Cockermouth), околу 530 километри оддалечено од Лондон, каде што се состануваат реките Кокер (Cocker) и Дервент (Derwent). Тамошната поплава е со „библиски размери“, а се спасени 200- мина луѓе. Нивото на водата во центарот на градот достигнало 2,5 метри.

Поплави ја погодија и шкотската област Дамфрис и Галовеј, каде што се затворени 30 патишта поради „несигурни“ услови, а во средниот и северниот дел на Велс се затворени патишта и е запрен железничкиот сообраќај.

Прочитај и за ... >>  Протестна манипулација

Поради интензивните дождови и бурата до поплави исто така дошло и во Ирска, особено во центарот на вториот по големина град Корк (Cork). Поплавени се и 15- тина други градови и села. Ирската метеоролошка служба соопштила дека тамошниот дожд е најсилен и најдолготраен во последните 30 години.

Полицијата проценува дека околу 1.000 домови се уништени во поплавите, а Агенцијата за заштита на животната средина соопшти дека станува збор за поплави предизвикани од изобилни дождови што се случуваат еднаш во 1.000 години. Едновремено напомнува дека во еден ден паднало толку тожд колку што било очекувано во текот на целиот ноември.

Метеоролозите јавуваат дека ситуацијата и натаму ќе се влошува. Се очекува дождот да продолжи да паѓа и во наредните три дена.

Може ли и ова невреме, но и „чудниот“ топол бран деновиве на Западниот Балканот (и во Република Македонија) да се сметаат како последица од глобалното затоплување, како „продолжение на почетокот“ на светската еколошка кататстрофа? Многу веројатно.

Прочитај и за ... >>  Македонија во катастрофална ситуација? А Грција?

Вообичаени во овој период од годината: катастрофални поплави во Велика Британија

Досега најобимените врнежи од дожд регистрирани во оваа земја во историјата на следење на метеоролошките збиднувања, предизвикаа големи поплави на северот на Англија, и тоа со жртви.

Меѓутоа, во изминативе неколку години- минатата, предминатата (лани во септември, во 2007. на крајот од јули) се случувало истото- поплави и исто така со жртви (лани во Велс, југозападна и северните предели на Англија).

Агенциите јавија дека жителите во погодените краишта со невремето останаа блокирани во нивните поплавени куќи. Во инаку живописната Езерска област (Lake District) воени хеликоптери и гумени чамци на цивилната заштита го евакуираат населението. Воени и спасувачки екипи трагаат по ззагрозени и исчезнати, а еден полицаец, кој во градот Воркингтон им се приклучил на спасителите, загинал кога под него се урнал мост кој бил однесен од поројните води.

„Полицаецот Бил Баркер умре во обид да спаси живот на други лица. Беше храбар човек“, изјави британскиот премиер Гордон Браун, кој вети итно испраќање на помош во погодените подрачја.

Британската метеорошка служба соопшти дека во Англија во изминатите 24 часа паднале најголеми количества на дожд кога било измерена- 314,4 милиметри.

Најтешко е погодено гратчето Кокермаут (Cockermouth), околу 530 километри оддалечено од Лондон, каде што се состануваат реките Кокер (Cocker) и Дервент (Derwent). Тамошната поплава е со „библиски размери“, а се спасени 200- мина луѓе. Нивото на водата во центарот на градот достигнало 2,5 метри.

Прочитај и за ... >>  „Скандал“ кој не е тоа

Поплави ја погодија и шкотската област Дамфрис и Галовеј, каде што се затворени 30 патишта поради „несигурни“ услови, а во средниот и северниот дел на Велс се затворени патишта и е запрен железничкиот сообраќај.

Поради интензивните дождови и бурата до поплави исто така дошло и во Ирска, особено во центарот на вториот по големина град Корка (Cork). Поплавени се и 15- тина други градови и села. Ирската метеоролошка служба соопштила дека тамошниот дожд е најсилен и најдолготраен во последните 30 години.

Полицијата проценува дека околу 1.000 домови се уништени во поплавите, а Агенцијата за заштита на животната средина соопшти дека станува збор за поплави предизвикани со изобилни дождови што се случуваат еднаш во 1.000 години. Едновремено напомнува дека во еден ден паднал толку тожд колку што било очекувано во текот на целиот ноември.

Метеоролозите јавуваат дека ситуацијата и натаму ќе се влошува. Се очекува дождот да продолжи да паѓа и во наредните три дена.

Може ли и ова невреме, но и „чудниуот“ топол бран деновиве на Западниот Балканот (и во нашава земја) да се сметаат како последица од глобалното зџатоплување, како „продолжение на почетокот“ на светската еколошка кататстрофа? Многу веројатно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here