Потребно време за читање: 2 минути

Кој ли го направи околу тебе? Кој ти го направи? Ниту ред да фатиш, ниту мир да си вратиш. Од каде да почнеш, има ли почеток или е се само крај? Секој секому виновен, никој никому одговорен.

Не може долго времево да ни оди вакво. Во неред и непредвидено, од никого контролирано. Денес вакво, утре поинакво, задутре никакво! Во еден ден различно! Мора да го зауздаме, да го издумиме, ништо изненада да не прави.

Нема живот од денес до денес. Мора да се мисли на утре и на дните што ни идат по утре. Не се може без долго време.

Хаосов мораме да го зауздаме. Мораме ред да направиме. И во тоа што го работиме, и во она што други го работат, и во сѐ она што ни прават други.

Вака веќе не оди, вака веќе не се може. Хаосов не смее да трае долго. Ќе нѐ направи колективно хаотични, ќе нѐ заборави индивидуални. Ќе нѐ обезличи, ќе станеме безидентитетни.

Прочитај и за ... >>  Антикомунистички демонстрации во Молдавија: на ред е последниот европски комунистички бастион

Болно е средувањето, ама мора да се издржи. Во сѐ да се стави ред, па после со ред сѐ да се прави.

А што е тој-хаосот? Да не грешиме во разбирањето?

Не грешиме. Има некој ред во живеачкава и работава-неработава? Да не грешиме од денеска, од утре во друго ко што грешевме досега: за ред во сѐ да ставиме, прво треба сѐ да дорастуриме. Така? Ако е така, тогаш е крај. А кај ќе ни е почетокот?

Ај вака да си доречам, а вие не ми земајте за кусур:

И старите и новиве да научат од мудрите дека ништо не вреди и ништо арно не бидува ако саде се почнува. Не вреди и арно не бидува ако се почнува од средето ал’ од крајот. Оти времево-моево, твоето и нашево во едно, нема цена. Не се продава.

Во секој хаос има нешто што чини. Научете се тоа да го продолжувате. Сосе почнувањето на сѐ друго.

Прочитај и за ... >>  Надеж на светот: економски раст на САД во 2010-та

Само едно ме плаши кога промислувам во хаосов во кој сме како продолжение на неизвесноста на нашиот опстој:

Можат ли оние што го правеа во минатото, го направија хаосот демес отсега да стават ред, сѐ со ред да почнат да?

Треба нови луѓе? Да, без двојба! Ама каде се?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here