Потребно време за читање: < 1 минута

Станува збор за најзначаен муслимански празник кој доаѓа два месеца и 10 дена по рамазан, а се празнува 5 дена.

Татковците и мајките богато ги даруваат своите деца и најмладите роднини, а жените подготвуваат богата трпеза за гостите.

Бајрам се дочекува во домовите, а в зори муслиманите одат во џамии на сабах- намаз, го чекаат излегувањето на сонцето и клањаат бајрам- намаз. Потоа следи честитање, па заминување на гробишта и враќање во домовите каде што се подготвува за жртва Курбан (колење-жртвување), најчесто овца, а според правилата на шеријатското право.

Со овој празник е најнепосредно врзан ацилакот, односно заминувањето во Мека кој завршува во центарот на Големата џамија „Масџид ал харам“, со 7 пати обиколување на Кааба. Верниците се облечени во бело, а ја обиколуваат Каабата обратно од движењето на стрелките на часовникот.

На патувањето аџиите одат по патот на пророкот Мухамед кој пред 14 векови ги отстранил паганските идоли од родниот град и проповедал луѓето да ја прифатат новата вера- Исламот. Аџилакот е една од 5- те негови основи и секој физички и финансиски способен муслиман е должен барем еднаш во животот да ја посети Мека.

Прочитај и за ... >>  Во корист на сопствената штета

Околу 2.000 аџии од Македонија уште на 6. овој месец заминаа за далечната Саудиска Арабија. Во Медина престојуваа 8 дена, клањаа и молеа, потоа 6 дена минаа во Мека и завршуваат во месноста Арафат.

Годинава пристигнаа над 3 милиони, а задутре на молитвената церемонија се очекува да присуствуваат стотици илјади муслимани. Молитвата на планината Арафат (се нарекува Планина на милосрдието) претставува најважен дел од 5- дневниот аџилак во светиот исламски град Мека.

Според исламското верување, токму на Арафат пророкот Мухамед ја одржал својата последна проповед.

Минатата година во неколку инциденти загинаа 400 верници, а над 300 беа повредени, најмногу во стампедото за време на ритуалот „Каменување на ѓаволот“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here