Потребно време за читање: 4 минути

Најпознатиот индиски гуру и индиски духовен лидер Саи Баба умре на 85 години (24.04.) во болница поради проблеми со срцето. Во соопштението на неговите лекари се вели дека тој физички го напуштил овој свет, а неговата здравствена состојба била критична повеќе од три недели.

По објавувањето на веста за смртта на Саи Баба илјадници негови следбеници се собраа пред болницата на Медицинскиот институт во неговиот роден град Путапарти, во јужната индиска држава Андра Прадеш. Штом беше хоспитализиран, тие стасаа во Путапарти и го запоседнаа градот спиејќи на улиците во недостиг на хотел. Продавниците и градските канцеларии оттогаш беа затворени од почит спрема Саи Баба.

Милиони ширум светот веруваат дека тој поседуваше натприродни моќи, како што се можноста да прави предмети од воздух, да се сеќава на минатите животи и да лекува смртоносни болести.

Помеѓу неговите следбеници беа поранешниот премиер Атал Бихари Ваџпаи, судии, глумци, генерали, индиската легенда во крикет Сачин Тендулкар и холивудската ѕвезда Голди Хон.

Премиерот Манмохан Синг изјави дека Саи Баба инспирирал милиони луѓе да водат исполнет живот без оглед на верата:

„Неговите учења имаа корени во универзалната идеја на вистината, правилното однесување, мирот, љубовта и ненасилството. На милиони негови следбеници им испраќам искрено сочувство“.

Саи Баба тврдеше дека е реинкарнација на поранешниот духовен лидер Саи Баба од Ширди, кој умрел во 1918. година. Предвидуваше дека ќе живее 96 години, па веста за неговата смрт ги збуни приврзаниците кои му припишуваат натприродни способности, помеѓу кои и излекување на болни во терминална фаза и присетување на поранешни животи.

Се проценува дека во повеќе од 100 земји има 10 милиони негови поклоници.

Неговата организација финансирала здравствени и образовни проекти во Индија, вклучувајќи болници и клиники кои тврделе дека можат да лечат болести кои медицината не може да ги излечи.

Еден од неговите најголеми финансиери бил поранешниот сопственик на синџирот на ресторани „Хард рок кафе“, Ајзак Бартон Тигрет, кој се преселил во Путапарти и и подарил голем дел од своето богатство на Саи Бабината фондација.

Прочитај и за ... >>  Политичка ступидарија: решение за името со кое ќе нема поразен и победник!

Нема ништо непознато за животот, мислата и делото на Саи Баба. (На слободната Интернет енциклопедија „Википедија“ има мошне детален текст за него- го користам за овој прилог.)

Тој е роден на 23. ноември 1926. година под името Сатјанарајана Рају. Во 1940. се прогласил за „аватар“, реинкарнација на хиндуистичкиот свет човек Саи Баба од Ширди. Во младоста бил поет, пејач и писател. Најави дека повторно ќе се роди во 2030., како Према Саи баба во Карнатака, југозападниот дел на Индија. Ќе биде мошне висок и ќе има долга коса.
Некои сведочат дека се тргнало лошо кога во 2005. скршил рака и нога, па лекарите му открила остеопороза. Потоа повеќе не можел да оди, а се чини дека во последните 15 години ја изгубил моќта на материјализирање на материи, света прашина, вонсезонско овошје и прстени.

За разлика од повеќето други хиндуисти, кои се кремираат, Саи Баба е погребан, што се толкува како посебна почест за луѓе кои се сметаат за свети.

Нарајана Кастури, автор на биографија за Саи Баба, нагласува:

„На 24. ноември 1926. Сри Ауробиндо Гош излезе од медитативниот транс и изјави дека „Кришна слезе во физичко“. Ден пред оваа најава, на 23. ноември 1926., аватарот Саи Баба се роди“.

Многумина сметаат дека Сри Ауробиндо го најавил славниот Сатја Саи Аватар. Сатја Саи Баба се осврна на таа легенда во 1999. кога изјави: „На 24. ноември 1926. Ауробиндо го прекина својот завет на молчење и изјави дека Бог се отелотвори претходниот ден. По оваа значајна изјава продолжи со својот завет на молчење“.

Уште како дете Сатјанарајана бил сосема ненаклонет на невегетаријанската храна. Стоел подалеку од местата каде што се убивале свињи, овци, говеда, кокошки или ги мачеле, каде што биле заточени или каде што ловеле риби“.

Прочитај и за ... >>  И Македонија со нуклеарна централа

„Додека имал три- четири години, секогаш кога ќе се појавел некој просјак на врата и молел за помош Сатја ја напуштал играта и брзал внатре за да ги убеди своите две сестри да му дадат малку жито или храна…Детето стана љубимец на целото село Путапарти“. Неговите пријатели го нарекувале „Гуру“. Неговиот учител Шри В.Ц. Кондапа се присетува на времето додека тој бил негов ученик и изведувал волшебни трикови, како кога извадил слатки, играчки, цвеќе, овошје, гумички и моливи од празни вреќи и зборувал дека „ангел“ му дал се што посакал“.

Бил посебно талентиран за музика, поезија и глума. Дури и пишувал песни за селска опера кога имал 8 години. Кога имал 10 ја основал групата Сатја Путапарти Пандари Бајан, за претставување на песни на љубовта и верноста спрема Бога. Сатја Саи Баба знаел да прераскажува некои од тие молитви и 50 години подоцна. На 8. март 1940. година Сајта го каснал „голем црн шкорпион“. Паднал во несвест и останал неподвижен. Не зборувал и неговото дишење ослабело. Веднаш добил медицинска помош и следното утро докторот рекол дека е надвор од опасност. Во следните неколку дена имало видливи промени во неговото однесување. Не прифаќал никаква храна, бил во тишина, а понекогаш долго рецитирал Санскрт стихови и филозофски мудрости на древна Индија. Докторите верувале дека е тоа дел од хистерија, но симптомите на смеење, плачење, зборување и тишина продолжиле. По една недела Сатја бил префрлен назад во својот дом во Путапарти. Родителите го однеле кај многумина свештеници, доктори и егзорцисти.

Таа година, значи на 14- годишна возраст, тој објавил дека е реинкарнација на Саи Баба од Ширди- светец кој станал познат на крајот од 19. и почетокот на 20. век. „Саи“ е персиски збор кој значи „Свет“, а Баба е хиндуски нагалено татко.

Прочитај и за ... >>  За можните „чудни“ коалиции

Во 1944. во близина на родното село на Саи Баба е изграден храм за неговите следбеници кои станувале се побројни. Потоа селото станува центар за аџилак. Отворен е и универзитет со три кампуси и две посебни болници кои се грижат за потребите на сиромашните бесплатно.

Во 1960. Сатја Саи Баба изјавува дека ќе биде во овој смртен човечки облик уште 59 години (значи до 2019.). Во 1963. претрпува мозочен удар и четири тешки инфаркти. Неговата лева страна останала парализирана, а видот на неговото лево око и неговиот говор биле исто така тешко погодени. Гуру Поорнима прославите започнале и со помош на неколкумина ученици тој практично морал да биде носен до подиимот. По неколку минути побарал вода. Испил голтка (со помош на следбеници), а потоа ја испрскал со неколку капки својата парализирана лева рака и ногата. Со обете раце почнал да ја масира левата нога. „Во секунда“ ногата, окото и целата лева страна на телото станале нормални, па следниот час одржал говор. Ноќта изел нормален оброк, а во следните денови здравјето му се вратило.

Од 2005. година Сатја Саи Баба користеше инвалидска количка, а неговото нарушено здравје го принуди да има се помалку јавни настапи.

Главни убедувања на Саи Баба:

-љубов спрема сите суштества;
-социјална помош на сиромашните, бедните и гладните; да му се служи на човекот е еднакво да му се служи на Бога;
-да се држат сопствените желби под мера и контрола; инаку човек заборава на највисоката свест (Paratattva); желбите можат да станат затворска ќелија;
-светот е илузија (Maya), само Бог е вистински;
-внатрешно е: секој човек е всушност божествена свест (Atman) која низ индивидуален процес има свој „личен“ развој;
-медитација;
-прифаќање на сите религии;
-пацифизам, т.е. отпор на секое насилство;
-„Помогни секогаш, не ранувај никогаш“.

Исто така се препорачува вегетаријанство и отфрлање на алкохол, цигари и дроги.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here