Потребно време за читање: 2 минути

Дали и колку е проблематична европската перспектива на Западниот Балкан за време на претседателствувањето на Шпанија со ЕУ? Таа е европска и не може да биде поинаква, како што не е спорно дека ќе донесе стабилност не само на регионот, туку и на Европа и светот, па затоа од суштинско значење е токму ова прашање.

Дури, доколку се има предвид фактичката состојба (единствено Хрватска е блиску до членство- ги реализира завршните преговарачки поглавја), прашањевоможе да се сведе или концентрира на Република Македонија, односно одредување на датумот за почеток на пристапните преговори за нејзино членство во ЕУ. Имајќи го предвид ова, не е многу оптимистички ставот на новиот 6-месечен претседавач со ЕУ од 01.01.2010. година.

Заложбата за европска перспектива на Западниот Балкан е небулоза, а може да се оцени и како нонсенс. Зарем треба и може да се очекува заложба на Шпанија за негова неевропска перспектива?

Прочитај и за ... >>  Кој ја подгрева меѓуетничката тензија

Имено, шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос изјави дека во разговор со американскиот државен секретар Хилари Клинтон се заложил за европска перспектива на Западен Балкан, бидејќи тоа ќе донесе стабилност за тој регион:

„И пренесов на Клинтон и на претставниците на администрацијата дека Шпанија ќе заземе контруктивен пристап и ќе се ангажира за постигнување стабилност и јакнење на европската перспектива на Западен Балкан. Мислам дека заеднички можеме нешто да постигнеме“.

Ако се земе предвид и неговата изјава при прогласувањето за почесен граѓанин на Белград, дека неговата земја сака да поттикне „суштински“ напредок на процесот на евроинтеграцијата на регионот, надежите на Република Македонија дека Грција ќе отстапи од ултимативната „црвена линија“- бришење на идентитетот на македонскиот народ (во сета негова комплексност, значи етнички, јазички, културен, историски…), а за да се дојде до компромисно решение за името на земјава (ново име со географска одредница), се очевидно залудни.

Кога Брисел едноставно преоѓа „преку“ таквото не неевропско, туку нецивилизациско барање (го премолчува), не може под „суштински“ да не се мисли на нешто друго, освен на принудување на Република Македонија тоа да го прифати.

Прочитај и за ... >>  А кој очекува датум за преговори?

Имајќи ја ваквата ситуација предвид, крајно време е не власта односно „Владата на Груевски“, туку опозицијата (не само македонските партии, туку и албанските, особено зашто и тие имаат јасно деклариран став за зачувување на идентиетот на македонскиот народ) да излезе со јасно и децидно барање (кога веќе се изјасни дека и нејзина „црвена линија“ е „зачувување на идентитетот и јазикот на македонскиот народ“- значи постои консензус):

Доколку до март 2010-та година Шпанија не се откаже од барањето за обезличување, самоукинување на македонскиот народ (промена на идентитетот и јазикот, што не е и не смее да се толкува како договор за употреба на придавката „македонски“), односно не се придржува (врати) на Привремената спогодба, Република Македонија да ги прекине преговорите, да побара укинување на привремената референца FYROM и прием на земјава во ОН под нејзиното уставно име.

Премиерот Никола Груевски би можел и да и даде непосредна помош: да ја организира толку бараната средба на лидерите на главните односно релевантните политички партии (од нив), на која ќе им овозможи да истапат со ваков став кој, се разбира, Владата ќе го прифати и ќе стане заеднички, единствен на Република Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here