Потребно време за читање: 4 минути

И годинава ќе следиме иинтересни, на многу скијачки терени и возбудливи натпревари, посебно на два големи меѓународни настана: првиот, штотуку започна, е Светскиот куп во алпско скијање, а вториот е Светското првенство кое од 12-ти до 15-ти февруари следната година ќе се одржи во познатиот француски зимски центар Вал дИзер.

Скијачките натпревари се најтесно врзани, дури имаат круцијално значење за развојот на зимскиот туризам. Сите земји кои имаат услови- климатски и географски, вложуваат многу подеднакво и напоредно на двата „плана“, а не како што е со години кај нас, залудно надевајќи се дека едниот ќе го „повлече“ другиот.

Па така, Рерпублика Македонија може да се пофали со извонредни услови (благопријатна зима со доволно снег) и веќе изградени и солидно опремени центри (последниот и се поатрактивен е Кожуф), но од позначајно учество на наши скијачи во постојните или организација на големи меѓународни натпревари засега (се уште) нема ништо.

Во годинашнава сезона на Светскиот куп скијачите ќе извозат вкупно 38 трки на 18 различни патеки- 10 слаломи, 9 спуста, 8 велеслаломи, 7 Супер Џи и 4 комбинации, а ќе се одржи и првата ноќна трка на Сљеме- на 6-ти јануари.

Големиот кристален глобус го брани Боде Милер, а конкуренти му се повратникот во скијање по тешката повреда Аксел Лунд Свиндал, второпласираниот минатата сезона Бенџамин Рајх, сеприсутниот Швајцварец Дидие Куше, како и Манфред Мелг, Тед Лиџети, Дидие Дефаго и Ивица Костелиќ.

Во слалом конкуренцијата е мошне силна, недостасува само повредениот Паландер: Костелиќ, Мелг, Гранж, Хербст и Мат- тој е прв претендент на Малиот кристален глобус во оваа категорија.

Прочитај и за ... >>  Антивладин и социјален бунт во Данајската република (Грција)

Конкуренцијата во Супер Џи ја предводи Хенс Рајхел, а го следи познатиот Дидие Куше, потоа Рајх, Дефаго, Грубер, Гуај, Милер…Велеслаломската колона ја предводи Тед Лиџети, кому приоритет и натаму ќе му биде врвот во поредокот, а ќе му се спротивстават Бенџамин Рајх и Манфред Мелг.

Дидие Куше ја брани титулата најдобар во спуст, а ќе се обиде да му ја одземе Боде Милер.

Кај жените има поголеми промени. Тие ќе возат на две нови патеки- Ла Молина во Шпанија и Банско во Бугарија.

По отворањето на велеслаломот во Зелден следи слаломот во Леви, а потоа се минува на брзите дисциплини во Америка, спустот и супервелеслаломот во Лејк Луис и Бивер Крик. Потоа следат трките во Бад Клајнкирхејм, Гардена, Алта Бадија, Бормио, Аделбоден, Венген, Кицбиел, Шледминг, Шамони, потоа Светското првенство во Вал дИзер, како и Гармиш Партенкирхен, Загреб, Ванкувер, Квитфјел, Крањска Гора и за крај повторно Бормио.

Интересно е да се спомне дека ФИС годинава ќе одржи и промотивна трка во паралелен слалом, на 2- ри јануари, на еден од главните московски плоштади, а со цел промоција на скијањето пред ЗОИ во Сочи 2014-та година. Натпреварот ќе се одржи на голема платформа, а би требало да настапат 10- темина најдобри слаломци на светот, 4-ца скијачи со покана и двајца Руси, бидејќи натпреварувањето сепак се одржува во Русија. Наградниот фонд изнесува 160 илјади евра.

Што покажа стартот во Зелден?

Во велеслалом за жени победи домашната, 22- годишната Катрин Цетелтрета нејзина победа во кариерата, сите во велеслалом, и прва за Австријките на домашен снег по пауза од 6 години. Втора на целта стаса финската скијачка Тања Поутиаинен, а на третото место се пласира уште една Австријка- Андреа Фишбахер.

Прочитај и за ... >>  Економија: помеѓу оптимизмот и песимизмот

Швајцарецот Даниел Албрехт (25), освојувач на сребрен медал на последното Светско првенство, победи пред сонародникот Дидие Куше, а трет беше Американецот Тед Лиџети.

Најнови вести по стартот:

Поранешниот австриски скијач Матијас Ланцингер (27), кому му е ампутирана потколеницата по падот во спуст во норвешкиот Квитфјел во март годинава, поднесе тужба против Меѓународната скијачка федерација (ФИС), организатор на трката, барајќи оштета. Тој настрада во трката во спуст, кога при голема брзина удри во една капија и падна. Скијата не му се откачи навреме, па тешко ја повреди ногата. Поради неопитноста на домаќините и задоцнетата лекарска интервенција мораше да му биде ампутирана потколеницата, а со тоа и завршена неговата скијачка кариера.

Имено, младиот Австриец морал со часови да чека хеликоптерски превоз во болница во Осло, а се направени уште неколку грешки.

„Според сите наоди и докуметни јасно е видливо дека мојот клиент е жртва на неsоодветен третман“, изјави неговиот адвокат.

По несреќата Ланцингер стана стручен коментатор на австриската телевизија ORF и почна да студира спортски маркетинг.

Освен падот на Ланцингер, најбрутален, минатата сезона се повредија и Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал, на тренингот во спуст во американскиот Бивер Крик, како и Скот Макартни во Кицбиел.

А поттикнати токму од серијата падови и тешки повреди во минатата сезона, ФИС на почетокот од оваа воведе и нови мерки на сигурност на некои скијалишта, како и подобрено правило за опремата која на скијачите ќе им овозможи да носат повеќе заштитни реквизити оптколку досега.

Прочитај и за ... >>  Уште една еколошка катастрофа

Во новата сезона на машките и женските скијачи ќе им биде дозволено да ја носат истата заштита во сите дисциплини, поточно се она што носат на слаломските трки, значи штитници на колената, рацете и листните коски, ќе можат да ги носат и во сите останати трки, вклучувајќи и спуст. Тој, пак, како најопасна дисциплина, доби и посебно правило кое допушта носење на заштитна опрема по желба, но под комбинезонот.

Сепак, ниту овие промени не ги расположија професионалните скијачи. Најдобриот светскиот скијач минатата година Боде Милер изјави:

„Можете да кажете и да направите што сакате, но ништо навистина не се променило. Не верувам дека нешто би се придвижило ни кога еден од нас би загинал. Очигледно ФИС смета дека се сите заменливи, па така и професионалните скијачи, ќе продолжи и да се случи што било“.

Шефот на машкиот дел од Светскиот куп, Гинтер Хујара, му контрира со изјава дека ФИС има слух за мислењето на самите скијачи, потврдувајќи го тоа со повик до Херман Маер на конференција посветена на безбедноста.

„Неодамна го повикавме Херман Маер да учествува во работата на конференцијата за безбедност, а предлогот на новото правило дојде токму од швајцарскиот тим и за два дена е усвоен. Затоа не е убаво да се зборува дека ФИС нема слух за предлози на натпреварувачите“.

Дали во догледно време на светските скијачки натпревари ќе се појави некој македонски скијач? Како што стојат сега работите- никогаш!

А Македонија да добие организација на некое поголемо меѓународно натпреварување? Можно .

Развиен македонски зимски туризам? Чекор по чекор, полека, каЈ да е- ќе биде.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here