Потребно време за читање: 3 минути

Со доделување на „Златна палма“ и други награди вечерва заврши уште едно издание на еден од најпрестижните филмски фестивали, според естетските критериуми што се бранат со изборот на филмови секоја година можеби и најавторитетниот на светот.

Во текот на сите фестивалски денови беа прикажани стотина филмови од целиот свет, а ги следеа околу 4.000 новинари.

Фестивалот остана во сенка на изјавата на Фон Трир дека сочувствува со Адолф Хитлер и оти е нацист, што доведе до негово исфрлање.

Што се случи?

На 19. овој месец организаторите соопштија дека данскиот режисер Ларс фон Трир е „ persona non grata“ во Кан поради своите неумесни изјави. Претходниот ден на конференција за новинари по повод својот нов филм „Меланхолија“ рече дека сочувствува со Хитлер и тој самиот е нацист, шокирајќи ги како насобраните новинари исто така и своите две главни глумици Кристен Данст и Шарлота Гензбург.

„Што да ви кажам. Го разбирам Хитлер, но мислам дека направи некои лоши работи…Тој не е добро момче, но го разбирам и по малку сочувствувам со него“. Режисерот потоа го нарече Израел „давеж“, за да ја заврши конференцијата со изјава дека е самиот нацист. Неколку часа подоцна се извини поради своите коментари.

Канскиот филмски фестивал веднаш се огради од коментарот, а го прогласи Фон Трир за непожелен.

Прочитај и за ... >>  Политичкиот дилетантизам

„Бордот на директори остро ги осудува овие коментари и го прогласува Ларс фон Трир за persona non grata на Фестивалот во Кан, што е одлука која веднаш стапува на сила“, е наведено во соопштението. „Канскиот фестивал им нуди на уметниците ширум светот можност да ги претстават своите дела и да ја бранат слободата на изразот и создавањето. Организаторите длабоко жалат оти Фон Трир го искористи Кан за неприфатливи коментари кои не можат да се толерираат и се во спротивност со идеалите на човечноста и дарежливоста на фестивалот“.

Еврејските групи веднаш реагираа на Фон Трировите забелешки и ја поздравија одлуката на фестивалот да го исфрли. Неговиот филм не беше исфрлен од официјалната конкуренција за „Златна палма“.

Францускиот министер за култура Фредерик Митеран ја поддржа одлуката:

„Тоа што го рече е срамно и неприфатливо. Неговите забелешки и начинот на кој ги рече, таков вид на провокација на фестивал или каде било на друго место не е место“, им изјави тој на новинарите во Брисел.

Филмот „Дрво на животот“ (The Tree of Life) на американскиот режисер Теренс Малик ја освои „Златна палма“. Дејствието на филмот, во кој главните улоги ги толкуваат Бред Пит и Шон Пен, се одвива во Тексас во текот на 50-тите години од минатиот век. Дејствието го следи растењето на 11- годишно момче на Средниот Запад во САД, Џек, еден од тројца браќа. На почетокот на момчето се му изгледа прекрасно. Тој гледа како својата мајка, со очите на својата душа. Таа го претставува патот на љубовта и милосрдието, додека таткото се обидува синот да го научи по кој пат оди светот, со размислување пред се за себе. Секој од родителите се натпреварува околу него и Џек мора да ги помири тие две крајности. Се станува помрачно кога тој првпат гледа болест, патење и смрт. Светот, некогаш величествено место, станува лавиринт.
Браќата Дарден и турскиот режисер Нури Билге Џејлан рамноправно го поделија Гран при, втора според важноста награда на Канскиот фестивал, за филмовите „Момче со велосипед“ и „Беше еднаш во Анадолија“.

Прочитај и за ... >>  Инаугуриран новиот Претседател на Република Македонија

Претседателот на жирито Роберт Де Ниро го соопшти победникот на третата награда на фестивалот, наградата на жирито која му припадна на драмата „Полиција“ (Poliss) на француската режисерка и глумица Мајвен.

За најдобра глумица е прогласена Кирстен Данст, за улогата на депресивна жена во приказната за крајот на светот „Меланхолија“, на Ларс фон Трир.

Наградата за најдобар глумец ја доби Французинот Жан Дижарден, за улогата глумец на неми филмови во остварувањето „The Artist“ на Мишел Хазанависиус.

Признание за најдобра режија освои данскиот режисер Николас Виндинг за филмот „Возење“ (Drive).

Наградата за најдобро сценарио му припадна на филмот „Фуснота“ (Footnote) на Израелецот Џафер Седар, кој не беше присутен на церемонијата на врачување на наградите.

Иранскиот режисер Мохамед Расулоф ја освои наградата за режија во рамките на секцијата „Извесен поглед“, но не можеше да ја прими оти не смее да ја напушти земјата. Жената на Расулоф ја прими во негово име за филмот „Довидување“ (Be Omid e Didar), по бројни шпекулации дали на режисерот, кој е осуден на подолга казна затвор поради своите филмови- проценети се како активности насочени против власта, ќе му биде допуштено да го напушти Иран. Забрането му е во следните 20 години да снима филмови. Додека трае жалбената постапка пуштен е со кауција на слобода, но не смее да го напушта Иран.

Прочитај и за ... >>  Кој ја подгрева меѓуетничката тензија

Одлуката на организаторите на фестивалот во Кан да го прикажат неговиот филм од иранските власти беше оценета како „мешање во политиката“, зашто филмот бил против власта во Техеран.
Филмот е приказна за млад адвокат од Техеран кој се обидува да добие виза и да го напушти Иран.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here