Потребно време за читање: 3 минути

Жално е една земја, која себе си се смета, а и „старата дама“ Европа ја смета за лулка на демократијата, да се потсетува или да се учи дека не може и не смее да се однесува од позиција на сила, супериорно, арогантно, условувачки. Тоа ќе рече дека се залажув(ла) себе и залажувала други оти демократијата е сушност на нејзинот опстанок во минатото, денес и во иднина, негирајќи постоење на еден народ-макдонски, на неговиот идентитет и на именувана држава-Македонија. Не поради скорешни (пре)имеувања на 3 од своите 13 региони (Источна Македонија и Тракија, Средна Македонија, Западна Македонија), туку поради нејзиниот милениумски контиунитет во минатото и денес.

Жално е, ама е очигледно нужно Грција што поскоро да сфати дека за идентитетски прашања нема место за преговарање, до колку сака побрзо решавање на нејзиниот проблем со комрпомис кој се сведува исклучиво на добра волја на Македонија и желба за сестран развој на добрососедството.

Пораки на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, на бројни домашни и странски експерти, на се поголем број европски политичари и аналитичари.

Прочитај и за ... >>  Уште еден неуспешен американско- европски „фронтален притисок“ за името

На средбата со дипломатскиот кор во земјава Иванов потенцира дека Македонија е најмногу заинтересирана да се премости спорот со името во што е можно најскоро време, но никако нема да дозволи во нејзино име да решава друг и притоа да го оспорува правото на самоопределување и самоидентификација:

„Идентитетските одредници се прашања за кои едноставно не сакаме или, уште попрецизно, немаме право да разговараме. Се надевам дека и нашиот сосед е свесен дека за идентитетските прашања никој на овој свет не разговара. Идентитетот е чувство со кое се раѓа човекот и таквото индивидуално чувство на граѓаните едноставно е невозможно да се одземе на маса со акт, со парче хартија. До колку нашиот сосед реално, не декларативно покаже подготвеност за решение, до компромис може да се дојде. Ние сме подготвени“.

Доајенот на дипломатскиот кор, хрватскиот амбасадор Иван Кујунџиќ, ги поздрави успесите што Македонија ги направила во 2009-та година, особено добро спроведените претседателски и локални избори, а упати честитки за добиената визна либерализација и препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ:

Прочитај и за ... >>  Грабежот

„Се надеваме дека вашата земја ќе продолжи решително со своите реформски напори и оти успешно ќе ги реши сите отворени прашања кои создаваат потешкотии на тој пат. Вашето општество треба и понатаму да го поддржува европскиот пат, со широк консензус и со поддршка на сите политички сили“.

Во интервју за бугарската агенција Бгнес, министерот Милошоски потенцира дека би било многу продуктивно до колку Грција ги надмине предрасудите и го признае достоинството и националната посебност на својот помал сосед. Тој досега не го согледува решението, изразувајќи надеж дека еден ден Грција, како и Бугарија, ќе успее да создаде политика која ќе содржи подалекусежни визии и ќе успее да ги придвижи работите на Балканскиот Полуостров кон подобро.

„Од друга страна, Македонија како стабилна земја може да и донесе голема полза на Грција, вклучувајќи го економскиот развој“, вели тој.

А како што известија некои домашни медиуми, известувачот од Словенија Зоран Талер поднел аманадмани на сопствената резолуција за Македонија која треба да ја гласа Европскиот парламент на 26-ти овој месец, а со кои бара да се одреди датум за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ на следниот самит на ЕУ кој ќе се одржи во март годинава.

Прочитај и за ... >>  Нови антикризни мерки на Владата на Македонија

Притоа сугерира европските и македонските власти „да се освестат“ дека одложувањето на стартот на преговори за земјата носи ризик од влошување на меѓуетничките односи, а може да биде опасно и за стабилноста на целиот регион.

И прогрчките и промакедонските струи во ЕП се задоволни и ја оценуваат резолуцијата како избалансирана помеѓу двете страни.

Познато е, резолуциите не се обврзувачки но го откриваат расположението на различните политички групации во Европа, како и расположението на земјите членки кон одредено прашање.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here