Потребно време за читање: 4 минути

Се менува ли нешто на македонската политичка сцена? Несомнено не! Владејачките партии, на чело со ВМРО- ДПМНЕ, се толку зацврстени на своите позиции (тоа не го покажуваат само оние на рејтинг листите) што можат спокојно да работат до следните избори, да сработат многу од ветеното и без никаков проблем, уште помалку стравување да очекуваат нова изборна победа. Додатен голем поен за нив е евро- интегративниот процес на Балканот (не само Западниот), се разбира со нужно реализираните реформи и оние што допрва следат во интензивирањето на преговарачкиот процес за членство на Република Македонија во ЕУ. Реално е да се очекува дека проблемот на Грција со името на земјава наскоро ќе се надмине и сигурно не како „предавство, пораз, срам…“, туку како обостран и пристоен компромис, а што исто така ќе биде впишано во позитивното конто на актуелната власт.

Опзоцијата практично не постои. Главната- СДСМ Црвенковски не успеа да ја „преврти“ од „роза“ во „тупаница“, без оглед што, како што се пофали новото раководство, е сменета околу 95% од елитата до неговото „старо- ново“ лидерство. Нејзе не само што воопошто не и одговараат „брзи“ (предвремени) избори, туку уште сега е јасно дека на следните редовни, ако не се „случи“ нешто радикално, ќе доживее нов, можеби „нешто поблаг“ пораз.

Всушност, ништо не е променето во изминативе неколку години и ништо не се менува. Тоа го потврдува и мојот текст објавен под горниот наслов во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ на 13.03.2006. Уверете се сами:

Станува се поизвесно дека главните долгогодишни „играчи“ на македонската политичка сцена ќе успеат да извојуваат победа во „решавачката битка“ против заедничкиот „непријател“ (може да се рече и дека успеаја): по секоја цена да го спречат да се појави и да им ги замрси конците. Токму така: бараната, но не и реално очекуваната појава на нова партија (со оглед на вкупните состојби, а особено методите на владеење- притисоци, уцени итн.), на нови луѓе со нови идеи, најверојатно нема да се случи. Велам најверојатно, зашто ги имам предвид минималните шанси во наредниот мошне кус период (2-3 месеци-до јуни) најавената Граѓанска партија-ГПМ (најавена и во дневниот печат со комерцијално „обзнание“) сепак да успее да се формира, регистрира и, најважното за следните парламентарни избори, да развие солидна инфрастуктура на целата територија на Република Македонија. Едноставно, за сето тоа се чини дека е веќе премногу доцна.

Прочитај и за ... >>  Помеѓу политичкиот и државниот фолклор*

Значи, без оглед на навистина големата тајност на работата и активноста на конститутивното тело-Конститутот (до ден- денес за пошироката јавност не е познат неговиот состав, но не и за „потесната“ која, се знае, ништо не може „навреме“ да не дознае), од информациите со кои располагам конституирањето оди многу бавно и тешко, со многу пречки и валкани игри. Впрочем, тоа не е ништо специфично за оваа навистина оригинална идеја (со сосема поинаков политички дискурс, со сосема поинаква раководна структура-д осега непознати органи и тела, а примерени за партија со граѓанска провениенција- без лидер, а со лидери- авторитети итн.- види го веб сајтот на партијата и комерцијалните „обзнанија“ во дневниот печат). Помали, но исти проблеми постојните им задаваат и на оние кои како нови веќе се промовираа (во создавањето на инфраструктура проблеми имаат и ДОМ на Лилјана Поповска и ПЕО на Велија Рамковски, и „малку постарите“). Единствено нешто полесно минува НСДП на Тито Петковски, и тоа благодарение на предвидениот процес: прелевање на голем број од членството на СДСМ во неа.

Прочитај и за ... >>  Ирак се покрвав

Со еден збор, нема ништо од појавата на нови луѓе со нови, свежи идеи кои сплотени во нова партија сигурно ќе изојуваа лесна победа на парламентарните избори- буквално ќе ги збришеа постојните, а со оглед на нивниот катастрофален рејтинг кај гласачкото тело. Затоа велам дека постојните можат да здивнат. Сигурно им е веќе многу полесно. Досега можеби не, ама сега е сосема прифатлива оценката на Бучковски дека следните избори ќе бидат најнеизвесни. Затоа што треба да победи некој од одамна поразените!

Да повторам, на македонската политичка сцена не се случи и нема да се случи ништо ново: ниедно ново „политичко име“, никаква свежа идеја, никаков бар малку оригинален пристап, ништо пријатно (па и непријатно) изненадувачко. На радост на старите, разголени до гола кожа, истрошени, уморни, банални и безидејни.

Здодевно и банално за „обичните“, жално и сожалувачко за сите на кои „овие“ одамна им се дојдени преку глава.

А можеше ли да се очекува нешто друго? Лично мислам дека ова е клучното прашање. Има ли некој толку наивен помеѓу вас што се надевал дека постојните (кои досега без договор се менуваа на власт, а сега сигурно ќе се договорат да не се менуваат, макар да треба да се случат и чудни комбинации- коалиции, кои „на време“ ги најави еден од одамна поразените) ќе дозволат да се појави партија на личности- авторитети што ќе ги симне од власта нанесувајќи им жесток, горчлив и долготраен пораз? На такви кои во сиот изминат транзиционен период изградија „машинерија“ која кога ќе се стави во погон е во состојба да сомеле- сотре се пред себе? И тоа на „кристален“, „скандинавски“ начин, односно на фер и демократски предизбори. (Таман работа да дозволат нешто „необработено“ да се појави во предизборната кампања, а камо ли на самите избори.)

Прочитај и за ... >>  Одложен датумот за преговори за членство во ЕУ

По оваа проценка (никакви односно минимални шанси да се конституира новонајавената партија), како и површната согледба во овој прилог, дали ви е тешко да прогнозирате кој ќе победи на парламентарните избори? Дали се согласувате со Бучковски дека тие ќе бидат најнеизвесни? Мислите дека таа неизвеснот е поради неутралните и сигурните апстиненти на гласањето?

Заборавате на обработката на „теренот“? Вчера беше поставен првиот камен- темелник (на едно основно училиште во Берово). Не ќе е лошо, барем како забава, да почнете да ги броите. Се разбира, заедно со црвените ленти чие сечење допрва ќе почне. „Успесите“ мора да се потврдат во „вистинско време“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here