mazi neophodni raboti мажи неопходни работи
Неопходни работи за мажите
Потребно време за читање: 3 минути

Ако направите само површен преглед на бројните и постојани анкети во домашните и странските списанија и сајтови на Интернет за жени, лесно може да се извлечат главните детали кои тие ги забележуваат и ги посакуваат кај мажите.

Некои ептен „заинтересирани“ ги потенцираа 10- те најважни (за други, трети и четврти се сигурно други или уште некои).

1. Технички работи

Маж без вистинска техника не е она што треба да биде- според вкусот на современата (пред се млада) жена. Лап топот е неизбежен, и тоа од оние најмоќните- со марка Mac. Се мисли пред се на MacBookPro, G5 или iMac, upgrade-ujte. iPod е задолжителен „детал“, а со Nike + iPod Sport Kit во очите на жената и мускулите почнуваат да ви растат.

Трансмитерот во вашата патика го претвора вашиот iPod во личен тренер кој мери колку мускули денеска сте „затегнале“.

2. Скејтерски патики

Бели и дебели се клучните зборови во потрагата по соодветен примерок. Може да се најдат речиси кај сите брендови, од Reebok или Fred Pery, па до Gucci. Единствено што може да ги замени се старки. Најнов тренд се и шпагерки.

Во гардеробата се задолжителни и можни најелегантни чевли, пандан на женските стилето чевли. Корисни, а модерни се и чизмите.

Прочитај и за ... >>  Цивилизацијата на Инките

3. Добар џинс

Не гледајте на цената. Реално, дење од џинсот не се излегува, а неретко и ноќе. Тој може да се носи секогаш, секаде и со се, се разбира во случај да ви стои добро. Џинсот не смее да ви виси, освен ако не е така направен намерно. Ако сакате да останете во тренд, вашиот џинс нека биде или малку потесен отколку обично или претерано широк. Класичните кројки оставете ги за класичните господа.

4. Мантил и капут

Тесните куси јакни кои ги нагласуваат вашите големи рамена веќе не се во мода (беа во 2006- та и 2007- ма). Време е на новиот романтизам. Господата одамна се вратија во мода, а каде сте виделе господин без мантил и чадор? Угледајте се на британските. Во новите мантили и капути, чии кројки ја следат линијата на телото, можете да изгледате мошне cool и sexy.

5. Набавете си добар часовник

Не посегнувајте по копии, сите ги имаат. Се знае колку е убаво на раката да се носи Breitling, но која е целта кога не е вистински? Не можете ниту да се избањате со него. Според вашиот буџет осмислете кој часовник вам би ви прилегал. Изборот е голем, само е битно да одлучите всушност кој сте вие: голем директор со Cartier или весело момче со Scuba Swatch. Имајте на ум дека и големи директори понекогаш носат Swatch.

Прочитај и за ... >>  Мистеријата Стоунхенџ (Stonehenge)

6. Купете пакет козметика за мажи

Козметиката не е само за жени. Секој маж би требало да знае дека клучна работа за машката кожа, обично подебела и помасна од женската, е пилингот. Со редовен пилинг и чистење на кожата со тоник, ќе блескате повеќе од кога било. Совети за купување на козметика побарајте во блиската добро снабдена аптека, а кога еднаш ќе почнете и ќе го видите резултатот, никој не ќе може да ве задржи.

Проверено добро- The Body Shop- колекцијата за мажи.

7. Информирајте се за модата

Дел од вашата дневна рутина нека стане разгледувањето на сајтот men.style.com, на кој можете да решите куп модни недоумици. Од тоа дали мажите треба да ги кубат веѓите и како, до тоа како треба да изгледа вашиот смокинг. Овие работи не им се битни само на жените, туку и вам можат да ви помогнат и во заштедата. Секогаш ќе знаете што е добра инвестиција во гардеробата, а нема да се избламирате на балот на претпријатието (доколку воопшто вашето или на некој ваш колега односно пријател организира такво или слично нешто). Освен модните ситници, овде можете да најдете низа интересни gadget- и. На пример, каков телевизор или еспресо машина би требало да има мажот со стил.

Прочитај и за ... >>  Спалната соба - функција и убавина

8. Копирајте

Разгледајте како тоа го прават мажите со стил или, пак, мажите со добар стилист. Кога ќе најдете некој што ви е близок според сензибилитетот, слободно ископирајте ја неговата комбинација на облека. Вкучете се online и слободно кликајте, CTRL+C.

9. Изберете вистински парфем

Иако многумина мислат дека парфемот е мода, тој всушност ве доловува вас или како би сакале другите луѓе да ве почувствуваат. Парфемот не се избира според датумот на излегување. Напротив, реченицата „Јас тој парфем го користам веќе 15 години“ ќе ве направат уште повеќе chic личност. Клучна работа е да се најде омилена парфимерија и љубезна продавачка, која од изобилството на мириси ќе го избере вистинскиот за вас. Потребно е обично да имате барем два парфема: еден потежок посвечен и еден полесен спортски. По долгото владеење на спортските колонски води, во мода се вратија вистинските машки парфеми, како Ysl- Rive gauche или Gucci- Pour homme.

10. Прекршете ги сите спомнати правила и бидете cool на свој начин.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here