Потребно време за читање: < 1 минута

Во „Википедија“- слободна Интернет енциклопедија е објавен антички македонски календар кој бил во употреба во Македонија во I милениум п.н.е. Тој е трет на ред календар според староста.

Го пренесуваме македонскиот текст со некои дополненија од други извори:

Годината започнувала со месецот октомври, точно на 19. октомври (македонска Нова Година). Имала 12 месеци, а секој по 29 дена. За 10 дена била покуса од соларната, па на крајот се додавале 11 дена за да се израмни со неа. Некои научници сметаат дека за таа цел одвреме- навреме се додавал и 13-ти.

Во времето кога се користел, вкупно 7 емболими (престапни месеци) биле додавани на секој 19-годишен метонски циклус.

Значи, календарот бил од лунисоларен тип (во однос на месеците и деновите лунарен, а во однос на додавањето на денови соларен). Имал 12 синодски месеци (т.е. 354 дена во годината), на кои им требале престапни месеци за да се придржуваат кон годишните времиња.

Прочитај и за ... >>  Мистеријата Стоунхенџ (Stonehenge)

Времето се мерело со сончеви часовници, какви што се најдени во Хераклеја Линкестис. Направени се од камен со исклесани цртички, при што во средината бил забоден стап.

Сѐ до римското време античките Македонци немале посебна ера, туку годините ги броеле според владеењето на кралевите.

Еве ги месеците:
Дионоктомври
Апелајноември
Авденајдекември
Перитиј јануари
Дистерфевруари
Ксандикмарт
Ксандик Емболим, престапен 6 пати на 19-годишен циклус
Артемисијаприл
Даисијмај
Панемјуни
Лојјули
Горпиајавгуст
Хиперберетајсептември
Хиперберетај Емболим, престапен еднаш на 19-годишен циклус.

Некои имиња од овој календар останале употреба во Сирија дури и по почетокот на христијанската ера.

Го користел историчарот Јосиф Флавиј- хебрејски календар со македонски имиња.

Постои пример на натпис од Декапол во Јордан, од 6. в.н.е., со соларен македонски календар кој почнува од месецот Аудунаеус (декември).

Соларниот тип подоцна е стопен со јулијанскиот. Во римска Македонија се користени двата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here