jiang musheng, јианг мушенг
Потребно време за читање: < 1 минута

Јианг Мушенг, 66-годишен, од кинеската провинција Јиангџи, од раната младост пател од болки во стомакот и кашлање, се додека не послушал еден земјак кој му препорачал да изеде- три живи жаби.

„На почетокот Јианг Мушенг не се осмелувал да стави живи жаби в уста и да ги проголта, но кога видел како неговиот советувач Јанг Дингцаи го прави тоа, изел веднаш две без размислување“, објави весникот Беијинг Њус.

„Откако месец дена јадел живи жаби, во целост исчезнале болките во стомакот и кашлањето“, потенцира весникот.

Во текот на годините Јианг на својата исхрана како превенција против болести и додал и живи глувци и зелени жаби, а вели дека еднаш изел 20 глувци во еден ден, пишува кинескиот весник;

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here