флејта flejta
Потребно време за читање: 3 минути

Флејтата или флаутата е музички дрвен дувачки инструмент, еден од најподвижните и највиртуозните во таа група. Нејзиниот звук настанува како резултат на струење на воздухот низ отворите и е мошне експресивен.

Флејтите се изработуваат од коска, дрво, метал, пластика и др.

Постоела уште во праисторијата, а најстарите се граделе од коски (Oyana Индијанците), бамбус, метал и глина. Најстарата флејта, наедно и музички инструмент, ја открила група археолози на чело со професорот Николас Конард (Nicholas Conard) од универзитетот во Тибинген. Нејзината старост се проценува на 35 000 години. Пронајдена е во пештерата Холе Фелс (Hohle Fels), а е изработена од птичји коски.

На почетокот од 19. век флејтата се нашла во критична позиција поради промената на звучниот идеал кому поблизок му станал кларинетот. Имено, јачината на нејзиниот звук не им била дорасната на новите концертни сали, а скалата била се уште тонски неизедначена и нечиста. Тој проблем во 1847. година го решава Теобалд Бем (Theobald Bohm- 1794-1881), конструирајќи флејта која одговарала на тогашните барања, со звуковно и интонативно изедначена хроматска скала и засилен звук. Тој градел флејти од сребро и дрво.

Прочитај и за ... >>  Македонскиот народен вез

Освен незначителни промени, инструментот и денес е ист. Денешните флејти можат да бидат направени од метал (бакар, никел, цинк), од сребро, злато, платина, стакло и синтетички материјали. Нејзиниот трикратен распон ги опфаќа тоновите c1(h)-c4(f4). Се свири со 9 прсти.

Видови на флејти

Се разликуваат два основни вида на флејти: вертикална или блок флејта, и хоризонтална. Главната разлика е влезниот отвор. Кај хоризонталните тој не се наоѓа на врвот на цевката, туку нешто пониско, странично. Во него се дува откосо за да се формира писка, бидејќи ја нема и се дува во тн. прозорче. Вертикалните флејти ја имаат.

Piccolo флејтата е мала флејта, двојно пократка од големата, според звукот највисок дувачки инструмент со распон од d1 до c4 (пишувано d до c3). Спаѓа во транспонирачките инструменти, односно во оние кои звучат повисоко или пониско од запишаното. Пиколо се запишува октава пониско од звучењето. Во троен состав на оркестар, кој е и најчест симфониски состав, еден свирач свири пиколо или, ако не се преклопуваат делниците, флејтистот кој е трета флејта (III Флејта) го зема и пиколото и се запишува III fl. muta in Picc.

Прочитај и за ... >>  Кавал

Во употреба може да се најде и алт- флејта (flauto contralto) што се гради во две регистарски облици in G (Sol) и in F (Fa), и чиј пишан рапсон е од c до f3 (in G звучи кварта повисоко, а in F квинта пониско).

Моцарт пишувал и за флажолет флејта (со пишан обем d1-d3 кој звучи ундецима повеќе), а исто така се познати и големата флејта in F (Fa) и мала и голема in Es, како и in Des.

Флејтата се состои од 3 или поретко 4 дела кои на споевите се вовлекуваат еден во друг и со тоа се контролира штимањето. Целиот инструмент е долг околу 67 см. Влезот за воздухот е поставен странично и опкружен со сплескана усна што е обликувана за на неа да налегнува долната усна на свирачот. Главата се наоѓа напред и е затворена. Главниот механизам се наоѓа на средниот дел кој служи за творање и затворање на отворите. Тоа е и најважниот дел од инструментот зашто на него се наоѓаат најголем број на отвори, 16-18 капаци и голем број на лостови со кои тие се движат. На завршниот дел, кој е отворен, се наоѓаат две до три отвори.

Прочитај и за ... >>  Tамбура

На флејтата може да се изведуваат мошне брзи пасажи, скокови, трилери, стакато (staccato), двостран и тристран јазик и легато (legato), како и мнолгу други техники на свирење поврзани исклучиво со музиката на 20. век. Бојата на тонот во долниот дел на регистарот е темна, во средниот мека, а во високиот светла и реска.

Најрприродна му е пијано динамиката. Од времето на романтизмот, а особено во импресионизмот, тој регистар се користи поради изразните и колористичките одлики. Поради слободната уста со флаутата се постигнува најбрзо стакато (staccato).

Регистри: длабок- c1-c2, среден- c2-c3 (во поновата практика се зема пошироко: од g1-c3), висок- c3-d40.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here