Потребно време за читање: 2 минути

Се чини дека луѓето биле посреќни пред педесетина годин одошто денес. Тоа особено се однесува на Американците кои во дамнешнатa 1972. се изјаснувале како „мошне среќни“, а денес, иако куповната моќ им е многу поголема, тие се „исто среќни“ како некогаш.

Проферсорот Џејмс Робертс во својата книга „Shiny Objects: Why We Spend Money We Don’t Have in Search of Happiness We Can’t Buy“ пишува токму за денешното потрошувачко општество. Тој анализира зошто купуваме повеќе, но не се чувствуваме подобро.

„Луѓето мислат дека купувањето ќе ги усреќи, но тоа не се случува или ќе нѐ задоволи само краткорочно. Луѓето денес, што потвдуваат и многу студии, се подепресивни, понаклонети кон самоубиство, попсихотични, поанксиозни отколку што биле пред 30, 40 години“, вели Робертс.

Повеќето истражувања тврдат дека 50% од нашите проблеми можеме да им ги припишеме на нашата личност и карактерот. Луѓето се програмирани да собираат работи за иднината кои можеби тогаш повеќе нема да им бидат достапни. Тоа е добра работа кога живееме во време на немаштија. Но сега, во оваа ера на изобилие, не научивме дека постои утре. Сѐ уште купуваме до бесвест и никогаш не можеме да ја пополниме таа празнина.

Прочитај и за ... >>  Истражувања на пирамиди во Русија

„Во некои случаи и натаму се однесуваме како пештерските луѓе кои мислат дека никогаш нема да имаат доволно работи и продукти. Луѓето ги обвинуваат маркетингот и рекламите кои ги бомбардираат на сите страни, а тие тешко или никако не можат да се спротивстават“, вели Робертс.

Сите сакаат да поседуваат убав стан, автомобил и цел живот се стремат кон создавање „идеално семејство и опкружување“. Нешто за што мечтаеле цел живот.

Се започна со пуританската работна етика дека со напорна работа, трпение и истрајност ќе си овозможиме себеси подобар живот. Тогаш целта ни беше да имаме одредено ниво на удобност. Меѓутоа, кога тоа ќе го постигнеме, сакаме повеќе, секогаш сакаме повеќе. Огромни куќи, станови, гаражи, автомобили…Денес луѓето сакаат лесно заработено богатство, без многу работа.

Сега пак настапи криза и луѓето се фатени неподготвени. Иако сега малку ќе се стискаат и ќе штедат, штом видат светлина на крајот од тунелот пак ќе тргнат безумно да провлекуваат кредитни картички по маркетите и трговските центри.

Прочитај и за ... >>  Спецификите на јапонската куќа

„Ако не можеме да се убедиме себеси дека парите и материјалните работи нема да не усреќат, засекогаш ќе го бркаме тоа нешто. Затоа промената мора да биде во ставот. Ако бидеме во состојба да го промениме ставот, но навистина да го промениме, нашето однесување ќе ја следи таа промена.

Мораме да мислиме повеќе за важните работи во животот, а ги има толку многу. Парите се лош газда, но се добар слуга. Ако си дозволиме да трчаме по нив цел живот, никогаш нема да бидеме среќни“, вели професорот Робертс.

(Извор: B92.net)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here