деветте музи devette muzi
Потребно време за читање: 2 минути

Судејќи според бројот на оние што досега го прочитале, прилогов објавен на веб сајтот „Македониум“ (http://www.macedonium.org)-неавторизиран (редакциски?) предизвикал голем интерес. Го преземаме во очекување дека ќе предизвика спротивставени ставови и размислувања. Прашалникот и извичникот во заградата од насловот се наши.

Деветте музи се од Македонија, се јавуваат како ќерки на легендарниот крал Пиер, од македонското кнежество Пиерија (Пела).

Некаде се среќаваат и како Пиериди, но и како Тириди, Пиплеиаи.Последниот поим е со значење-музи на Олимп.

И светиот извор од кој се напивале се наоѓал во Пиерија. Култот кон 9-те музи се сели подоцна во Беотија, друго македонско кнежество, а заради селењето на музите во Беотија во градот Леибетрон.

Дека се автентични македонски музи, сведочи и грчка химна од Делфи во која се вели дека градот Леибетрон е во Македонија. Култот го воспоставува Пиер од преголема љубов кон своите ќерки.

Понатаму, дополнителен факт е и што Хелените, на пример, славеле само три музи, но откога култот на 9-те музи зема замав низ тогашниот антички свет и самите го прифаќаат.

Прочитај и за ... >>  Словенска митологија: почитување на липата и на леската

Секоја од музите си има свој делокруг чиј протагонист и славеник е:

-Калиопа е Муза на епот низ кој се опеваат хероите, па се претставува како му дава на Хомер таблички да ги опише еповите;

-Клеа е Муза на историјата и претставена е како седи и пишува над книга;

-Евтерпа е муза на лирските песни со најинтимните чувстава, љубови и сл., па е со кавал и лира во раце;

-Ерата е муза на еросот, стои зад свадбите, ги штити младенците и бракот со поколенијата;

-Терпеихора е муза на образованието и воспитувањето на младите.Нејзината статуа била по училниците;

-Полимнија е муза на песните и геометријата, кај филозофите мислатата во форма на песна и ритмика да се прима;

-Уранија е муза на астрономијата и астрологијата, предвидува настани со ѕвездите, па е со земјината топка и шестарот в раце;

-Талија е муза на комедијата, па е со комична маска в раце;

-Мелпомена е муза на трагедијата и со тажна маска в раце, што ќе рече дека и двете последни музи се музи на тетарот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here