Потребно време за читање: 4 минути

Американска фолк пејачка, композиторка и активистка, позната според единствениот вокален стил (сопран, со распон од три октави), како една од најголемите ѕвезди на препородот на американската фолк песна. Главна карактеристика на нејзината музика е ангажираноста, поради што се смета и за една од поп иконите на 1960-тите години.

Баез (Joan Baez) е родена во Стејтен Исланд, Њујорк, на 9. јануари 1941. година, а потекнува од протестантско семејство со мексиканско, англиско и шкотско потекло. Ќерка е на Алберт Баез, американски физичар од мексиканско потекло (еден од пронаоѓачите на рендгенскиот микроскоп и автор на мошне користен учебник по физика во Америка), и Џоан Бриџ Баез. Има(ла) две сестри- постарата Паулина Баез и помладата пејачка и активистика Мими Фарина, која умрела во 2001. година од рак.

Семејството често морало да се сели поради работата на Алберт; живеело во различни делови на Америка, Франција, Италија, Средниот Исток и во Ирак (1951). Во доцните 50-ти на 20. век Алберт Баез го прифаќа местото професор на Техничкиот факултет во Масачусетс и се преселува со семејството во Бостон, во време кога овој град станува центар на фолк музиката. Џоан почнува да свири по клубовите, истовремено студирајќи на Бостонскиот Универзитет. Својот прв албум, Folksingers Round Harvard Squar, го сними заедно со други изведувачи кои настапувале во прочуениот Клуб 47 во Кембриџ, во кој свирела 2 пати неделно за 40 долари.

Сепак, нејзината кариера всушност почнува во 1959., на Фолк фестивалот во Њупорт, кога и го снима својот прв албум „Џоан Баез“, за големата издавачка куќа Vanguard Records. Станува збор за компилација од традиционални фолк балади. Нерјзиниот следен албум, „Џоан Баез вол. 2“, од 1961., е продаден во голем тираж, како и албумите што следат по него.

Во 1963 година ја изведува песната We Shall Overcome, чиј автор е Пит Сегер, инаку химна на гаѓанските права, на маршот на Вашингтон што го организира Мартин Лутер Кинг. Потоа Баез учествува и на други маршеви за граѓански права, како и на низа протестни акции против виетнамската војна, вклучувајќи ја и посетата на Ханој, во тогашнот Северен Виетнам, кон крајот на 1972. година, кога им носи писма на заробените америански пилоти.

Прочитај и за ... >>  Ennio Morricone (Енио Мориконе)

Учествува и на историскиот концерт во Вудсток, во 1969. година.

Од 1961. до 1965. година одржува љубовна врска со фолк музичарот Боб Дилан, со кого има заеднички турнеи во 1964., 1965., 1975. и 1976., а низ Европа во 1984. Нејзиниот крај, меѓу другото, е прикажан во значајниот документарен филм Don`t Look Back.

Во 1968. се запознава со антивоениот активист Дејвид Харис, стапува во брак и со него го има синот Гебриел. Бракот се распаѓа во 1973.

Подоцна некое време одржува врска со претприемачот Стив Џобс, основачот на Apple.

Во 1965. го основа Институтот за студии за ненасилство, а во 1967. е уапсена два пати и притворена месец дена поради учество во граѓанското противење на Виетнамската војна, блокирајќи го влезот за драфтување војници. Во 1970-тите стануваа еден од основачите на американскиот огранок на организацијата Amnesty International, а работи на подобрување на човековите права во Латинска Америка, Југоисточна Азија, Јужна Африка, Европа и Америка. Настапува на низа протестни собири со цел запирање на војната во Ирак, за укинувањето на смртната казна, но и за геј и лезбејската права.

Отворено зборува за својата врска со жена, што ја имала во 1962. Во едно интервју од средината на 70-ите изјавува дека себеси се смета за бисексуална, а тоа не го порекнува без оглед на контроверзите што уследија, а со што стана прва јавна личност која се „аутирала“. Подоцна ги напиша мемоарите „And a voice to sing with“, во кои пишува повеќе за таа изјава и вели дека иако тој однос со жена ја покажал само нејзината свесна желба за таква врска, и натаму се смета за бисексуална зашто таа врска претставува важен дел од нејзиниот живот.

Прочитај и за ... >>  Диригирање

Во 1978. настапува на неколку бенефит концерти против иницијативата да им се забрани на хомосексуалните лица кои не ја кријат својата сексуална ориентација да предаваат во јавните училишта во Калифорнија. Подоцна истата година учествува во меморијалниот марш посветен на убиениот супервизор на градот Сан Франциско, кој јавно говорел дека е геј, а во 90-ите настапува на парадата на гордоста за геј, лезбејски, бисексуални и трансродни лица во Сан Франциско. На Денот на Земјата во 1998. Џоан Баез заедно со Бони Рајт ја посетува активистката за заштита на човековата средина Џулија Хил, која се сместила на со векови старо дрво за да го сочува од сеча. Во 2003. протестира против војната во Ирак, а следната година му се придружува на Мајкл Мур на неговата турнеја низ универзитетите во Америка, со цел да им објаснува на луѓето зошто е важно да се излезе на избори и да се гласа за оние кандидати кои се против војната.

Во 2005. меѓу другото учествува на фестивалот посветен на жртвите од ураганот „Катрин“ во Њу Орлеанс, како и на протестот поради практикувањето смртна казна.

Во 2008 година јавно ја поддржа претседателската кандидатура на Барак Обама.

Во 2011 година Џоан Баез го доби францускиот орден на Легијата на честа. Францускиот министер за култура Франсоа Митеран притоа истакна дека Баез е „идол во срцата на сите, кралица на фолкот, на протестната песна, онаа што го носеше прекарот Богородица на сиромашните, Јованка Орлеанка.

Џоан Баез е симбол на слободна жена, неуморен борец, пацифист за пример кој предност им дава на правдата и напредокот, на борбата против секоја дискриминација“.

Прочитај и за ... >>  Андре Рие

Дискографија:

1. Folksingers ‘Round Harvard Square (1959)
2.”Joan Baez”, Vanguard (November 1960)
3. Joan Baez, Vol. 2, Vanguard (October 1961)
4. Joan Baez in Concert, Vanguard (September 1962)
5. Joan Baez in Concert, Part 2, Vanguard (November 1963)
6. Joan Baez/5, Vanguard (November 1964)
7. Farewell Angelina, Vanguard (November 1965)
8. Noel, Vanguard (December 1966)
9. Joan, Vanguard (August 1967)
10. Baptism: A Journey Through Our Time, Vanguard (June 1968)
11. Any Day Now (Songs of Bob Dylan), Vanguard (December 1968)
12. David’s Album, Vanguard (May 1969)
13. One Day at a Time, Vanguard (January 1970)
14. Blessed Are…, Vanguard (1971)
15. Silent Running (Soundtrack Album) (March, 1972)
16. Come from the Shadows, A&M (April 1972)
17. Where Are You Now, My Son?, A&M (March 1973)
18. Gracias A la Vida, A&M (July 1974)
19. Diamonds & Rust, A&M (April 1975)
20. From Every Stage, A&M (February 1976)
21. Gulf Winds, A&M (November 1976)
22. Blowin’ Away, CBS (July 1977)
23. Honest Lullaby, CBS (April 1979)
24. Live -Europe ’83, Gamma (January 1984)
25. Recently, Gold Castle (July 1987)
26. Diamonds & Rust in the Bullring, Gold Castle (December 1988)
27. Speaking of Dreams, Gold Castle (November 1989)
28. Play Me Backwards, Virgin (October 1992)
29. Ring Them Bells, Guardian (August 1995)
30. Gone from Danger, Guardian (September 1997)
31. Dark Chords on a Big Guitar, Koch (October 2003)
32. Bowery Songs, Koch (September 2005)

Последниот албум „Ден по утре“ го објави во 2008. година.

Оваа родена Њујорчанка денес живее во Вудсајд (Калифорнија), во сопствена куќа. На висок даб зад неа направила колиба за да биде близу до природата, а во која медитира и пишува.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here