Потребно време за читање: 2 минути

По 3 години теоретска и практична работа, данскиот Институт за истражување во градежништвото (SBI) објави „Студија за дневната светлина”, во која потврдува дека покривниот прозорец произведува најголем фактор на дневно осветлување, и тоа двапати поголем од вертикалниот прозорец и повеќе од трипати поголем од прозорецот на кровната издаденост-баџа.

Во компанијата VELUX долга низа на години тврдеа дека покривните прозорци, поставени на покрив под агол од 45 степени, даваат и до 40% повеќе светлина од прозорците на баџа. Меѓутоа, сегашните пресметки и тестови покажуваат дека разликата е дури и поголема.

SBI е државен институт под покровителство на Министерството за економски и стопански работи во Данска, а оваа студија ја спровел со поддршка и асистирање на комапнијата VELUX.

Студијата опфатила голем број на симулации направени за секој прозорец на три соби во облачни, умерено облачни и сончеви временски услови. Како средство за анализа се користел системот на симулација на осветлување. Се споредувале условите на дневно осветлување на разни типови на прозорци со следење на поголем број на параметри за осветлување. Дури и без универзалната дефиниција за квалитетот на дневното осветлување, добиените резултати дале јасни индикации која соба би била најсветла, под кои услови блескотноста би била проблем и кој тип на прозорец би дал најдобра варијација за осветлување (или визуелна заинтересираност).

Прочитај и за ... >>  Што мислите за лажењето?

Посматрани се три соби со идентична површина на подот од 12.5 метри квадратни, од подот до таванот од 2,5 метри. Во нив имало прозорци со идентични површини од 1,3 метри квадратни (0,94м х 1,40м), а површинскиот рацио прозорец/под бил 10%. Прозорците биле вградени со идентична висина на парапетот (1м), а собите имале и идентична моќ на одбивање на ѕидот, подот и таванот.

Втората фаза од истражувањето покажала дека покривниот прозорец дава помала блескавост со поприфатливи премини на осветлување во погледот спрема прозорецот- додека прозорецот на баџа, воопшто зборувајќи, создал ефект на “тунел” кој произведува поконцентриран светлосен сноп и дава пониски вредности на осветлување во собата.

Студијата, исто така, ја зела предвид и потребата од соларно затемнување и ефектите на жалузините. Покривниот прозорец како резултат имал подиректно осветлување во текот на летото, а во текот на зимата пропуштал помалку директна сончева светлина од вертикалниот прозорец. Што се однесува на енергијата, се покажало дека е попогодно да се користи уред за затемнување во текот на летото (поради спречување на прекумерно загревање) во однос на зимата кога корисностите од сончевата топлина и светлина се добредојдени. Студијата покажува дека употребата на надворешни ролетни е мошне ефектно решение за соларно затемнување, како и дека го намалува ризикот од блескавост.

Прочитај и за ... >>  Староста и осаменоста

Дневната светлина е клучната вредност на компанијата VELUX и за неа ќе се зборува и на Вториот симпозиум за дневна светлина, кој се планира на пролет во шпанскиот град Билбао.

Повеќе информации можете да добиете на интернет презентациите: www.velux.com , www.sbi.dk/en i www.thedaylightsite.com

Збор-два за компанијата VELUX:

VELUX создава подобро животно опкружување со помош на дневна светлина и свеж воздух, низ покривот. Производствената програма содржи широк спектар на покривни прозорци и стаклени покриви, вклучувајќи и решение за рамни покриви. Исто така, VELUX нуди многу типови на декорација и заштита од сонце, жалузини, производи за инсталација, производи за далечинска контрола и термални соларни плочи за покривна инсталација. VELUX има фирми за производство во 10 земји, продажни фирми во нешто помалку од 40, и е еден од најсилните светски брендови во областа на градежни материјали. Има околу 9.000 вработени и е во сопственост на VKR Холдинг A/S. VKR Холдинг A/S е акционерско друштво целосно во сопственост на фондации и семејството.

Прочитај и за ... >>  Секојдневјето

За повеќе детали: www.velux.com.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here