Потребно време за читање: < 1 минута

Еден ден, додека дрвосечачот сечел гранка од едно дрво над река, неговата секира паднала во река. Кога заплакал се појавил Бог и го прашал зошто плаче. Тој одговорил дека секирата му паднала во водата и оти му е потребна зашто со неа заработува за живот. Бог слегол во реката и по еден миг се појавил со златна секира:

-Дали е ова твојата секира?

Дрвосечачот одговорил: „Не“.

Бог повторно слегол, па по еден миг се појавил со сребена секира:

-Дали е ова твојата секира?

Дрвосечачот одговорил: „Не“.

Бог повторно слегол, па по еден миг се појавил со железна секира:

-Дали е ова твојата секира?

Дрвосечачот одговорил: „Да“.

Бог бил одушевен од човековата чесност и му ги дал сите три секири. Дрвосечачот сиот среќен отишол дома.

По некое време дрвосечачот се шетал со својата жена низ брегот и наеднаш таа паднала во река. Тој заплакал, а Бог повторно се појавил и го прашал зошто плаче.

Прочитај и за ... >>  Руски 90-годишници

-Ох, Боже, жена ми падна во реката!

Бог слегол во неа, па по еден миг се појавил со Џенифер Лопез.

-Дали е ова твојата жена?

-Да!,- одговорил дрвосечачот.

Бог се налутил:

-Излажа! Тоа не е точно!

Дрвосечачот одговорил:

-Ох, прости ми, Боже. Во прашање е недоразбирање. Ако кажев дека Џенифер Лопез не е мојата жена, ти би се појавил со Кетрин Зета-Џонс. Потоа јас би рекол дека ни таа не е мојата жена, па ти би се појавил со мојата. И кога јас би рекол дека е тоа мојата жена, ти би рекол дека ми ги даваш сите три. Боже, јас сум сиромав и не би можел да се грижам за сите три сопруги, па поради тоа реков дека моја сопруга е Џенифер Лопез.

Поука:
Кога лажат мажите, тие лажат поради добра и чесна причина, а и за благосостојба на сите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here