Потребно време за читање: < 1 минута

Заклучени секакви катанци, френк-килити, букагии, синџири, заклучени и секакви врати, се отклучуале со од еж трева, со малку задржуање со ежоата трева на катанецо али на друго нешто, и веднаш ќе се отворела. Арно ама кој можел да најдит ежоа трева, ашколсун ќе му се речело.

Полцина луѓе има што веруат оти има ежоа трева, и никој досега не веруам да нашол од неа. На мнозина кираџии му се отклучиле букагиите од коњите, што му паселе по ливаѓето и по чаирите. Од тоа отклучуање на букагиите веруаат кираџиите и друзи оти имало ежоа трева и се задрнале букагиите, та се отвориле, арно ама кој можи да ја најдит? Мнозина луѓе мукает се сториле за да ја најдат ежоата трева со збирање од сите турлии трева и буцкале во клучеи и ‘и влечкале по секакви тревје, за некако да се погоди ежоата трева и да се отворат клучеите, а пак не нашле.

Прочитај и за ... >>  Здравици

Едни мислат оти можело да се најди ежоа трева, ама да можиш да најдиш ежиња мали и да ‘и заградиш со едно ѕитче од камчиња и да вардиш коа ќе дојди мајка му. Штом ќе види таа оти ежињата је се затворени, ќе појдела и ќе најдела од ежоата трева и ќе го буцнела ѕидот, и веднаш ќе се урнел, и земи си ја тревата ежоа, отворај си катанци и френк-килити (ама ако сакаш да бидиш арамија).

(Запишал: Марко К. Цепенков)