Потребно време за читање: 2 минути

Човек без фантазија не е ниту дел од стварноста, зашто неа само ја прифаќа, но не ја доградува, надградува, досоздава и пресоздава.

Фантазијата е творечко мислење, вруток на креативноста воопшто, најнапред на уметничката, научната и техничката. Со неа се браниме од грубоста, суровоста, залудноста? Да, ама многу повеќе ја браниме љубовта, нежноста, добрината, искреноста.

Рекле мудри луѓе за фантазијата:

Она што го измислуваш, нека е во согласност со самото себе, за да не се најдеш во судир со самиот себе.
Квинтиј Флациј Хорациј

Ако сте соѕидале кули во воздухот, вашата работа не е залудна доколку дополнително им подигнете солидни темели.
Анонимус

Повеќе сакам да сум фантазер помеѓу најниски со визии на остварување, отколку бог помеѓу оние без соништа и желби.
Калил Џибран

Фантазијата е она според што човекот се разликува од животното.
Јакуб Арбес

Нашите први зафати се сосема инстинктивни и произлегуваат од живата и недисциплинирана фантазија.
Никола Тесла

Фантазијата е поважна од знаењето.
Алберт Ајнштајн

Човекот со фантазија, а без знаење, има крилја без нозе.
Жозеф Жубер

Кои своите соништа сака да ги оствари, не смее многу да фантазира.
Јогини

Нема ништо полошо од фантазија без вкус.
Јохан Волфганг Гете

Гаталецот може да отиде на Месечината, но на враќање не може да донесе вреќа со драгоцени камења.
Kaрлос Кастанеда

Метафизиката е добра ако го подобрува секојдневниот живот.
Роберт Мејнард Пирсиг

Еден реален свет е сосема доволен.
Џорџ Сантајана

Радо играме и фантазираме, затоа што се тоа активности во кои сме господари на ситуацијата: просторот на играта и просторот на мислите се две полиња на нашата слобода.
Еуген Мориц Фридрих Розенсток-Хјуси

Прочитај и за ... >>  Мудроста на Лао Це

Најмногу облици има апстракцијата.
Џонс Томи Ли

Колку човек има побогата фантазија, толку во стварноста се чувствува посиромашен.
Џонс Томи Ли

Кога за нешто фантазираш, помисли што ќе биде ако тоа навистина се случи.
„Литературнаја газета“

Ништо на светот не не прави толку среќни како фантазирањето.
Огист Роден

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here