Потребно време за читање: 2 минути

Абориџините се пражители на Австралија, а називот опфаќа повеќе стотици домородни племиња. Континентот го населиле уште пред најмалку 30.000 години, според некои во времето на последното ледено доба. Научници пронашле камено орудие и цртежи на карпи стари најмалку 45.000 години.

Коренот на зборот е латински-ab origine што значи „од почеток“ (да се престојува на едно место од памтивек).

Денес околу 50.000 авастралиски државјани, или 0.25% од вкупното население, зборуваат на некој од абориџинските јазици како мајчин, а најраспространети се западниот пустински (7.400) и „аррернте“ (5.500).

Абориџините се занимаваат со лов и собирање. Копјето и бумерангот се нивно главно оружје. Крајбрежните доморотци собирале школки и ракови. Оние во пустините фаќале животни, птици и разни рептили. Собирањето билки и семиња исто така било значајно. Со мелење на некое семе произведувале брашно.

Храната ја подготвувале над отворен оган.

Нивните логори се состоеле од 6 о 20 лица, а ги имало дури 400. Нивните колиби од дрво се познати под името гунјах (gunyah). Количеството храна несомнено влијаело на големината на логорот.

Прочитај и за ... >>  Како против дебелината

Денес многумина Абориџини живеат во големите градови или на рабовите на местата во внатрешноста на Австралија. Името со кое тие сакаат да ги нарекуваат се Курии. И колективно и индивидуално се трудат да го зачуваат својот национален идентитет.

Во 2008. година Австралија се извинила за сите зла што им се сторени во минатото. Одделни свети места им се вратени на користење и повторно се нарекуваат со абориџински имиња.

Податоците од целиот свет покажуваат дека секаде кај што староседелците го прифатиле тн. западен начин на исхрана мошне се зголемил бројот на заболените од шеќерна и други болести поврзани со исхраната.

Интересен е податокот дека во некои краишта на Австралија секој трет Абориџин постар од 35 години има дијабетес.

Едно нивно искуство во употребата на храната како лек-за лечење на некои современи болести, како што се на пример дебелеењето, шеќерната болест и др.

Во еден експеримент што траел 7 години 10-мина Абориџини заболени од дијабетес и претерано дебелеење се хранеле со речна риба и месо од кенгур. Со диетата им се намалила тежината и количеството на шеќер во крвта, па на тој начин им се намалиле и главните фактори на ризик за добивање на срцеви болести.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here