Потребно време за читање: 4 минути

Во линеарниот концепт на времето иднината се дефинира како дел од временската линија што допрва треба да се случи, односно место во простор-време каде што се наоѓаат сите настани кои сѐ уште не се случиле.

Човекот често сака прогноза на настаните кои ќе се случат, а во тоа најмногу припомага фантазијата. Логичкото резонирање, пак, дозволува да се предвидат неизбежните последици на акции и ситуации, што значи дека и тоа ни дава корисни информации за идните настани.

Не мал дел од физичката наука може да се протолкува како обид да се направат квантитативни и објективни предвидувања поврзани со настани.

Треба да се наспомне и дека иднината е битна тема за религиите кои често нудат пророкувања за животот по смртта, како и за крајот на светот.

Што откриле, предвиделе, прогнозирале најновите истражувања?

Најнапред за самото предвидување:

Истражувачи развиле компјутерска програма која може со помош на наслови од стари весници да предвиди идни настани-епидемии, немири и суши!

Како што објави Би-Би-Си, во изработката на прототипот на програмата биле користени архивски материјали на „Њујорк тајмс“ и податоци од други страници на Интернет, вклучувајќи ја и „Википедија“. Се концентрирале на предвидување на немири и појави на болести, па оцениле дека нивната точност била помеѓу 70% и 90%. Програмата настанала во соработка со Microsoft Research и институтот за технологии Technion-Israel.

Во својата студија, научниците Ерик Хорвиц, директор на Microsoft Research, и Кира Радинсик, студент на Technion-Israel, велат дека со помош на комбинација на стари извештаи во весници и стварни податоци успеале да утврдат врска помеѓу суши и бури во некои делови на Азија со појавата на колера.

Прочитај и за ... >>  Човекот на Европа

На пример, „Њујорк тајмс“ во 1973. објавил вест за суша во Бангладеш, а во 1974. известил за избивање на епидемија на колера. По веста за уште една суша во истата земја во 1983. година, во весникот една година подоцна повторно е објавена вест за мртви од колера.

„Предупредувањата за идните ризици од колера можеле да бидат објавени речиси една година подоцна“, напишале Хорвиц и Радинсик.

Иако на тоа подрачје се веќе правени истражувања, тие главно биле ретроспективни, односно барале настан кој довел до појава на болеста, наместо тие податоци да ги користат за да се обидат да предвидат идна појава, потенцирале двајцата научници.

Според студијата, програмата би можела да се користи и за предвидување на веројатност на други прогнози.

Еве некои реални предвидувања на поблиската и подалечна иднина на човековата цивилизација:

Напредокот на технологијата ќе овозможи користење на кинетичката енергија што ја создаваме додека одиме, трчаме, возиме велосипед, па дури и кога пуштаме вода низ цевки. Енергијата ќе се користи за полнење на мобилни или осветлување.

Несаканата пошта ќе стане толку персонализирана што ќе ни се чини дека спамот веќе го нема.

Шифри ќе нема, а ќе ги заменат биометриката, односно препознавањето на цртите на лицето и гласот, скенирањето на мрежницата и ДНК…

Веќе сега може да се создаваат слики со читање на мисли.

Дури и сиромашните ќе можат да ги користат Интернет и сето знаење на овој свет.

Колку се реални предвидувањата за следните две-три децении? Се, особено кога станува збор за глобалните трендови.

Прочитај и за ... >>  Науката за литература

На пример, Американскиот национален известувачки совет (NIC) објави извештај под назив „Глобални трендови 2030: Алтернативни светови“. Станува збор за предвидувања и проценки на она што нѐ чека од аголот на известувачките-разузнавачките служби.

„Во критички момент сме во историјата на човештвото, што би можело да доведе до големи контрасти во иднината“, напишал Кристофер Којм, претседател на NIC во извештајот.

Се наведува дека во 2030. година Кина ќе биде најголем стопански џин на светот, како и Индија, а ќе зајакнат уште некои земји во Азија. Кога се во прашање САД, ним не им се пишува најдобро. До 2030. се очекува нивното стопанско, но и политичкото влијание значително да ослаби.

Центарот на глобалната моќ би можел од запад да се префрли на исток, а тука ќе доминира блок од 12 азиски земји кои ќе ги предводат Кина и Индија. Се предвидува и Турција да стане голема економска сила и да го прошири своето влијание во светот.

За тоа како ќе живееме во 2030. едно сценарио вели дека поголемиот дел од населението ќе живее во градовите со прилично добар живот, а друго дека ќе владее голем недостиг на храна и вода и оти токму поради тоа ќе избиваат судири во Африка, но и на Блискиот исток.

Се очекува до 2030. година американскиот, европскиот и јапонскиот удел во приходите на светско ниво да паднат под 50%.

„Очните мрежници, односно операциите врз нив би можеле во иднина да овозможат ноќен вид, а функциите на мозокот би можеле да се подобрат така што луѓето би имале речиси совршена меморија и брзина на мислите. Функцијата и брзината на работата на мозокот би можеле драстично, надчовечки да се подобрат, па тој ќе ги користи и оние функции кои досега не биле достапни и не ѝ биле познати на медицината“, се вели меѓу другото во извештајот.

Прочитај и за ... >>  Jапонски јазик

А што се однесува на песимистичките прогнози, „најпрецизни“ се оние на ЦИА! Според предвидувањата на американската разузнавачка агенција, светот до 2030. нема да биде баш убаво место за живот. Всушност, можете да избирате помеѓу доста лошо и многу полошо.

Имено, ЦИА направи 3 можни сценарија за развојот на глобалната ситуација. Главната идеја е дека техничката револузија ќе ги промени меѓународните односи, дека генетски модифицираната храна глобално ќе се прошири, како и други напредни технологии. Затоа моќта од западните земји ќе се пресели на исток во следните неколку години. Сценаријата ги нарекува предамерикански свет, соработка и дезинтеграција.

Најверојатно е третото сценарио според кое главните центри на моќ ќе се преселат во Азија. Тоа ќе ги придружува светска нестабилност и маргинализирање на меѓународните организации. Можеби тогаш се можни дури и големи судири.

Предамериканското сценарио значи дека светот повторно ќе биде во нестабилна фаза како пред американската доминација која владее со светот од Втората светска војна. САД тогаш ќе немаат способност за влијание на меѓународната сцена.

Соработка е најдоброто сценарио, вели ЦИА. Тогаш со светот ќе владеат Кина и Америка, што ќе придонесе за златно доба на нашата цивилизација.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here