Потребно време за читање: 2 минути

Тоа е еден од оние зборови со кои големите компании се расфрлаат во своите рекламни кампањи, а значи нешто ново. Тоа, пак, се однесува единствено на порастот, а пораст најнапред значи поголема цена на акциите.

Во светот на бизнисот, посебно на менаџментот, е познато дека гигантите, како што се „IBM“ или „Volkswagen“, плаќаат 30.000 до 40.000 долари за дводневни курсеви по иновативност.

Рован Гибсон, автор на книгата „Сржта на иновацијата-Нацрт на преобразба на компанијата со помош на иновативноста“, потенцира дека иновацијата не е само привилегија на големите играчи. Не значи дека само затоа што малите фирми немаат милиони долари за истражување и развој не мораат да бидат иновативни. Напротив, мораат да бидат дури покреативни во секој аспект на работењето, што се разбира дека воопшто не е лесно.

Основно во однос на иновативноста е: да се размислува однапред.

Малите фирми често се зафатени со она што е тренд во моментот, па на нивните менаџери или менаџерски тимови им е тешко да размислуваат за идните чекори, кои, напротив, се исклучително важни.

Прочитај и за ... >>  7 смртни женски гревови на секоја врска

Конкретна „менаџерска“ препорака:

Закажете состанок на кој ќе се расправа за иновативноста, па дури и ако е потребно да се доаѓа во текот на викендот на работа, и наградете ги вложениот труд и креативноста, било со натамошно учествување во проектот, било со зголемување на платата или со слободни денови.

Во однос на внатрешната организација на фирмата, се смета дека следниот чекор кон зголемување на иновативноста е уривање на ѕидовите, и тоа буквално.

Имено, работата во мрачни и тесни канцеларии ја уништува креативноста зашто се додека вработените не разговараат меѓусебно тешко е да се постигне колективен know-how, вели Петер Скарзински, соработник на книгата на Гибсон, кој предлага фирмите да се организираат по тимови во кои би работеле вработени во различни оддели и искуства.

Повеќето фирми имаат јасна визија за она што сакаат да го работат, но не и за она што го знаат или го поседуваат.

Иновативноста произлегува од тие јасно дефинирани и драгоцени извори, што значи дека треба да се размислува широко во аплицирањето на моментните способности за да се „фатат“ новите можности.

Прочитај и за ... >>  Меѓуполова загрозеност

Мора да биде јасно дека иновативноста не е еднократен разговор, туку е постојана потрага по нешто ново и досега невидено.

За жал, кај нас најчесто токму таквите-креативните, иновативните луѓе, без оглед на кое место се односно која функција вршат во рамките на фирмата-компанијата, се или тргнати настрана-маргинализирани, дестимулирани (не само со ниска плата), или се незаштитени од агресивноста, од бизнисменскиот примитивизам („не паднал од небо за да биде над мене“) поради лична загроза. Па само на прв поглед се чини дека ги нема во нив, дека недостасуваат, и…„Тоа е тоа“ (менаџерски израз за рамнодушност и неспособност).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here