инвенција имагинација invencija imaginacija
Потребно време за читање: 2 минути

Инвенцијата поимно означува способност да се откријат нови аспекти и односи на предметите, појавите, поимите, односно врз основа на познати елементи да се создадат нови целини (синтези).

Имагинацијата, пак, е најчесто синоним за фантазијата и способноста за сликовито претставување, исто како кога се говори за „писател со силна имагинација“.

Инвенцијата е способност различно развиена кај поединци, а доаѓа до израз во науката и уметноста: во концепирањето на новите теории, хипотези, состави, во откривањето на порано невоочени закони и правилности во разни подрачја на физичката, психичката и општествената стварност, во конструирањето и изнаоѓањето на нови механизми, уреди, постапки, во реализацијата на оригинални уметнички дела и сл.

Психолошките истражувања ја покажале тесната поврзаност на инвенцијата со развиеноста на имагинацијата и општата интелигенција. Во психолошката практика постојат посебни тестови со кои се испитува инвенцијата.

Зборот инвенција е често синоним за откритие, пронајдок, изум и сл.

Во филозофијата позицијата на имагинацијата традиционално се замислува помеѓу сетилното и интелектуалното сознание. Хусерловата феноменолошка анализа, која за секој чин на мислата смета дека е насочен кон објект надвор од свеста, напротив ја поставува имагинацијата како насочување кон некоја содржина иманентна на самата свест. Поради тоа, таквата содржина (на пр. Кентаур) не мора да колреспондира со некој трансцедентен објект, но оттаму во креативната (уметничката) имагинација опстојува специфична синтеза на рационалното и сетилното предочување.

Прочитај и за ... >>  Разлики помеѓу мажите и жените

Со инвенцијата и имагинацијата најнепосредно е поврзано експериментирањето, и квантитативно и квалитативно. Тоа е поттикнато токму од нив и постојано ја предизвикува творечката енергија. Дури може да се рече дека нема напредок во која било област, во која било сфера на живеење и работење, доколку не се експериментира.

На пример, радио или телевизиски експериментот. Тој кај нас засега воопшто не е, или е сосема малку присутен како составен сегмент на една радио или телевизиска програма, а што е одраз на утврдени стандарди, стереотипи без обид да се надминат, да се надградуваат поостојано. Тој- експериментот секако дека бара и технички и организациони предуслови, но пред се бара поттик, стимулација на творечкиот ангажман.

Примерот ќе го поврзам со поетското творештво: можна ли е радио- аудио или телевизиска- видео поезија? Не поезија на радио или на телевизија (презентација на поезијата), туку можеби сосема нов поетски дискурс, нова димензија на поезијата? Зошто да не- експериментирајќи, овозможувајќи им показ и доказ на инвенцијата и имагинацијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here