Потребно време за читање: 4 минути

Се смета дека повеќе од 99% видови кои кога било живееле на Земјата веќе изумреле. Причините се различни: евлоуирале во друг вид, некои се изгубиле во интерспециската компетиција (ја изгубиле „битката за преживување“ од друг вид), а некои поради деградација на живеалиштата кои човекот ги изменил драматично со своите различни активности.

Секој ден луѓето ширум светот трошат огромни количества природни ресурси поради што се загрозени една третина од сите животински и растителни видови. Дневно изумираат околу 130 видови.

Кон крајот на 2010. година во јапонскиот град Нагоја се одржа 10-та Конференција на ОН на тема заштита на видовите, а на која учествуваа околу 8.000 претставници од 193 земји. Беше констатирано дека поставените цели не се достигнати, од кои „најопштата“-да се запре губењето и изумирањето на биолошката разновидност. Следствено, реални се сомнежите дека и усогласените 20 нови стратешки цели до 2020. ќе имаат поинаква судбина. Исчезнуваат шуми, прсушуваат реки, а животниот простор за околу 7 милијарди луѓе, колку што сега живеат на Земјата, од ден на ден се намалува драматично. Од друга страна, просторот во кој до неодамна живееле животни и растеле растенија се стеснува со уште поголема брзина.

Според стручњаците, не е најголем проблем изумирањето на одделни видови, туку фактот дека исчезнуваат севкупни еколошки системи. Биолозите нагласуваат дека решението не е веќе во едноставното надоместување во вид на природно заштитени подрачја. Тоа е важно, но се нужни други, поголеми мерки: реформи на земјоделството, промени во политиката на рибарството итн. Всушност, првенствено политички прашања кои како такви мора и да се решаваат.

Инаку, една од бројните причини кои се нотирани во палеонтологијата, а кои доведуваат до изумирање на видовите, е компетицијата. Имено, организмите со големи димензии на телото, подолг живот, висок интензитет на метаболизмот, обично бараат повеќе ресурси и нивната појава може да доведе до поместување на филогенетски постарите групи на организми на други живеалишта кои се посиромашни со храна или дури до нивно изумирање.

Прочитај и за ... >>  Дневната светлина и здравјето

Се наведуваат брахиоподите, кои имаат 10 пати понизок метаболизам од школките, а ги населуваат студените води или оние живеалишта до кои допира малку светлина. Истата судбина ја претрпеле и ектодермните водоземци и влекачите од страна на ендотермните птици и цицачи. Овие филогенетски стари групи денес живеаат и се најуспешни во пустините, на островите и други места сиромашни со храна.

Исто така, предаторството доведува до изумирање на видовите. Нивната имиграција во одредени живеалишта може да доведе до изумирање на различни видови на плен. На пример, спојувањето на американските континенти овозможило инвазија на плацентните карнивори во Јужна Америка, а што довело до измуирање на некои видови на хербивори.

Се проценува дека барем 9 видови шумски птици исчезнале од пацифичкиот остров Гуама кога на него случајно стасала во 1950. година змијата Boiga irregularis.
Стотици видови на риби од езерата во источна Африка изумреле по човековото (намерно) воведување во нив на големиот предатор на риби Lates niloticus. Се смета дека ловот на современите луѓе, во последните 400.000 години на различни места на светот претставувал основна причина за изумирање на околу 2/3 крупни цицачи. Се проценува дека околу 31% од птиците и околу 34% од цицачите се загрозени од претераниот риболов.

Изумирањето на некој „клучен“ таксон во одредени синџири на исхрана доведува до изумирање на други членови на тој синџир и помеѓу биолозите е познато како „истовремено изумирање“. На пример, речиси е сосема сигурно дека изумрениот џиновски орел од Нов Зеланд се хранел исто така со џиновски птици, моами, кои со лов ги истребиле луѓето.

Прочитај и за ... >>  Труењето на домашните миленици со храна

„Псевдоизумирањето“ претставува процес на еволуирање на еден вид во друг, па палеобиолошките анализи укажуваат на „изумирање“ на предочки таксон. На пример, големиот изумрен кенгур Macropus titan во Австралија, кој живеел пред 1,8 милиони години, најверојатно е директен предок на значително поситниот и денес пожив Macropus giganteus.

Промените на климата најчесто се наведуваат како причина за изумирање на вид во текот на еволуцијата на животот на Земјата. Промените, како што се глобалните заладувања и топења (што ги следат промени во салинитетот и растворливост во кислородот во морињата), доведуваат до масовни изумирања на морските организми.
Промените во составот на фауната на крајот од Кенозоикот (пред околу милион години) во Јужна Америка се припишуваат на климатските промени кои ги предизвикало издигнувањето на планискиот венец Анди. Вулканските ерупции можат да доведат до исчезнување на локални популации.

Најголем број од биолозите сметаат дека промените во живеалиштата се најчеста причина за исчезнување на видовите. Бидејќи луѓето со своите различни активности довеле до деградација на живеалиштата на многу видови, се верува дека на тој начин три до четири пати е зголемена стапката на изумирање од онаа што била присутна во минатото.

Палеобиолозите често разликуваат и масовни изумирања- големо намалување на бројот на таксони во мошне кратки временски интервали. Денес се смета дека причина за масовно изумирање на крајот од Креда (пред 65 милиони години) е удар на големо небеско тело во Земјата.

Сѐ додека Луис Алварез и соработниците во 1980. година не изнеле податоци во прилог на оваа хипотеза, таа помеѓу палеобиолозите не е сериозно земана предвид. Во трудот во 1986. тие ги публикуваат резултатите кои покажуваат дека на 75 ралзични места на Земјата се наоѓаат високи концентрации на иридиум (нереактивен елемент кој нормално се наоѓа на Земјата во мали количества, но чија концентрација во метеорите е 10.000 пати поголема) на преминот помеѓу Креда и терциерот.

Прочитај и за ... >>  Тагата

Освен тоа, постојат и други геофизички податоци кои говорат во прилог на можноста од метеорски удар пред 65 милиони години. Алварез ги наведува следните податоци за тој метеор: пречникот најверојатно му бил околу 10 км, во Земјата удрил со брзина од 20 км/ч, веројатно паднал во океан зашто на копно би предизвикал кратер со пречник од 150 км, создал бран на плима кој на почетокот бил висок 5 мкм кој во текот на неколку часа ја обиколил целата Земја, поплавувајќи ги сите пониски предели. Ослободил околу 100 милиони мегатони кинетичка енергија (тоа е за околу 10.000 пати повеќе енергија од онаа што би се ослободила со симултана активација на целиот арсенал на оружје што постои денес).

Остатоци од кратерот, што го предвидел Алварез, се најдени во 1990. година во близина на градот Chicxulub, на полуостровот Јукатан во Мексико. Ваквиот настан довел до ефекти слични на „нуклеарната зима“ кои доведуваат до елиминација на живиот свет. Поточно, довел до зголемување на температурата на океанот за неколку степени, прашина и различни остатоци, кои, пак, довеле до „помрачување“ на Сонцето. Потоа е создаден ефект на „стаклена градина“, а енергијата на огнената топка довела до создавање на големо количество на азотен оксид и појава на тн. „кисели дождови“.

(Користени повеќе текстови на Интернет)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here