Потребно време за читање: 3 минути

Од совети глава не боли? Не само глава, ами не боли ништо здраво во вас, па и на вас за да не може да се…продаде. Потрошувачко општество? Не, туку бизнисменско.

Насловот на прилогов не може да биде попрецизен и за ептен „буквалистичко“ разбирање, па прифаќање: најважно денес е да се продадете добро, ма најдобро што може. Добро, се подразбира дека се мисли на она што го имате или поседувате како квалитет, од знаење до снаоѓање и назад, но се подразбира и дека треба да се подразбирате како стока која има цена само на пазарот.

Кетрин Капута, сопственичка на компанијата за брендирање „SelfBrand“, нуди некои мали тајни и трикови за тоа не како да се продадете што поскапо, туку како да се истакнете за продавањето на она што е дел од вас или е ваш производ да оди полесно. Добро е да ги запомните или да ги запишете. Може да ви помогнат кога ќе се најдете во шанса да се продадете:

Бидете машко

Истражувањата покажуваат дека жените се помалку ефикасни од мажите во истакнувањето на своите карактеристики, главно оти жените помалку зборуваат „на сите ѕвона“ за своите достигнувања, додека мажите не само што се фалат, туку често и претеруваат.

„Гуглајте“ се!

Прочитај и за ... >>  Модерно потрошувачко општество: Купувам, значи постојам

Феноменот на барање на себеси низ Интернет му е сосема туѓо на англискиот менталитет, но е одличен начин да се запознаете со on line претставата за себе. Сосема е нормално да „Гуглате“ некого кого штотуку сте го запомниле, од тоа не треба да се срамите. Купете и регистрирајте не само свој домејн, туку и со имињата на вашите деца. Ќе ви бидат многу благодарни во иднина поради тоа.

Користете Интернет за да ја раскажете својата приказна

Ако започнувате свој блог или некоја работа, креирањето на силна и детална приказна за тоа како сте добиле идеја и сте се впуштиле во тоа е одличен начин да оставите впечаток врз луѓето, за да им се доближите. Анита Родик, основач на компанијата „Бодишоп“, ги користела својата приватност и животната приказна за да го зајакне својот бренд. Бидејќи сме секојдневно бомбардирани со реклами, личната приказна доста би помогнала да се запознаат крајните потрошувачи и да се поврзат со вашата идеја.

Размислете за називот на вашиот бренд

Како прв чекор е пожелно да смислите впечатливо и интересно име. Тоа ви прави разлика помеѓу успехот и пропаста. Оние што се денес успешни имале вродена дарба за одредување и смислување на најинтересни називи кои сигурно им донеле половина успех.

Користете социјални мрежи

Прочитај и за ... >>  Како да се продадете добро?

Приближувањето кон масата во денешно време најлесно ќе го остварите низ on line социјалните мрежи, но морате да избирате и да внимавате тоа да се мрежи кои ќе ви обезбедат дволно влијание и идентитет, освен постојана видливост.

Twitter и Facebook моментно им се омилени станици на оние кои сакаат да бидат забележани или да се рекламираат. Формирањето на мали групи на тие мрежи е исто така одличен начин, зашто имате личен контакт со луѓе кои ги повикувате да се зачленат токму кај вас. Ако користите Twitter, поставувајте само една информација дневно за да не оставите впечаток на опсадено лице, но и безделник.

Направете впечатлив web сајт

Добар, впечатлив и сајт кој е пријатен за око е број еден на листата на вашите приоритети. Добриот сајт вреди илјада брошури, така што вреди да се вложат малку повеќе пари во него. Внимавајте на конкуренцијата, бидете во тек и избирајте бои, слики и пораки кои ќе им се допаднат на луѓето.

Користете ја поддршката на некој познат

Поддршката и потврдата од трето лице сигурно ќе ви го продадат производот, иако тоа не мора да биде никој славен. Ако можете, пак, да најдете некој славен, искористете го тоа максимално.

Ако може да ве поддржи поранешниот шеф или некој со малку моќ, тоа ќе биде поубедливо одошто да се фалите самите себеси.

Прочитај и за ... >>  За banner-от

Дали да „блогувате“ или не?

За да почнете со блог, морате да бидете поинаков и точно да одредите за што би пишувале, зашто е многу битно се за што пишувате да биде „штосно“ и допадливо, како за тоа да зборувате а не да пишувате.

Добрите и читаните блогови можат во некоја крајност да доведат до многу вносни договори за пишување книги, но до таму патот е долг. Немојте да бидете незаситни и да мислите дека веднаш ќе стасате до врвот. Луѓе кои мислат исто има пар милиони, морате да се потрудите сите да ги заслепите.

За да го задржите вниманието и да ги анимирате читателите, морате да пишувате константно, и то за нешто што забавува, што ќе се прекажува, и така вие да добиете сѐ повеќе читатели и внимание.

Од блоговите може да се стане зависен и одзема доста време. Кетрин Капута над својата маса држи знак на долар, за да се потсетува дека работите кои донесуваат пари се сепак приоритет. Ако не сакате да пишувате, блогот не е решение за вас, но може да биде Twitter.

Направете своја приказна во блог и користете ја како потпис на Twitter и Facebook.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here