Потребно време за читање: 2 минути

Каријатидите се женски кипови кои како столбови ја носат конструкцијата на зградата, а со тоа го држат гесимсот-истакнатиот украсен дел од фасадата. Се појавуваат во египетската, индиската и грчката архитектура, па и во македонската.

Атлантите се машки фигури со иста намена, а нивниот назив е поврзан со митолошки приказни.

Каријатидите (буквално: девици од Карија) во класичната архитектура во која доминира мермерот. За првпат се појавиле во пар на три мали градби на Делфи (550-530. пр.н.е.). Според римскиот писател Витрувиј, тие претставувале жени од Карија, град близу до Спарта, во Лаконија, кои биле осудени на тешка работа, за време на опсадата на Персијанците во 480. г. пр.н.е., во текот на нивната втора инвазија на Грција.

Најрепрезентативен пример на каријатиди е тремот на Ерехтеон со шест фигури (420-415.г.пр.н.е.) на Акропол во Атина. Подоцна се директно копирани во Вилата Тиволи, на римскиот цар Хадријан.

Називот на столбовите алтанти доаѓа од името на титанот Атлант (или Атлас), син на титанот Јапет и океанидата Климена. Како негов татко подоцна се спомнува Уран или Етер, а како мајка океанидата Азија или Либија.

Прочитај и за ... >>  Деветте музи се од Македонија (?!)

Поради учество во борбите на титаните против боговите, Зевс го казнил Атланта да го држи небото на глава и на раце или на рамениците, грбот и тилот.

Се верувало дека небото се потпира на столбови, а тие столбови ги држи Атлант, и тоа на крајниот запад каде што се сретнуваат денот и ноќта и каде што се наоѓа градината на боговите. Други велат дека Атлант го држи небото во северна Африка, во Аркадија, во земјата на Хиперборејците, во Беотија, Италија или Фригија.

Еднаш му се дала можност да се ослободи од товарот кога дошол Херакле за на микенскиот крал Еуристеј да му донесе златни јаболка од стеблата кои ги чувале Атласовите ќерки Хеспериди. Атлас се понудил самиот да ги набере јаболката ако Херакле му го придржи небескиот свод. Овој знаел дека јаболките ги чува змејот Ладон кој никогаш не спие, па прифатил. Атлас ги донел и се понудил да ги однесе во Микена, но Херакле ја проѕрел лукавоста и му рекол само за момент да го придржи сводот додека на себе си не си направи подлога од трева за рамето, зашто го боли поради голем притисок. Потоа Херакле ги зел јаболката и заминал, а Атлас товарот морал да го носи до својата смрт, од кој не се ослободил ни по неа.

Прочитај и за ... >>  Херакле и Марко Крале

Во друга приказна се вели дека Херакле му помогнал на Атлас така што ги изградил тн. Хераклови столбови кои го држеле сводот и го ослободиле Атлас.

Постои и мит според кој Атлас не им верувал на странците поради старо пророштво, па не го пуштил во земјата јунакот Персеј, кој пред неговата земја сакал да се врати од островот Горгона на кој го убил чудовиштето Медуза. Притоа Атлас го навредил велејќи му дека е богохулна лага неговата самофалба за убивањето на Медуза. За да му докаже дека не е лажго, Персеј ја извадил отсечената глава на чудовиштето, а Атлас се скаменил кога ја здогледал. Така се претворил во камена планина, а неговата глава се губела во синилото на небото, чиј свод тој мора да го држи до завршувањето на светот.

Со Атлант е непосредно поврзана и приказната за митскиот остров Атлантида.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here