Потребно време за читање: 2 минути

Според што Кинезите во својата долга историја најмногу го бележат владеењето на династиите Минг и Ќинг?

Според големиот процут на кинеската наука и култура и како последна царска династија.

Имено, династијата Минг владеела со Кина од 1368. до 1644. година и е последна со владетели Хан Кинези. Кина ја направила голема воена сила, а се смета дека на почетокот од 15. век таа била најцивилизирана, најбогата, најпросветена и најнапредна држава на светот.

Прочуениот фармацевт Ли Чицен (1518-1593) го напишал делото „Materia Medica”, во кое попишал повеќе од 1.800 видови билки и повеќе од 11.000 рецепти. Оваа книга е преведена на англиски, француски, германски, јапонски, латински и кореански јазик.

Научникот Синг Јингксин (1587-1660) ги сумирал кинеските искуства во земјоделството и индустријата во книгата „Експлоатација на природата” и го опишал степенот на развиеност на технологијата во тоа време.

Во исто време, географот Ксу Хонгцу патувал низ Кина и ги испитувал планините и реките.

Прочитај и за ... >>  Барок

Помеѓу најнапредните мислители во периодот на Минг бил Ли Ци (1527-1602), кој феудалниот морал го подложил на критика и и се спротивставил на дискриминацијата на жените.

Во кинеската литература на тоа време се појавиле повеќе забележителни романи, меѓу кои „Роман за три кралства” и „Пат на запад”. Пу Сонглинг напишал збирка кратки раскази, а Ву Јингци сатира позната под наслов „Ученици”. Меѓу драмите од тој период позначајно место заземаат „Пеонија павилјон” и „Праскин цвет”.

Во 19. и 20. век под силен впечаток на странските освојувања, колонизацијата и безбројните понижувања, Кинезите понекогаш династијата Минг ја идеализирале како златно доба на својата историја.

Династијата Ќинг се нарекува и Манџурска династија и е последна кинеска царска династија. Во 1644. година во Кина избувнал бунт што го искористила манџурската војска на чело со принцот Доргон и го пробила Кинескиот ѕид, го освоила Пекинг и по 18 години воспоставила власт над цела Кина.

Во 19. век авторитетот на царската власт е сериозно разнишан со срамните порази во Опиумските војни, а крвавото Тајпиншко востание однело повеќе животи отколку во Првата светска војна. Династијата Ќинг успеала да се одржи, но под владеењето на Ц’-сји Хи го доживува најсрамниот пораз- со Јапонија (1894-95).

Прочитај и за ... >>  Двор и дворец

Народното незадоволство доживеало кулминација во Боксерското востание во 1900. Во 1911. серија на бунтови против династијата довела до нејзино симнување од престолот, а наредната година (1912.) Кина е прогласена за република. Пу Ји, последниот цар на манџурската династија, владеел од 1931. до 1945. година како цар на државата Манџуко, под јапонска заштита.

 

 

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here