Потребно време за читање: 3 минути

Кога луѓето почнале да пушат?

-Се верува дека луѓето почнале да ги користат лисјата на тутунот за пушење и џвакање многу одамна, некаде околу 1.000 г.пр.н.е.

Тутунот е растение изворно од американскиот континент. Таму расте повеќе од 8.000 години. Како и зошто е првпат употребен за пушење, никој не знае, но се верува дека така првпат го употребиле припадниците на средноамериканската цивилизација на Маите. Од Централна Америка употребата на тутунот постапно се проширила кај сите цивилизации на Северна и Јужна Америка.

Во 1493. година Rodrigo de Jerez стана прв пушач Европеец во историјата. Тој бил член на истражувачкиот екипаж на Christopher Columbo и прв помеѓу нив вовлекол дим од верзија на кубанска цигара на тогашниот Нов свет. Кога се вратил дома згрешил што припалил една таква цигара на јавно место, па поради својата непромисленост од страна на шпанската инквизиција е фрлен в затвор на 3 години. Така еретикот станал и прва жртва на антипушакото лоби.

Прочитај и за ... >>  Барок

Sir John Hawkins (1532-1595) бил прв англиски трговец со робје. Во 1560-тите години повел три експедиции од Африка до Карибите и се смета за прв кој го донел тутунот (како растение) на англиска почва, а Sir Francis Drake (1541-1596) е првиот капетан кој со едра го обиколил светот и веројатно ја запознал Англија со неговата примена.

Постојат уште неколкумина кандидати за местото „запознавач“- Sir Walter Raleigh, како и неговиот внук Richard Grenville.

Првата нарачана бродска пратка на тутун во Англија пристигнува околу 1565. година.

Англискиот крал James I (1566-1625) во 1604. година објавува опширен противоглас за тутунот, „А counterblast to tobacco“, во кој остро го забранува неговото консумирање во лондонските пивници, нарекувајќи го „сотонски изум“. Подоцна, пак, го променил мислењето и ја „национализирал“ англиската индустрија на тутун, па дури и го намалил даноците на истиот.

Речиси во исто време тутунот во Русија е сметан за смртен грев и било со закон забрането да се поседува во која било форма. Вообичаените казни за оние кои би го прекршиле биле расекување на усните или шибање (некогаш и до смрт).

Прочитај и за ... >>  Кинеските династии Минг и Ќинг

Во Турција, Персија и Индија како лек за одвикнување од пушење била пропишана смртна казна.

Во 1600. година плантажно производство на тутун е воспоставено и во Новиот свет. А покрај тоа што тутунот бил забранет и од страна на папата Clement VIII, кој секој што пушел на свети места го казнувал со исфрлање од христијанската заедница, пушењето станувало се попопуларно помеѓу Европјаните.

Првите цигари замотани во ливче хартија, какви што денес познаваме, се направени во 1832. година. Раширено е верувањето дека првите такви цигари ги направиле египетски војници во текот на Турско-египетската војна. Некои други историчари претпоставуваат дека Русите и Турците научиле се за цигарите од Французите, кои, пак, се за пушењето слушнале од Шпанците.

Уште просјаците во Севилја во 17. век правеле „papalette“ во форма на цигари, мотајќи остатоци од фрлени догорчиња на стари цигари во ливчиња.

Во 1856. година е отворена првата индустрија на тутун. Се наоѓала во Walworth, Англија, а нејзин сопственик бил Robert Golag, ветеран на Кримските војни.

Прочитај и за ... >>  Основни сознанија за матријархатот

Веќе во 1858. се јавуваат првите стравувања од можни последици од пушењето.

Во 1900-тите години цигарата по ручек, заедно со чаша „Portо“ или „Brandy“, станала традиција кај европските господа, кои за таа прилика дури облекувале и посебни „пушачки“ јакни и шапки. Цигарите исто така станале вообичаен дел од животот.

Во Првата и Втората светска војна цигарите се енормно популарни помеѓу војниците на боиштата и станаа познати како војнички дим.

Во 1950-тите е докажана поврзаноста на рак на градите и пушењето како предизвикувач. Во 1965. во Велика Британија е забрането рекламирањето на цигари и цигари на телевизијата, а во 1970. исто така и во САД.

Од 1990-тите до денес во светот полека повторно се повеќе се забранува уживањето на тутунски производи на јавни места.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here